• Latest

24 ЧАСА: Формирана Експертска мрежа на ОБСЕ за соработка и безбедност; интеграцијата во ЕУ мора да биде и економска, порача Ковачевски; ЦИВИЛ на средба со Талат Џафери

November 13, 2023

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Формирана Експертска мрежа на ОБСЕ за соработка и безбедност; интеграцијата во ЕУ мора да биде и економска, порача Ковачевски; ЦИВИЛ на средба со Талат Џафери

November 13, 2023 17:03
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Состанок на Експертската мрежа на ОБСЕ во Скопје

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска денеска го отвори состанокот на Експертската мрежа на ОБСЕ – Стратегиско предвидување во променлива средина: Перспективи за соработка и безбедност во Европа – Градење на експертска мрежа на ОБСЕ што се одржува во Скопје.

Формирањето на Експертската мрежа на ОБСЕ претставува уште една одредница постигната во рамки на Претседавањето на Северна Макеоднија со ОБСЕ во 2023 година. Оваа мрежа има за цел да ги истражи бројните динамични трендови на соработка во областа на безбедноста во Европа и клучната улога што ја имаат организациите како ОБСЕ и тинк-тенковите во обликувањето на политиките во овој критичен домен

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„По оваа нова геостратешка динамика што ја имаме во Европа, клучниот збор е интеграцијата, не само во ЕУ туку и во НАТО. Затоа интеграцијата мора да се случува во политичкиот дел, но и во економскиот дел. И затоа ние цврсто го поддржавме и го побаравме Планот за раст на Западен Балкан од претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, бидејќи тој се потпира и лежи врз придобивките на интергарцијата. Една работа е сигурна. По оваа нова геостратешка динамика што ја имаме во Европа, клучниот збор е интеграцијата, не само во ЕУ туку и во НАТО, затоа што веројатно две од најразвиените земји во Европа, Шведска и Финска, сега сакаат да се приклучат на НАТО. Една од нив е веќе членка а една е во процес на ратификација. Истото важи и за ЕУ“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на панел- сесијата „Градење економска соработка во тешки времиња“, во рамки на 20-от Виенски економски форум.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Шефот на германското Министерство за одбрана, Борис Писториус, ја потврди намерата на германската влада да ја удвои одбранбената помош за Украина во текот на следната година. Писториус  истакна дека таквата одлука не е поврзана ниту со фактот што вооружените сили на Украина се принудени да преминат на одбрана поради недостаток на ресурси, ниту со фактот дека САД ги намалуваат пакетите за помош.

КОНФЛИКТИ

Предвремено родените бебиња во најголемата болница во Газа се завиткуваат во фолија и се ставаат покрај топла вода во очајнички обид да се одржат во живот, предупреди директорот на болницата, додека израелската огнена моќ продолжува да ги удира околните улици и преостанатите резерви на гориво се сушат, оставајќи го објектот неспособен да функционира.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СОБРАНИЕ Пратеници од партиите Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива кои се дел од коалицијата Европскиот сојуз за промени од денеска ќе делуваат во една пратеничка група, чиј координатор ќе биде пратеничката Сафије Садики Шаини.

БРИСЕЛ Темата на Состанокот ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи попладнево во Брисел со кој ќе претседава високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел, а на кој се поканети министрите за надворешни работи од регионот е поврзана со случувањата на Блискиот Исток и во Украина.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Скопје одбележува 79 години од Денот на ослободувањето

АЛ -ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Евакуирани првите албански државјани од Газа; продолжува мега-акцијата „Темпули“; на затворено рочиште ќе сведочи 36-от сведок против поранешните водачи на УЧК; Зошто Србија затвораше албански училишта, но не и медреси?

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Средба на ЦИВИЛ со Претседателот на Собранието, Џафери: Одлуките мора да се носат за добробитта на граѓаните, а не врз основа на емоции; важен е придонесот на ЦИВИЛ во јакнењето на демократијата

Претставници на ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска се сретнаа со Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на која разменија информации и ставови за клучни прашања поврзани со актуелните состојби и процеси во земјата и пошироко. Меѓу другото, претставниците на ЦИВИЛ го информираа Претседателот на Собранието за улогата и поддршката на организацијата во иницијативите поврзани со Украина, вклучително и прашањето на Гладоморот, како геноцид против украинскиот народ. Понатаму, на средбата со Џафери стана збор и за војната на Блискиот Исток и цивилните жртви предизвикани од терористичкиот напад на Хамас во Израел и израелскиот воен одговор и страдањата на цивилите во Појасот Газа.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Една од главните забелешка во Извештајот на Европската комисија за напредок на Северна Македонија во 2023 година се однесува на заканите од дезинформаци, хибридните напади и странско влијание во македонскиот медиумски простор. Комисијата констатира дека сегашните мерки за борба против дезинформации не се многу ефикасни. и треба да се подобри разбирањето на јавноста за ризиците од дезинформации, како и вештините за медиумска писменост во општеството“, пишува Драган Мишев во „Дезинформациите и манипулациите во македонските медиуми не стивнуваат, на мета безбедноста на граѓаните“

СЛОБОДНА ЗОНА

„Судијката што преку случајот ИРЛ го осуди новинарството всушност го осуди и судот, а судот ја поништи правдата и тоа е тој затворен македонски транзициски криминоген круг во кој царува моќтта на корупцијата чии зависници се и државата и општеството и која, кажано во оваа една реченица, ги иссели умните, ги запусти сегашноста и иднината и за која лек ниту се наѕира зашто просторот на правдата е окупиран од типки и типови кои, без интеграции, наместо на неправдата и натаму ќе продолжат комотно и без трунка скрупули да и’ судат и да и’ пресудуваат на правдата!!“, вели Зоран Иванов ПО ДОПРЕН ГЛАС.

Б. Јордановска

Tags: ДневникЕУОБСЕСобраниеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ