• Latest
Фото: МИА

24 ЧАСА: Потпишан Кодексот за фер избори; небулозите на Арсовска пред судските инстанци; немири во Грузија поради „рускиот закон“

April 17, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Потпишан Кодексот за фер избори; небулозите на Арсовска пред судските инстанци; немири во Грузија поради „рускиот закон“

April 17, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Претставници на политичките партии и коалиции, денеска, во Кристалната сала на законодавниот дом го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за единаесетите парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Костадиновска Стојчевска ги отфрли обвинувањата од градоначалничката Арсовска и најави тужба

– Инсинуирањето на Арсовска дека сум знаела за пожарот, а не сум пријавила, низата небулози изјавени во вчерашниот прес во следните денови ќе бидат предмет пред судските инстанци па самата таа ќе има можност подетално да објасни за изнесените тврдења за мена поврзани со Универзална сала. Сакам граѓаните да го знаат она што нив ги засега и во што не треба да се сомневаат, ниту да имаат страв дека Бисера или кој било друг од Министерството за култура може да го направи, а тоа е упад во системот за јавни набавки, додаде Костадиновска Стојчевска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КОСОВО ВО СОВЕТОТ НА ЕВРОПА Парламентарното собрание на Советот на Европа со двотретинско мнозинство го усвои извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани, со кој се препорачува Косово да биде покането да стане членка на оваа организација…

СРБИЈА БЛОКИРА КОСОВСКИ АВТОБУСИ Од полноќ, неколку автобуси од Косово се заглавени на граничниот премин Бастровац, на влезот во Србија од Хрватска.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Училиштата во кои ќе се одржи гласањето за претседателските избори ќе работат во вторник, ден пред изборите. Ќе бидат заклучени само оние простории каде ќе сместен избирачкиот материјал…

НАВРЕДИ ОД ВУЛИН  Инаку, дел од македонските медиуми со задоволство ги пренесоа навредите на Вулин кон Македонците и Македонија, додека пак изјавата на Дачиќ, се обидоа да ја спинуваат дека е упатена кон Бујар Османи од ДУИ, а не кон шефот на македонската дипломатија.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во Украина загинале над 50.000 руски војници, како и дека во втората година од војната настрадале околу 25 проценти повеќе во споредба со првата година.

Руските агресори денеска истрелаа проектили врз градот Чернихив, предизвикувајќи загинати и повредени цивили…

ukraine.ua престана да ја користи апликацијата Telegram за професионална комуникација.  Оваа одлука, поддржана од целиот тим, е донесена од неколку причини…

СВЕТ

Неблагодарната работа за избор на порота за првото кривично судење на поранешен претседател на САД доби замав вчера, бидејќи седуммина Њујорчани беа избрани да му судат на Доналд Трамп…

Жестоки судири избија меѓу демонстрантите и полицијата во главниот град на Грузија, Тбилиси, во вторникот, додека парламентот на земјата продолжи со расправата за контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“, критикуван од…

Азербејџан го „заврши“ етничкото чистење на Нагорно-Карабах, тврдеше Ерменија пред Врховниот суд на ОН. Во случајот покренат од Ереван против својот Кавкаски сосед и ривал за наводна дискриминација и етничко чистење,…

Чеченскиот шеф Рамзан Кадиров појасни дека неодамнешните барања за ограничување на брзината на музичките композиции биле наменети само да бидат „препораки“ за изведувачите на традиционалната чеченска музика. Министерот за култура…

ИЗБОРНА ХРОНИКА

Во последната недела пред претседателските избори, што ќе се одржат на 24 април(среда), кандидатите со заострена реторика ја продолжуваат предизборната кампања.

Од несериозни ветувања, контрадикторни изјави и ставови, до „храбри“ предупредувања и лицемерни морализирања – палета од изјави на кандидатите за претседател на државата: Северна Македонија е заедно со најразвиените светски велесили; Државата ќе им ги покрие долговите во брзите банки на граѓаните; Во НАТО –ДА, Преспански – НЕ; рокот за влез во ЕУ да биде до 2023; Лицемерна резолуција за Сребреница…

 СЛОБОДНА ЗОНА

Половина од кампањата за претседателските избори помина. Ништо поразлична од сите други досега, иако сметам дека на мнозинството на граѓани им пречи нивото на лична дискредитација меѓу кандидатите. На членовите на партиите тоа секако не им пречи зошто навивачкиот менталитет бара гладијаторски борби. Овде се исцртува и поделбата во општеството на членови на партии и граѓаните кои се надеваат дека нешто ќе се промени после изборите. Парадоксот е дека клиентилизмот за да ги оствари своите цели мора да бара поддршка од граѓаните кои досега покажуваат неопределeност или дури резигнираност од состојбите и политичката понуда. Да го илустрирам ова со бројки. Вториот круг на претседателските избори зависи од излезноста. Без нив изборите можат и да пропаднат. Сите членови на партиите да се соберат нема да го достигнат цензусот кој изнесува над седумстотини илјади гласачи. За парламентарните избори нема цензус на излезност и затоа партиите пред сѐ пораките во кампањата ги упатуваат само до членовите и поддржувачите. Но, измешаните кампањи доведуваат до интересни процеси, пишува Војо Маневски во колумната „Процесите не ги потврдуваат кампањите“.

 

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестиВојна во Украинаизборна хроникаизјавиконфликтиСвет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ