ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Апсењето на министерот за здравство Хрватска по барање на европскиот јавен обвинител го изненади и хрватскиот премиер. Мораше да го разреши по итна постапка откако набрзина го свика најтесното партиско раководство (не и Владата!).
Да појасниме – европскиот обвинител е самостоен и има свое седиште во Загреб, бидејќи Хрватска е член на Унијата. Не мора да ги известува локалните моќници а може да ги користи локалните полициски сили во апсењето.
Дали е сега целосно јасно зошто ВМРО ДПМНЕ не сака да влеземе во Унијата за цело време на нејзиното владеење со земјава!?
Е тоа е – нема никакво ораторство за борба со корупцијата и отсуство на правна држава.
Сѐ се решава брзо и без простор за измолкнување.