• Latest

24 ЧАСА: Северна Македонија со напредок од девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023; во изборниот период сите форми на манипулација да се решаваат на брз и законски начин, порача Гир; Зеленски демантира дека е разрешен Залужни

January 30, 2024

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Северна Македонија со напредок од девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023; во изборниот период сите форми на манипулација да се решаваат на брз и законски начин, порача Гир; Зеленски демантира дека е разрешен Залужни

January 30, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Северна Македонија напредна за два индексни поени и девет позиции на најновата листа на Транспаренси интернешнл, која што го оценува напредокот на земјата во борбата против корупцијата. Според Индексот на перцепција на корупција за 2023 година, Северна Македонија се наоѓа на 76 место со 42 индексни поени, споредно со 2022 година кога беше на 85 место со 40 индексни поени.

Во Извештајот се нотира дека во септември 2023 година, Собранието на Северна Македонија значително го поткопало судството. Во нетранспарентна и брза постапка пратениците го измениле Кривичниот законик намалувајќи ги затворските казни и рокот на застарување на делата за злоупотреба на службената положба. Ова, се вели во Извештајот, ќе предизвика околу 200 сомнителни случаи на корупција да бидат отфрлени, од кои многу вклучуваат поранешни високи функционери.

Од вкупно 180 земји, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, Северна Македонија се наоѓа во друштво на Бахреин, Кина, Куба, Унгарија, Молдавија и Тринидад и Тобаго.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Во изборниот период важно е сите медиумски актери да известуваат на отворен и непристрасен начин, со цел на јавноста да и бидат достапни точни информации. Кандидатите на политичките партии треба да бидат презентирани на јасен начин и да има отворена дебата. Дезинформациите, лажните вести и другите форми на манипулација да бидат решени на брз и законски начин“, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на настанот „Важноста на функционирањето на Јавниот радиодифузен сервис за демократијата во Европа“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Кабинетот на Зеленски демантира дека е разрешен Залужни, дезинформацијата ја пренесоа и дел од македонските портали

*

ЕУ го поддржа користењето на замрзнатите руски средства како дел од напорите да се обезбеди финансиска помош за Украина

*

Се чини дека Русија сé повеќе ги зголемува напорите во поттикнување на неоимперијалистичките и националистичките чувства во Европа со цел да ги поткопа односите меѓу Украина и нејзините западни соседи, членки на ЕУ и НАТО – Романската и унгарската крајна десница со територијални претензии кон Украина и Молдавија

ФЛЕШ ВЕСТИ

БЕЗБЕДНОСТ Синдикатот на Одбраната повикува да се донесе Законот за вработените во одбраната што го блокира ВМРО-ДПМНЕ

СТРАТЕГИЈА Драфт верзијата на Националната развојна стратегија (НРС), која ги дефинира приоритетите на државата во наредните 20 години, е финализирана и прифатена од Управниот одбор во кој членуваат сите вицепремиери, министерот за финансии, пратеници во парламентот, членови на МАНУ, претставници на амбасади и меѓународни организации, бизнис секторот и граѓанските организации. Станува збор за сеопфатен документ кој опфаќа економски, социјални, еколошки и културолошки аспекти на развојот на нашата држава во наредните две декади

ИНТЕРКУЛТУРАЛИЗАМ ОБСЕ ја поддржа Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026

ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ Северна Македонија останува на врвот од земјите од Западен Балкан според енергетската транзиција, а инвестицискиот бран беше поттикнат од комбинација на законски реформи и проектите за фотоволтаици на ЕСМ.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Албанското собрание исклучи 19 пратеници од ДП; договорот Рама-Мелони помина во Уставниот суд; О’Брајан повика на одговорност од Србија за Бањска

ИНТЕРВЈУ

Проф. д-р Ана Чупеска за ЦИВИЛ МЕДИА: Без европскиот пат можеме да се најдеме во состојба на авторитаризам што може да доведе до меѓуетнички тензии

СЛОБОДНА ЗОНА

„При објава на апсурдна пресуда во негова корист, тој се впушта во лична пресметка и клеветење против мене. Во една претходна прилика ме поврза со ДУИ, сега ме поврзува со СДСМ. Или нема поим од право или се прави недоветен, не знам. Но повеќепати ми дава простор јас да го тужам за клевета и навреда. За тоа дека за пренесена вест не се одговара и да не говориме. Тоа веројатно и на судот му е јасно, но некои суди(јк)и таму одлучиле да играат по неговото сценарио“, пишува Џабир Дерала во денешното ES-PRESS-O „ОФАНЗИВА: Мицковски во лична пресметка и клеветење“

„Можеби оваа годинава се мирни бидејќи благодарение на онаа мала елитна единица т.н. „гоцева стража“, пред една година успешно го „одбранија“ македонскиот идентитет, јазик, писмо, македонската народна песна, народна носија, македонското сирење, домашната ракија, македонскиот ајвар и македонското сонце…, кога „херојски“ цела ноќ „стражареа“ на гробот на Гоце Делчев (најголемиот дел од нив на тастатура), и на денот на одбележувањето на неговиот роденден, 4 февруари“, пишува Дехран Муратов во „Kој ќе го брани Гоце годинава!?“

Подготви: Б. Јордановска

Tags: ДневникизбориклеветаКорупција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ