• Latest

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

„Гасни комори“ и смрт за Албанците – повици на етничка омраза и национализам на спортски натревар, надлежните со задоцнета реакција 

Кумановската полиција презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот во врска со кошаркарскиот натпревар кој се одржа на 2 август во спортската сала. Од полицијата информираат дека се повикани лица со кои бил извршен службен разговор, а во координација со обвинителството ќе бидат преземани конкретни чекори. Општина Куманово и Македонската федерација го осудија говорот на омраза кој ечеше од трибините во време на кошаркарскиот натпревар меѓу Северна Македонија и Романија во втората рунда на европските претквалификации за Светското првенство во кошарка 2027. На трибините беа присутни премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, кумановскиот градоналачник Максим Димитриевски. и други високи државни претставници. Задоцнетите реакции пристигнаа откако по социјалните мрежи се проширија видеа од скандирањето, а јавноста во голема мера го осуди таквиот говор на омраза.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како граѓанска организација за човекови права и слободи и Редакцијата при медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА, им ги постави прашањата зошто не реагирале, што ќе преземат во врска со екстремниот говор на омраза врз етничка основа и повиците за геноцид, како на спортските трибини, така и во поширок општествен контекст? Министерот Тошковски доби дополнително прашање зошто веднаш не побара полициска интервенција за да се спречи етничката омраза. Одговор ЦИВИЛ не доби ниту од еден. 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Вчера во Куманово, на кошаркарски натпревар, во присуство на премиерот Мицковски, претставници на ВЛЕН, министерот за внатрешни работи Тошковски и други функционери, ние, Албанците, бевме проколнати за нашата мајка, семејство, потекло, племе и семе во хор од македонските навивачи!
Премиерот молчеше и молчеше… се чинеше како да добива одговор на она што го поттикна пред неколку дена со палење оган меѓу етникумите и користење опасни изрази како „каур“.
Викаа за Чиста Македонија (без Албанци)… Што да кажам?! Ќе изберам мир како и секогаш, но овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот од Србија, па и подалеку, мора да биде осуден и изгаснат!“, јавно се обрати претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

РЕГИОН

Вучиќ одбива да ја признае пресудата против Додик: Србија повторно против меѓународната заедница

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста по седницата на Советот за национална безбедност, кога рече дека е донесена одлука дека Србија нема да ја признае пресудата против Додик и дека оваа одлука е обврзувачка за сите органи на Република Србија. Доколку се издаде потерница за Милорад Додик додека е во Србија, Србија нема да го уапси. Сите државни органи се должни да ја почитуваат одлуката на Советот, а тој е секогаш добредојден тука“, рече Вучиќ.

СВЕТ

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

Националниот совет за електронски масовни медиуми на Латвија (NEPLP) блокираше десет веб-страници што се користат за ширење руска пропаганда. Латвија блокира веб-страници со руска пропагандна содржина од почетокот на целосната инвазија на Русија во 2022 година. Во моментов се отстранети 414 веб-страници.

АЛ ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за говорот на омраза на спортските трибини?

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

„Сепак независно од моменталната состојба на Антикорупциска, нивна претставничка неодамна учествуваше на настан на Држваниот завод за статистика „Финансиска отчетност на изборите“, одржан на 15 јули 2025, и имаше своја презентација на наодите од Посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборните кампањи за Избор на претседател и избор на пратеници во Собранието во 2024 година. Со оглед дека измени во Изборниот Законик се потешко дека ќе има, а во пресрет на локалните избори, презентацијата даден увид во клучните системски слабости во сегментот финансирање на изборна кампања“, се наведува во „Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор“

АНАЛИЗИ

„Вчерашниот кошаркарски натпревар во Куманово повторно ја оголи грдата страна на македонското општество – нетрпеливоста и омразата кон Албанците. Група навивачи извикуваа „Гасна комора за Шиптари“, „Смрт за Шиптари“ и други заканувачки и расистички слогани. Иако ваквите сцени не се новост, институциите уште еднаш задоцнија со реакција, а премиерот се огласи со декларативна осуда дури откако виде дека снимките се шират по социјалните мрежи. Овој настан е само дел од еден поширок, континуиран образец на етничка омраза што десетлетија наназад се провлекува низ спортските трибини, медиумските наративи и секојдневната политика“, пишува Дијана Тахири во анализата „Смрт, гасни комори за Шиптарите“- Дијагноза: Колективно воспитана омраза“

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во спортската сала во Куманово, платена од сите граѓани (да, да, и од оние што беа мета на омразата), одекнуваа повици за геноцид – „гасни комори“ и „мртов Шиптар“. Ова не е „инцидент“, туку дел од операциите што имаат цел да обезбедат победа на национализмот и пораз на општеството. Премиерот, министрите и градоначалникот – сведоци и профитери. Јавноста молчи. Повторно“, пишува Џабир Дерала во „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски“.

Подготви: Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ