• Latest
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

24ЧАСА: Аболициите на Иванов пред Врховен; Инфлацијата намалене на 6,6 проценти; Зголемување на платите во јавното здравство; Зелен Форум на Цивил

October 10, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24ЧАСА: Аболициите на Иванов пред Врховен; Инфлацијата намалене на 6,6 проценти; Зголемување на платите во јавното здравство; Зелен Форум на Цивил

October 10, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Поднесена иницијатива до Врховен за аболициите на претседателот Иванов

Адвокатот од Скопје поднел иницијатива до Врховниот суд на Република Северна Македонија во која бара утврдување на начелен став и начелно правно мислење за повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Макрон: Неприфатливо е што Иран ги одобрува нападите на Хамас врз Израел

-Немам коментар за директната вмешаност на Иран за што немаме формален доказ, но јасно е дека јавните коментари на иранските власти се неприфатливи и дека најверојатно на Хамас му била понудена помош. Ќе останам внимателен во врска со ова прашање додека не имаме целосни разузнавачки податоци, рече Макрон на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинските сили ноќеска собориле 27 од 36 лансирани руски дронови

Украинските сили изминатата ноќ собориле 27 беспилотни летала истрелани од руските сили на југот на Украина, јавија утринава украинските воени власти на Телеграм. Русија лансираше 36 беспилотни летала од источниот…

ПС на НАТО: Алијансата треба да остане со Украина до победата

Парламентарното собрание на НАТО ги повика владите и земјите од воената алијанса да продолжат да ја поддржуваат Украина и да стојат покрај земјата се додека не ја постигне победата во…

Белата куќа и Конгресот се договараат за спојување на својата помош за Украина и Израел

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и клучните конгресмени активно работат на тоа помошта за Израел да се поврзе со финансирањето на Украина, изјави официјален претставник на администрацијата и двајца…

Унгарскиот добитник на Нобеловата награда Крауш парите од наградата ги донира за помош на Украина 

Унгарецот Ференц Крауш, кој заедно со Пјер Агостини и Ен Л’Хуилје ја споделија Нобеловата награда за физика за 2023 година решил освоените пари од наградата – 314 илјади евра – да ги даде на добротворна организација која им помага на Украинците.

Москва и Минск планираат операција со лажно знаме во Белорусија за да ја обвинат Украина

Руските и белоруските разузнавачки агенции, наводно, планираат операција со лажно знаме за да ја обвинат Украина за саботажа насочена кон критичната инфраструктура во Белорусија, објави Центарот за национален отпор…

ФЛЕШ ВЕСТИ

НАМАЛЕНА ИНФЛАЦИЈА  Инфлацијата во септември 2023 се намали на  6,6 проценти, според официјалните податоци. Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци, откако стапката поттикната од војната во Украина, енергетската криза и нарушените синџири на снадбување, ја достигна највисоката вредност од 19,8 отсто во октомври лани.

ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ ВО ЗДРАВСТВОТО Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска имаше средба со претставници на синдикатот за здравство по повод потпишување на Спогодбата меѓу Министерството и Синдикатот на здравствените работници за ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство.

НАМАЛЕНИ ЦЕНИ НА ИНДУСТРИСКИ ПРОИЗВОДИ Во август 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0,6 проценти, а на годишно ниво за 1,2 отсто.

СРЕДБА ПЕТРОВСКА – ПЕРЕБИНИС Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се сретнала со заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Евген Перебинис, кој престојува во посета на нашата земја.

АЛ-ПРЕС

Американскиот Амбасадор  во Косово  Џеф Ховениер во интервју за Блумберг зборува за изјавата на Вјоса Османи во која се вели дека Косово заедно со Америка треба да го подготви нацрт-статутот на Заедницата. Според американскиот дипломат, доколку Косово првично сака да го сподели својот предлог со САД, такво нешто би било добредојден. Пет фирми, деловен простор, хотел на Копаоник, вила во елитен дел на Белград – сето ова во Србија официјално е во сопственост на Милан Радоичиќ, пренесуваат косовските медиуми.Ова се само дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

МУЛТИКУЛТУРА

Има многу за што да се зборува, и мислам дека е добро да имаме секој ден вакви активности, настани, и за секоја област посебно да се зборува. Бидејќи, реално, има проблеми и во областа на инфраструктурата, и со домувањето, и со образованието, пред се. Ако зборуваме за се, навистина нема да дојдеме до еден заклучок, вели Мануела Саидова од Центар за развоја на заедницата, Кочани, на јавниот настан „Граѓански дијалози за меѓуетничките односи: Предизвици и решенија“.

Кај нас се исто интегрирани деца од ромската заедница, многу убаво се прифатени од сите деца, многу убаво соработуваат, учествуваат во сите училишни активности, во градските активности…Така што нема никаков отпор од страна на другите, вели Жаклина С. Јорданова од ИО „Ластовица“ на јавниот настан „Граѓански дијалози за меѓуетничките односи: Предизвици и решенија“.

ЗЕЛЕНИ

„Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, беше тема на денешниот (втор) од серијата панели  во организација на Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ). 

Учесници на панелот беа Христина Оџаклиеска, заменик минстерка за животна средина и просторно планирање и Аријан Тоска,  директор на МДЦ-Ти.Нет,а модераторка е Биљана Јордановска, координаторка на Зелен ЦИВИЛ.

 

Ги имаме законите, тука се, тие се компатибилни со европските директиви, но за жал, само поради еден елемент, има голем недостаток, вели Аријан Тоска,  директор на МДЦ-Ти.Нет, на панелот на ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.

„Во изминатиот период, во нашата институција се правеа напори за транспонирање на Европското законодавство во нашата регулатива, и скрининг процесот, кој беше во текот на јуни, во Брисел, покажа дека во добар дел од Европското законодавство, е транспонирано во нашите закони, но, постојат и многу сегменти на кои треба да напорно и во континуитет да се работи“, посочи заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска, на панелот на ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.

АНАЛИЗА

Како што соопшти CNBC , Амазон им се придружува на неколку други големи играчи кои веќе бараат да ја обезбедат следната генерација на широкопојасна услуга од вселената. Проектот се смета за ривал на 5.000 сателити Старлинк на Илон Маск кои испраќаат широкопојасни сигнали до Земјата.

Дали овој проект ќе ги подкопа амбициите на Илон Маск со неговиот Старлинк да изигрува „Господар на војната“ во Украина и лично да одлучува дали украинската воена операција ќе успее или ќе пропадне?

Како што објави АБЦ њуз, тој неодамна одби да и дозволи на војската на Украина пристап до неговите сателити Старлинк во клучен момент. Дали го направи вистинскиот потег?, пишува Драган Мишев во анализата „ Амазон ги лансираше првите интернет сателити, ќе ги подкопа ли амбициите на Маск да изигрува „Господар на војната“ во Украина?“

СЛОБОДНА ЗОНА

ES-PRESS-O

„Загрижените“ пропагандисти и нивните нарачатели и/или спонзори и ментори преферираат да користат дезинформации, бидејќи на тој начин можат да го контролираат наративот и да го насочат онаму каде што ним најмногу им користи. Затоа, фактите се користат само ако може да се искриват или насочат во насока на нивните манипулативни постапки. Тие добро знаат, а нивната неука публика нема или не сака да знае, дека најочигледните факти може да се искористат за злонамерно и деструктивно дејствување, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „ Контаминација: Како домашните политичари и пропагандисти го користат израелско-палестинскиот конфликт?“

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестивојна против Украиназелени политикиизјавиМултикултура
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ