ВЕСТ НА ДЕНОТ
Снопче му одговори на Мицкоски: „И јас ти посакувам среќа ако работите дојдат до фаза на напуштање на владата“
Продолжува „преписката“ помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и пратеникот од редовите на ВЛЕН, Халил Снопче. Снопче за весникот „Лајм“ со реплика за премиерот – „нека му е со среќа секому, ако работите дојдат до таа фаза (да се напушти владата)“.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Tренчевска: Наместо намалени цени имаме зголемени цени на храна за 717 денари
– Наместо намалени цени имаме зголемени цени на храна за 717 денари, и ова е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и немаат ефект. Граѓаните не осетија подобрување на животниот стандард и додека во Србија и Црна Гора, се намалија цените на 700 производи, кај нас се намалуваат маржи на едвај 70 производи. Кога СДСМ беше на власт, беа намалени цените на 500 производи, а за подобар животниот стандард на граѓаните, воведовме пакет антикризни мерки. ДПМНЕ освен да манипулира, нема никаква идеја и води погрешна економска политика, од која граѓаните немаат никаква корист, рече Трнчевска.
РЕГИОН
Ципрас доби награда за мир за Договорот од Преспа и порача ЕУ да покаже кредибилитет
За значењето на Договорот од Преспа, за потребата да се почитува од новата власт во Северна Македонија, но и за ЕУ перспективата и важноста за целиот регион, говореше, меѓу другото Ципрас откако ја прими наградата за мир „Никос Никофоридис“, што од 2018 година ја доделува мировната организација „Опсерваторија на меѓународни организации и глобализација“, а оваа година беше награден поранешниот грчки премиер за договорот со нашата земја.
СВЕТ
Раководството на германските Зелени поднесе колективна оставка
Претседателството на германската Зелена партија поднесе колективна оставка, објаснувајќи го овој потег со неуспесите на покраинските избори во септември. „Дојдовме до заклучок дека е потребен нов почеток“, рече потпретседателот на Партијата на зелените, Омид Нурипур во партискиот центар во Берлин.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Ги почувствувавте ли есенските мерки на Владата за замрзнување на маржата на прехрамбените производи?
Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа кошница, треба да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Одлуката ја донесе Владата на предлог на работна група формирана од министерствата за економија, финансии и земјоделство.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Ги почувствувавте ли есенските мерки на Владата за замрзнување на маржата на прехрамбените производи?
Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа кошница, треба да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Одлуката ја донесе Владата на предлог на работна група формирана од министерствата за економија, финансии и земјоделство.
СЛОБОДНА ЗОНА
Собранието го аминуваше новото задолжување. Овој пат тоа ќе биде преку непосреден договор меѓу двете држави Република Северна Македонија и Република Унгарија. Кредитите имааат секогаш две главни карактеристики. Мора да се вратат во определен рок и со договорен интерес на заемодавачот. Допрва ќе видиме дали во позадина има и некои други скриени интереси кои се вообичаени за секој кредит. Освен каматите секогаш има дополнителен интерес на заемодавачот. Лесно е да се согледа тоа низ сите досега реализирани проекти. Ова не важи за средствата кои се доделуваат за буџетска поддршка, но и тие имаат политичка позадина која со заемот се реализира, пишува Војо Маневски во колумната „ Проекти изврзани со синџири“
ПРОПАГАНДА
Дерала за Гласот на Америка: Влијанието од Русија и Кина во Северна Македонија се канализира преку Србија
Д. Мишев