• Latest
Фото: МИА архива

24 ЧАСА: Политичката поларизација и блокирањето на Парламентот главни забелешки во Извештајот на ЕК; малку докази дека Судскиот совет ги исполни своите законски обврски; турскиот парламент ги забрани Кока-Кола и Нестле

November 8, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Политичката поларизација и блокирањето на Парламентот главни забелешки во Извештајот на ЕК; малку докази дека Судскиот совет ги исполни своите законски обврски; турскиот парламент ги забрани Кока-Кола и Нестле

November 8, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Извештај на ЕК: Северна Македонија треба да ги спроведе реформите поврзани со членство во ЕУ

Северна Македонија се обврза да започне и приоритетно да ги спроведе уставни измени со цел во Уставот да ги вклучи и граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, со што земјата ќе се потврди како добар пример за мултиетничко општество, се наведува во се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава

Извештај на ЕК: За преговорите за членство потребен е широк консензус од главните политички партии

Процесот на преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ бара широк консензус од главните политички партии, кои треба да се вклучат во конструктивна и инклузивна политичка дебата за да се зајакне улогата на Парламентот, се посочува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во делот на политичките критериуми.

Османи: Политичката поларизација и блокирањето на Парламентот главни забелешки во Извештајот на ЕК

Политичката поларизација и блокирањето на Парламентот, кој го има успорено реформскиот процес на државата, според министерот за надворешни работи Бујар Османи се главните забелешки во Извештајот на Европската комисија.

Вархеји: Сакаме да го убрзаме процесот на проширување на Западен Балкан, на терен е остварен јасен напредок

„Денес не само што излегуваме пред вас со извештај за проширувањето што го правиме секоја година, туку изнесуваме еден многу важен сигнал, а тоа е дека сакаме да го убрзаме процесот на проширување. На терен е остварен јасен напредок и никогаш досега не сме биле сведоци на тоа колку членството во ЕУ е двигател на сите овие околности“, изјави европскиот комесар за проширување и соседство Оливер Вархеји.

ИЗЈАВА ДЕНОТ

Агелер: Видовме малку докази дека Судскиот совет ги исполни своите законски обврски

Мандат на Судскиот совет е да обезбеди правилно и транспарентно функционирање на судството во оваа земја, со жалење можам да кажам дека видовме малку докази за исполнувањето на овие свети обврски, вели амбасадорката на САД во Скопје, Ангела Агелер, за случувањата во Судскиот совет.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинската амбасада во Анкара ги демантираше дезинформациите што ги шират некои турски медиуми во врска со интервјуто на Зеленски

Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за NBC News за воената операција на Израел против милитантите на Хамас беше искривена од турските медиуми и претставена со погрешно толкување,…

Блинкен ја потврди поддршката за Кијив: САД имаат јасен план да и помогнат на Украина 

САД имаат јасен акционен план за помош на Украина додека трае војната што ја започна Русија. Американскиот државен секретар Антони Блинкен го објави ова на платформата за социјални мрежа Икс….

Министрите за надворешни работи на Г7 ветија дека ќе останат обединети во нивната „цврста“ поддршка за Украина

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска во Токио соопштија дека ќе останат „обединети“ во нивната „цврста поддршка“ на Украина против руската инвазија „дури и во актуелната меѓународна ситуација“, во…

КОНФЛИКТИ

Далеку од очите на светот, 773 цивили беа масакрирани во Дарфур додека се интензивира егзодусот и хуманитарна криза

Далеку од светското внимание, граѓанската војна во Судан во која етничко-африканското племе Масалит се наоѓа под систематски напади од страна на паравоената РСФ и сојузничките милиции, доведува до нов пораст на убиства на цивилите предизвикани од етничка припадност и нови бранови на раселување меѓу милиони луѓе од Картум до Дарфур, интензивирајќи го бегалскиот товар на сиромашните земји на нејзините граници.

СВЕТ

Турскиот парламент забрани Кока-Кола и Нестле во своите ресторани

Турскиот парламент ги отстрани производите на Кока -Кола и Нестле од своите ресторани во вторникот поради нивната наводна поддршка за Израел среде конфликтот во Газа…

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ При презентацијата на пакетот извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство, претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен денеска на прес-конференцијата во Брисел истакна дека политиката на проширувањето е од витално значење за ЕУ.

НЕИСПОЛНЕТИ ВЕТУВАЊА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ На половина од мандатот градоначалниците на опозицската ВМРО-ДПМНЕ ги изневерија граѓаните…

ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА СМЕТКА Основното училиште „Синиша Стоилов“, во Зрновци нема своја веб страна, а фејсбук профилот не е ажуриран од 2022 година, додека пак општината се дави во кал, сепак директорката Слаџана Гаврилова во октомври годинава купила гејмерска столица која чини 9.999 денари…

ПЛАН ЗА РАСТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Како одговор на невидените предизвици со кои се соочува Западниот Балкан, а кои произлегуваат од потребата за заживување на економиите по ковид пандемијата и актуелното влијание на руската агресија врз Украина, ЕК предлага ЕУ да даде храбра понуда до земјите од регионот во форма на План за раст…

ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ Претседателот Пендаровски денеска се обрати на отворањето на конференцијата „Надзорната улога на Народниот правобранител над разузнавачките и безбедносните структури, од аспект на заштитата на правото на приватност на граѓаните“, во организација на Народниот правобранител и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

НЕ, Зеленски НЕ ѝ се предаде на Русија во текот на викендот, и покрај лажните тврдења на социјалните мрежи

Тврдењата дека Претседателот на Украина се предаде и неговата земја падна во продолжената руска инвазија, кои од саботата беа споделувани на социјалните мрежи, службите за проверка на факти на Асошиетед прес (АП) и USA Today ги оцениja како целосно неточни. Украинскиот претседател Володимир Зеленски НЕ СЕ ПРЕДАДЕ како што се тврдеше на социјалните мрежи во саботата, а земјата и понатаму е во војна за ослободување од руската агресија. Напротив, во неделното интервју за „Meet the Press“ на  Ен-би-си, Зеленски ја отфрли идејата за мировни преговори и истакна дека не смета дека двете страни се заглавени во ќор-сокак.

СТАВОВИ

Една од најважните работи за локалните самоуправи, а тоа го има во секоја jавна етика за „осмоодделенци“: не смеете граѓаните да ги оставите без одговор, а ароганцијата и нетрпеливоста мора да се изместат од вообичаеното однесување. Локалните самоуправи се места во кои се организира секојдневниот живот на граѓаните. И ништо повеќе и ништо помалку.

Локал-патриотизмот, пак, е ништо друго освен простор за „здрава конкуренција“ која треба да го подигнува стандардот на граѓаните, а не да го снижува или потценува. Едно од таквите потценувања, за кое сведочиме овие денови, погодувате и сами: Христијан Мицкоски дели милиони евра на ресенчани, прилепчани, битолчани… Ама не сега, оти сега е само лидер на партија, ами кога ќе станел премиер „на сите граѓани“. Јак, виц, од срце се насмеав. , пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Празни ветувања и последици“.

 

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестиВојна во УкраинадезинформацииизјавиконфликтипропагандаСветставовитеми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ