• Latest

24 ЧАСА: Застарува ТНТ, Груевски ќе куртули од 9 години затвор; сè што е добро направено за Македонија, направено е наспроти мнозинското мислење; што се крие зад критиките за Чебрен?

November 6, 2023
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Од 2001 до денес: Што остана од духот на Охридскиот рамковен договор

August 13, 2026

(ВИДЕО) Ова е руското наследство

August 13, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Застарува ТНТ, Груевски ќе куртули од 9 години затвор; сè што е добро направено за Македонија, направено е наспроти мнозинското мислење; што се крие зад критиките за Чебрен?

November 6, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Застарува ТНТ, измените на КЗ го спасија Груевски од уште 9 години затвор, ќе куртулат и Јанакиески и Трајковски

Одбраната во случајот „ТНТ” денеска од Судечкиот совет на Апелациониот суд Скопје побара одбивателна пресуда поради апсолутна застареност на делото.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Фрчкоски: Сè што е добро направено за Македонија, направено е наспроти мнозинското мислење

Сè што е добро направено во Македонија, од уставот, од референдумското прашање, ако сакате, примањето во Обединетите нации, Охридскиот договор, Преспанскиот договор, е направено во еден момент наспроти мнозинското мислење на македонското население, барем мнозинското мислење. Како гест на политички одговорна елита, која се покажува подоцна дека е успешна и е добра за државата, добива и поддршка, но на почетокот знае да биде крајно турбулентно.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинците уништиле новоизграден руски борбен брод во Керч на Крим

Украински проектил уништи нов брод на руската морнарица во градот Керч на полуостровот Крим, соопштија синоќа украинските воздухопловни сили.

Од руски ракетен напад 19 украински војници загинаа на церемонија на доделување награди

Во руски ракетен напад за време на доделување награди загина а 19 украински војници на 128. Специјализирана планинска јуришна Задкарпатска бригада, соопштија од оваа единица на украинската армија.

(ФОТО) Украина: Осум повредени во руски напад на Одеса; регионот Херсон гранатиран 132 пати, повредени се 8 лица

Руските сили во изминатите 48 часа гранатаирале станбени објекти и цивилна инфраструктура во неколку региони во Украина.

Амбасадорката Дир: Државата-терорист изврши ракетни напади со „Оникс“ и „Искандер-М“ врз Одеса, Русија продолжува со теророт, Украина се бори

Синоќа државата-терорист рф изврши ракетни напади со „Оникс“ и „Искандер-М“ врз Одеса – има погодени објекти, станбени згради, музеј класифициран како место на наследство на УНЕСКО, индустриски објекти.

ГАЗА

Палестинците што живеат во Израел се соочуваат со апсење ако изразат сочувство за цивилите во Газа

Палестинците кои изразуваат солидарност со Газа се соочуваат со сериозни последици во Израел, пишува во статија од Си-Ен- Ен. „Полицијата вели дека сите слогани во корист на Газа или против…

Прекината евакуцијата на странците од Газа

Од саботата е прекината евакуацијата на странски државјани и повредени жители на Газа преку преминот Рафа кон Египет, јавија британските медиуми.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА  Судијата и претседател на Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, судијата Лазар Нанев се ослободува од функцијата член на Советот за ИКТ и со тоа од функцијата претседател на ова тело.

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Ако сакаме да продолжиме понатаму треба да ги завршиме обврските со уставните измени, нагласи Маричиќ, додавајќи дека уставните амандмани содржински никој не ги оспори, па дури ни ДПМНЕ, но ги оспоруваат само заради свои политички поени што скапо ќе ја чини државата.

ЕНЕРГЕТИКА Владата во септември донесе одлука и избра изведувач за градба на хидроцентарлата Чебрен. Грчката компанија ППЦ Архиродон ќе ја гради оваа хидроцентрала која ќе биде спас за македонскиот енергетски систем по досегашните 13 неуспешни тендери

ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА Вицепремиерот Фатмир Битиќи, денеска одржа работен состанок со претставници на Делегацијата на германското стопанство (АХК) во земјава, на кој се зборувало за повеќе теми и прашања поврзани со унапредувањето на деловното работење на германските компании.

ОБСЕ Дваесет дена пред Годишниот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во Скопје, се уште нема консензус меѓу нејзините учеснички за егзистенцијални прашања на Организацијата. Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, очекува тие одлуки за иднината на ОБСЕ да бидат донесени  токму на конференцијата во Скопје од 29 ноември до 1 декември.

БЕЗБЕДНОСТ Порастот на антисемитски инциденти низ Европа достигна извонредни нивоа во последните неколку дена, потсетувајќи на најмрачните времиња во историјата. Европските Евреи денес повторно живеат во страв

АЛ-ПРЕС

Во Косово за четири дена се регистрирале 471 со претходно илегални регистарски таблички, што значи дека позитивно одговориле на одлуката на косовската влада. Експертот за воена безбедност Деан Џебиќ посочува дека нападот на 24 септември ќе има реприза, и дека манастирот Бањска не е случајно избран, пишуваат косовските медиуми.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

ПРОПАГАНДА

На Јутјуб кружи лажно промотивно видео, на кое се гледа војник во униформа на израелските одбранбени сили (ИДФ) кој ги повикува украинските воини да се приклучат на ИДФ. Тој тврди дека наводно бил украински артилериец кој штотуку се вратил од фронтот и се приклучил на ИДФ поради повисоката плата и израелското државјанство, пишува во анализата „Русите фабрикуваат лажно видео дека украински војници се регрутираат во израелските одбранбени сили“.

Терористите на Хамас ја искористуваат пропустливоста на апликацијата Телеграм за да ги спинуваат своите воените наративи. Тие објавија видео на кое експлозија го потресува граничниот ѕид од една милијарда долари што ја дели Газа од територијата на Израел кое стана вирално во раните утрински часови на 7 октомври, кога терористите притискаат напред, напредувајќи на отворен простор. Пропагандни клипови беа споделени веднаш по бруталниот масакр на 1.400 Израелци во населбите блиску до границата со Газа. Како што се разденуваше, Израелците ги проверуваа своите телефони за да видат објави на социјалните мрежи преплавени со ужасни видеа, многу од нив споделени и ширени преку профилите на социјалните мрежи на Хамас на Телеграм, читајте во анализата „Како апликацијата Телеграм стана средство за пропаганда на Хамас„

ИНТЕРВЈУ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Фрчкоски за македонскиот конституционализам (1): Ако успееше тајната операција „Опера“ на КОС, за државен удар во Југославија и квислиншка влада во Македонија, нас ќе нè пратеа в затвор

„Белешки за македонскиот конституционализам, концепт на Уставот од 1991 година“ во издание на ЦИВИЛ, е нова книга на проф. д-р Данаилов Фрчкоски. Одличен повод за интервју со Авторот, што ќе фрли светлина на ова значајно издание кое доаѓа во критичен општествено политички момент за нашата земја.Во ова мега интервју за медиумската платформа на ЦИВИЛ, ќе прочитате ексклузивни податоци за историјата на македонскиот конституционализам и за турбулентните денови на раѓањето на македонската независна држава, кога се создава и самиот Устав. Понатаму, ќе стане збор за теоретските и идејните основи на овој документ на државноста и поредокот на државата.

СТАВОВИ

Времето од нашето осамостојување како држава никогаш не работело за нас. Напротив времето и развлекувањето на потребата од навремено правење продуктивни стратешки прилагодувања на околностите дома и во опкружувањето, па и компромиси, секогаш работело за оние кои од асиметрична позиција на реално поголемо влијание и моќ, испоставуваа не ретко и радикални барања кон нас, поаѓајќи од самата суштина на трансакциските односи, каде на почеток се бара невозможното за да потоа се оптимизира можното. Заблудата дека „Времето работи за нас“ ја плативме со болни прилагодувања и понеповолни компромиси од тие кои можевме и требаше да ги направиме многу порано. Сега некој не убедува дека оваа лекција не е вредна за учење и дека „Времето повторно работи за нас“, пишува Тони Поповски во „Времето повторно (не) работи за нас“.

 

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестиВојна во УкраинаДневникизјавиинтервјуставови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ