• Latest

24 ЧАСА: Анѓушев на црната листа на САД; за епидемијата на корупција во Северна Македонија одговорност да побараат граѓаните, порача Агелер; таткото на Вања негира вмешаност во нејзиното убиство

December 5, 2023

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Анѓушев на црната листа на САД; за епидемијата на корупција во Северна Македонија одговорност да побараат граѓаните, порача Агелер; таткото на Вања негира вмешаност во нејзиното убиство

December 5, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Американскиот Стејт Департмент го означи македонскиот бизнисмен и поранешен вицепремиер на Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев, за неподобен за влез во САД. Во соопштението се наведува дека ознаката е поради вмешаност во значителна корупција, односно злоупотреба на службената должност додека беше вицепремиер, во корист на приватни деловни интереси.

Покрај Анѓушев, САД ги означија и членовите на неговото потесно семејство сопругата Елизабета и децата, Ангел и Огнен, како генерално неподобни за влез  во Соединетите држави. Денешната акција ја потврдува посветеноста на САД, дека стојат со оние во Северна Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери, се наведува во соопштението.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Денешното означување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите. Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени.“ се наведува во соопштението од Амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Заклучно со 5 декември 2023 вкупно 512 деца се убиени, а над 1.152 се повредени во Украина од почетокот на руската инвазија, соопштија од Украинското државно обвинителство.

*

Европската комисија добива предупредувања да не се обидува „да го смири“ унгарскиот премиер Виктор Орбан, „одмрзнувајќи“ милијарди евра наменети за Будимпешта, откако тој се закани дека ќе ги блокира плановите на ЕУ за отворање пристапните преговори со Украина и за нова парична помош за Кијив.

КОНФЛИКТИ

Според Министерството за здравство на територијата контролирано од Хамас, во болницата Камал Адван во северниот дел на Газа лежат 108 мртви тела, а некои не се побарани. Израелските трупи напредуваат кон објектот, со силни истрели и експлозии околу неговата близина во последните 24 часа. Новинарот кој се нашол во болницата, Махмуд Ал-Сабах, во вторникот испрати видео на Си-Ен-Ен од околу 30 тела покриени со бели чаршафи во дворот.

*

Со оглед на војната меѓу Израел и Хамас и поларизацијата што таа ја предизвикува во нашето општество, како што се приближува празничната сезона, постои огромен ризик од терористички напади во Европската унија“, нагласи еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОЈО Во обвинителството заврши распитот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во врска со нејзиното убиство за кое тој е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома. Од ОЈО Скопје велат дека во основа тој ги негира дејствијата.

ШПЕКУЛАЦИИ МВР најостро ги демантира шпекулациите кои денеска се проширија по одредени портали, локални телевизиски станици и социјалните мрежи за наводен спречен обид за грабнување на малолетно лице во училишен двор на ОУ „Страшо Пинџур“, во општина Карбинци.

КОП 28  Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, во рамки на COP28, учествуваше на панел дискусијата на високо ниво фокусирана на искуствата на четири земји-членки на ОН за користење на средствата од Заедничкиот фонд за Целите за одржлив развој на ОН со чија помош во овие држави се реализираат програми насочени кон одржливиот развој.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Во Приштина сенароден протест за безбедноста на жените; нема консензус за Заедницата; почина големиот албански уметник Мируш Кабаши.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Многу дезинформации, лажни вести, шпекулации, полувистини, теории на заговор се проширија за исчезнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Покрај дезинформациите, одредени лица се обидоа од оваа трагедија да продуцираат етнички тензии во општеството и да добијат политички поени. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги негираше информациите пласирани во јавноста, првично од сопственикот на порталот Дудинка, Миленко Неделковски, кој доцна синоќа изнесе низа (дез)информации за убиството на малолетното девојче, односно дека полицијата знаела, а не откривала детали за исчезнувањето на Вања, поради Самитот на ОБСЕ, се вели во извештајот на ЦИВИЛ Мониторинг тимот „Лавина дезинформации и обиди за политичка злоупотреба на случајот со монструозното убиство на 14-годишното девојче“

Подготви: Б. Јордановска

Tags: Анџела АгелерДневникКочо АнѓушевМВРОЈОцрна листа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ