Едно лице загина, а четворица други беа повредени во Кијив, додека Русија започна масовен напад врз главниот град во текот на ноќта на 24 јануари, соопштија официјални лица.
Експлозии првпат се слушнаа во 1:20 часот по локално време, според новинарите на „Кијв Индепендент“ на терен, кои продолжија да известуваат за експлозии во текот на ноќта, вклучително и пресретнување на балистичка ракета.
Украинските воздухопловни сили изброија 396 воздушни оружја, вклучувајќи 21 ракета и 375 беспилотни летала. Воздухопловните сили споменаа хиперсонични ракети „Циркон“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Кх-22/Кх-32“.
Нападите го продолжија руското насочување кон енергетската инфраструктура на Украина, што резултираше со тековна зимска енергетска криза по слични масовни напади во ноќта на 9 јануари и 20 јануари.
Преку ноќ, Русија изврши масовен напад врз нашите региони, лансирајќи над 370 дронови за напад и 21 ракета од различен тип. Кијив и регионот, како и Суми, Харкив и Чернигов беа цел на напади. Во Харков, оштетени се породилиште, дом за раселени лица, медицински колеџ и станбени згради. Досега, пријавени се десетици повредени лица, вклучувајќи и едно дете. Во главниот град и околниот регион, главни цели на Русите беа енергетските објекти. Трагично, овој напад одзеде живот на едно лице. Мое сочувство до нивните семејства и најблиските. Сите потребни служби сега работат на местата на руските напади, елиминирајќи ги сите последици: спасувачи, медицински екипи, општински служби, енергетски работници и екипи за поправка. Им се заблагодарувам на сите вклучени лица. Исто така, сум благодарен на сите вработени во воздушната одбрана кои го одбија нападот, напиша украинскиот претседетел Володимир Зеленски на социјалните мрежи.
Секој таков руски напад врз нашата енергетска инфраструктура докажува дека не смее да има доцнења во снабдувањето со воздушна одбрана. Не може да се затворат очите пред овие напади; тие мора да бидат дочекани со силен одговор. Сметаме на реакцијата и помошта од сите наши партнери. Секоја ракета за „Патриот“, „НАСАМС“ и сите други системи помага во заштитата на критичната инфраструктура и им овозможува на луѓето да го издржат зимскиот студ. Мора да обезбедиме целосна имплементација на сè што е договорено со претседателот Трамп во Давос во врска со воздушната одбрана. Им благодарам на сите што помагаат во заштитата на животите, додава Зеленски во постот.
Overnight, Russia carried out a massive attack on our regions, launching over 370 attack drones and 21 missiles of various types. Kyiv and the region, as well as the Sumy, Kharkiv, and Chernihiv regions, were targeted. In Kharkiv, a maternity hospital, a dormitory housing… pic.twitter.com/K0TQNNvu4T
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 24, 2026
И министерот за надворешни работи на Украина, Андреј Сибиха објави твит за последните брутални руски напади врз Украина во моменти кога руските и украинските делегациите се состануваат во Абу Даби за да го унапредат мировниот процес предводен од Америка.
Мировни напори? Трилатерален состанок во ОАЕ? Дипломатија? За Украинците, ова беше уште една ноќ на руски терор.
Цинично, Путин нареди брутален масовен ракетен напад врз Украина токму додека делегациите се состануваат во Абу Даби за да го унапредат мировниот процес предводен од Америка. Неговите ракети погодија не само нашиот народ, туку и преговарачката маса.
Два од најголемите градови, Кијив и Харкив, се тресеа од гласни експлозии. Беа употребени десетици балистички и воздушни балистички ракети, како и стотици беспилотни летала.
Главните цели останаа исти: енергетски објекти и станбени области. Русија продолжува да води геноцидна војна против цивилното население, извршувајќи воени злосторства и злосторства против човештвото.
Едно лице беше убиено, а најмалку четворица беа повредени во Кијив. Во Харкив беа оштетени породилно одделение, дом за раселени лица и болница, предизвикувајќи цивилни жртви. Најсеверниот регионален центар, Чернигов, остана без струја по нападите.
Овој варварски напад уште еднаш докажува дека местото на Путин не е на одборот за мир, туку на обвинителната клупа на специјалниот трибунал.
Благодарен сум на нашата воздушна одбрана, која покажа неверојатна ефикасност, на нашите херои енергетски работници кои ја обновуваат оштетената инфраструктура и на нашите партнери кои ја зајакнуваат отпорноста на Украина со дополнителни пресретнувачи и енергетска опрема.
Посебно им се заблагодарувам на сите кои сега учествуваат во волонтерските иницијативи #ТоплинаЗаУкраина низ целиот свет, собирајќи средства за итна енергетска поддршка за нашите луѓе. Топлината на вашите срца ни помага да ја поминеме оваа најстрашна зима во нашата историја.
Peace efforts? Trilateral meeting in the UAE? Diplomacy? For Ukrainians, this was another night of Russian terror.
Cynically, Putin ordered a brutal massive missile strike against Ukraine right while delegations are meeting in Abu Dhabi to advance the America-led peace process.… pic.twitter.com/5RZBUk29aP
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) January 24, 2026
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалната мрежа Х објави за масовниот руски масовни ракетни и дронски напади врз Кијив.
Кијив цела ноќ беше под масовни ракетни и дронски напади од рф. Токму ноќе, токму при минусни температури, варварите ги користат условите за да ја зголемат разорната моќ. Илјадници згради останаа без греење. #WarmthForUkraine
Кијив цела ноќ беше под масовни ракетни и дронски напади од рф. Токму ноќе, токму при минусни температури, варварите ги користат условите за да ја зголемат разорната моќ. Илјадници згради останаа без греење.#WarmthForUkraine pic.twitter.com/nT0malm47y
— Larysa Dir (@dir_larysa) January 24, 2026
Според податоците на Воздушните сили на Украина, рф изврши напад врз Кијив со ракети Х-22, при што од стратешката авијација беа употребени 12 ракети (борбена маса на ракетите – 950 кг) За да се одбијат суровите удари на нелуѓето, неопходни се дополнителни средства за противвоздушна одбрана, објави амбасадорката Дир во друг пост.
Според податоците на Воздушните сили на 🇺🇦, рф изврши напад врз Кијив со ракети Х-22, при што од стратешката авијација беа употребени 12 ракети (борбена маса на 🚀 – 950 кг)
За да се одбијат суровите удари на нелуѓето, неопходни се дополнителни средства за противвоздушна одбрана. pic.twitter.com/mY9TLV1xu2— Larysa Dir (@dir_larysa) January 24, 2026
Д. Мишев















































