• Latest

Излез од деспотизмот во Македонија

February 12, 2016
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Излез од деспотизмот во Македонија

February 12, 2016 17:40
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во трката помеѓу политичката и правната држава во Македонија, денеска е направен значаен исчекор во корист на правната држава. Мислам дека оваа денешна прес конференција на СЈО со вака сериозен предмет кој што отвара истрага, говори за сериозноста а и за исправноста, заради што е формирано тоа специјално обвинителство.

Видео колумна: д-р Сашо Орданоски
Сашо Орданоски

Мислам дека обвинителите со право го бираат овој предмет прв, бидејќи тој во суштина е една сублимација на злоупотребите не само на правната туку и на демократската држава во овој режим во изминатите десетина години владееше со Македонија. Започнувањето на таа истрага со така високи соработници на господинот Груевски кои се имплицирани во овие обвиненија говори за тоа дека работата на СЈО ќе биде многу сериозна, со многу политички импликации што ќе бидат далекусежни. Сите, и целата јавност и самите вмешани и тие околу нив се свесни за тоа. Ја гледаме таа нервоза, ја гледаме низ нивните медиуми, ја гледаме во однесувањето на цели структури во државата кои на еден или на друг начин веројатно ќе бидат имплицирани во оваа истрага и во бројни други кои се исчекуваат.

Притоа, не заборавајте дека ова е само почеток на истрага. Претпоставувам дека обвинителството од тука натаму почнува со осум осомничени, но кругот реално ќе се шири многу. Она што го слушнавме на првата прес конференција, за македонски услови е драматична ситуација. Тоа значи дека обвинителите излегуваат со обвининенија кои се во центарот на злоупотребите на државата.

Да се фалсификуваат избори се исклучително тешки кривични дела. И ние ова го говориме пред да знаеме кој сѐ ќе заврши во притвор, но мислам дека, по автоматизам, тие дела се од таква природа и импликациите нивни се од таква природа, што е веројатно – поголем дел од овие што се осомничени ќе мора да завршат во притвор.

Не заборавајте, се работи за двајца поранешни министри. Од ова што го слушнавме, иако не ги именуваа, целата јавност знае за кого се работи. Се работи за министер кој што злоупотребил цело министерство, и тоа не кое било министерство, туку едно од клучните, државотворните министерства во секоја држава, па и во нашата, а тоа е Министерството за внатрешни работи. Доколку се докажат тие злоупотреби како што е наведено во обвинителниот акт, ние ќе бидеме пред сериозна пресвртница и политичка и правна во она што ќе следува во Македонија.

Мојот впечаток е дека од наредната недела ќе следуваат и други акти кои што се таму формирани во СЈО. Конечно, на Македонија ова одамна ѝ требаше – да излеземе од шпекулативната, недемократска, една деспотска атмосфера во која што партијата на власт ни е толку во стварноста, така како што сака, и во која што сите ние сме нурнати и живееме во едно бесознание, без притоа да имаме институции кои би си ја завршиле работата.

Сега топката ќе се префрли во судот, ќе видиме судот со кој капацитет ќе настапи, но знаете како е, кога ќе добиете формирани обвинителни акти, нема голем маневерски простор од страна на судот што може да прави. Така што јас не очекувам дека некој ќе се дрзне до таму сега  да направи пуч во таа свера, да едноставно го игнорира сето тоа, туку мислам дека ќе се тргне во една постапка, која што за вакви дела е нормална, а тоа е значи продолжување на истрагата.

Делата се специфични, особено ова, бидејќи вклучуваат многу луѓе, има луѓе што ќе сакат да проговорат и веќе веројатно проговориле за деталите околу тоа како се злоупотребувани работите и како се крши законот. Од тука па натаму треба да оставиме правната држава да си го каже своето. Добро е што, за разлика од сите претходни обвиненија за време на режимот на Груевски, кога луѓето беа приведувани пред камери, обвинителството бира, на еден цивилизиран и исправен начин, без правење спектакли и хистерии, да почне да ја спроведува правдата во Македонија.

Мислам дека сатисфакцијата ќе ја добиеме на денот кога барем некој од овие луѓе ќе завршат во затвор за тоа што го направија.

Tags: видео колумнаГруевскидеспотизамдиктатуразатвористрагаМакедонијаполицијаСашо ОрданоскиСЈОСпецијално јавно обвинителствоЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ