• Latest

24 ЧАСА: ЕУ интеграцијата во фокусот на посетата на МНР на Романија, Луминица Одобеску; датумот за избори не треба да се политизира; ЦИВИЛ и Чаир заеднички за подобра иднина

November 15, 2023
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ЕУ интеграцијата во фокусот на посетата на МНР на Романија, Луминица Одобеску; датумот за избори не треба да се политизира; ЦИВИЛ и Чаир заеднички за подобра иднина

November 15, 2023 16:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Шефицата на дипломатијата на Романија Луминица Одобеску денеска престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Романија била и е поддржувач на пристапувањето на Северна Македонија кон ЕУ.  Со оглед на стратешката важност на европската интеграција за иднината на вашата земја, Романија верува дека само преку заедничка заложба и силен национален консензус за потребните реформи, Северна Македонија што поскоро ќе ги донесе потребните одлуки и ќе го забрза патот кон ЕУ, изјави министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„По однос на изборите реков, ова не е прашање што кој било треба да го наметне на друг. Ако има едно прашање на кое што сите треба да бидат задоволни тоа се изборите. Бидејќи изборите бараат рамен терен за натпревар. Не може да фаворизирате која било страна. Затоа кај нас има т.н. Пржинска влада во која што влегува опозицијата со двајца министри, тројца заменици-министри, поднесува оставка актуелниот премиер за да се овозможи рамен терен за избори. И датум за избори мислам дека е дел од тој рамен терен. Ние ќе се обидеме неоптоварени да аргументираме која варијанта е подобра. Јас реков и вчера ако зборувам како ДУИ внатрешните анкети ни покажуваат дека во која било варијанта ние сме убедливи победници во албанскиот политички блок, така што тоа нема да ни влијае нам како партија“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба во објава на Икс наведе седум примери како Русија ги прекршила меѓународните договори постигнати како резултат на преговорите во претходните 30 години

*

Командантите на руската армија, најверојатно, ги казнуваат злоупотребувачите на дрога и алкохол, испраќајќи ги во јуришните одреди „Сторм-З“, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во ажурираните податови од разузнавањето на социјалната платформа Икс.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДЛУКА За сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на Град Скопје, 30 ноември (четврток) ќе биде неработен ден поради одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ. Работното време на 29 ноември 2023 (среда), пак, ќе заврши во 12 часот. Одлуката ја донесе Владата денеска на седница, на предлог на Министерството за надворешни работи.

СООБРАЌАЈ Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска го потпиша договорот за имплементација на Системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје, информираат од Министерството за транспорт и врски.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ во соработка со Општина Чаир организира мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“, утре, со почеток во 12 часот, во Општината.

Како завршна фаза од повеќе активности спроведени во неколку општини, вклучително и Општина Чаир, на настанот ќе се доделат награди на ученици и ученички од 8 училишта во Чаир, за нивните ликовни творби што беа дел од конкурсот на тема мултикултурализам, еднаквост и недискриминација. Присутните ќе имаат можност и да ја видат изложбата од сите цртежи со кои учествуваа на конкурсот за ликовни творби повеќе од 25 ученички и ученици.

ИНТЕРВЈУ

Талат Џафери, Претседател на Собранието на РСМ: Апелирам, сите да рефлектираат за потребата и интересот на државата и на граѓаните

КОНФЛИКТИ

Израелската војска рано утринава соопшти дека нејзините војници ја напаѓаат болницата Ал-Шифа во Газа, комплекс згради каде што илјадници луѓе се засолниле, а условите за пациентите стануваат сè помрачни како што залихите се намалуваат. Борбите се водат во близина со денови, а болницата беше погодена најмалку четири пати во текот на викендот.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Министерката за одбрана Славјанка Петровска е повторно мета на говор на омраза и навреди на социјалните мрежи. Нова серија од крајно навредливи, недолични, дегутантни и мизогини коментари „изникна“ на социјалните мрежи по фото и видеомонтажата во која се гледа како наводно претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, танцува со министерката за одбрана Петровска, по повод 32 години постоење на младината на социјалдемократите. Додека пак на фотомонтажата и залепиле емотикон „Барби“, се вели во извештајонт на Минторинг тимот на ЦИВИЛ „Лажно фото и монтирано видео предизвика говор на омраза кон министерката Петровска“

Подготви: Б. Јордановска

 

Tags: ДневникизбориинтеграцииМНРСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ