• Latest

Податоци, знаење, мудрост… Еднорог!

December 18, 2020

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Податоци, знаење, мудрост… Еднорог!

Во „нормалниот свет“ нема лидери на парламентарни партии што се означени, со име и презиме, како извори на дезинформации. За разлика од „нормалниот свет“, нашево општество е „богато“ со приучени фолиранти на кои идоли им се криминалци, убијци и диктатори.

December 18, 2020 08:42
in КОМПАС, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Да ви раскажам едно стрипче што го објавија Научниците за ЕУ на својата Фејсбук страница. Првата табла од стрипот носи наслов „Податоци“ и на неа има десетина расфрлени кругчиња. На втората, „Информации“, некои кругчиња се обоени во сива, а некои во зелена боја. На третата, „Знаење“, кругчињата со различни бои (информации) се меѓусебно поврзани во одредена схема. Четвртата е со наслов „Разбирање“, каде што две кругчиња на различни страни светат. На петтата табла, со наслов „Мудрост“, се гледа патека од светлина која ги поврзува двете најсветли точки. Шестата носи наслов „Теорија на заговор“, а кругчињата се поврзани во еднорог.

Интересно е да се види и дискусијата која се развива под тој пост со 8.300 реакции, 5.300 споделувања и 280 коментари. Дискусија за милина. Ниедна пцовка, ниту еден навредлив збор, иако може да се прочитаат дијаметрално спротивставени мислења и ставови, вклучително и на приврзаниците на теориите на заговор. И многу духовити досетки, меѓу кои може да се издвојат и неколку Шкотланѓани кои „малку“ излегуваат од темата, но се шегуваат колку на сметка на Брегзитот, толку и на своја сметка.

Во еден коментар се прави аналогија на стрипчето, па вели: Знаење е кога се знае дека Франкенштајн не е чудовиштето, но мудрост е кога се знае дека самиот Франкенштајн е, всушност, чудовиште. Или: Знаење е кога знаете дека патлиџанот е овошје, но мудрост е кога не го ставате во овошна салата. Забележав и дека профилите што коментираат се реални луѓе, со име и презиме.

Можете да прочитате и коментари за тоа дека коронавирусот не постои, дека цртачите на стрипот всушност ја нацртале шемата на 5Г на таблата кај мудроста, па и низа други наивни и помалку наивни промашувања на темата или „бунтовнички“ и антинаучни ставови. И пак читам – нема непристојности, нема злоба и груби дисквалификации. Нема бесилки, стрелање, колење, палење… Нема „мамето предавничко“ и слични за нас веќе толку секојдневни и вообичаени изрази.

Не е ни чудо. Во „нормалниот свет“ нема лидери на парламентарни партии што се означени, со име и презиме, како извори на дезинформации. За разлика од „нормалниот свет“, нашево општество е „богато“ со приучени фолиранти на кои идоли им се криминалци, убијци и диктатори. Не се маргиналци, туку „еминентни“ политичари, групирани во разбојнички гнезда (радикални политички партии). Своето влијание, а често и доминација во јавниот дискурс, го остваруваат благодарение на политичката, медиумската и буквалната неписменост. На последно место ја ставаат својата функција и работни обврски во парламентот или на универзитет. Да, некои од нив се и професори на универзитет!

Наместо да си ја работат работата, локалните бандити во политиката се занимаваат со црна пропаганда, ширење дезинформации и повикуваат на ликвидации и политичко или етничко насилство. На прво место секогаш им е личната корист и потребата да си ги лечат своите комплекси и фрустрации. На последно место им се фактите (под нозе им се), а на прво место им се лагите и омразата. Ограничени, злобни и алчни, тие седат на страна од сите национални и светски текови, ги бројат украдените пари и коваат планови како да украдат повеќе. И ја контаминираат јавноста со своите добро платени пропагатори во медиумите и со инсталациите на стратешки места во системот. За нив, најдобро е сите да веруваат во еднорогот во стрипот опишан на почетокот од овој текст.

Не дека вакви политичари нема и во „нормалниот свет“, но погледнете каде се. Некои од нив се лидери на групи кои може да се соберат во некоја средно голема крчма. Некои се во затвор. Некои се во институции за ментално здравје. В ред, мора да се забележи дека во некои посткомунистички земји, кои се протнаа и низ ситото на ЕУ, има и такви што се на власт. Но сосема извесно е дека патеката на нивното владеење завршува со соочување со правдата. Кога – тогаш. Освен ако во хибридната војна не победат диктаторите на Истокот. Тогаш филмските дистопии ќе станат реалност.

Нивното оружје се лагите и омразата со кои внесуваат поделби, страв и несигурност меѓу луѓето. Не е наивно тоа што го прават. Но одговорот, иако задоцнет поради конформизмот на елитите и многуте лицемери и трговци со души, пристигнува. Тој одговор е поткован со наука, со факти и со цврсти убедувања дека иднината им припаѓа на луѓето со отворени очи и бистра глава.

Борбата продолжува. За некои тоа е борба против Ковид-19, а за некои е борба против 5Г и „глобалните заговори“. Верувам дека постои лек за сé.

ПС. Еднорог е митско суштество кое се среќава во древните култури од југоисточна Азија до Античка Грција, а во Средниот Век се протега до северноевропските кралства, а е чест мотив и во сликарството на Ренесансата. Се појавува и во продукцијата на Волт Дизни и други познати филмски продукции. И во стрипот на „Научниците за ЕУ“. Го има и на тезгите и рафтовите за играчки насекаде во светот.

Tags: дезинформациидиктаториКОВИД-19криминалцимедиумска писменостНаукаполитичка културатеории на заговорхибридна војна
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ