• Latest

„Професоре, отповикајте ја одлуката и поднесете оставка!“

April 13, 2016
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

„Професоре, отповикајте ја одлуката и поднесете оставка!“

April 13, 2016 13:22
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Додека вие, господине Ѓорге Иванов, молчевте сиве овие години на позицијата претседател на Република Македонија, многумина ви забележуваа за тоа дека сте инструмент на власта, наместо вистински претставник на граѓаните на Македонија. Јас пак, во себе (во името на добрите студентски денови) се трудев до некаде да најдам изговор за Вас, мислејќи дека сте Вие еден добродушен човек кој несвесно се нашол во лошо друштво.

Вчера, Вие Ѓорге, ми потврдивте само една работа – Вие воопшто несвесно не се најдовте во тоа друштво, Вам тоа друштво Ви беше претходно добро селектирано, и кога се навести негово разбивање, Вие се послуживте со сé што мислевте дека е во ваши раце – за да го одбраните и да си живеете како дел од истото, уште долго време. Тоа не го прави еден добродушен човек, како што Ве замислував, туку само човек со коренита расипаност на морални чувства и убедувања.

Кога професорот Иванов, пред повеќе од десетина години, на час ја презентираше онаа неговата добро позната “разликата меѓу политичарот и политикологот е исто како разликата меѓу криминалецот и криминологот”, никој од студентите не претпостави дека токму Вие, ќе бидете најголемиот “политичар” во историјата на Македонија.

Вас Ве гласаа граѓаните на Република Македонија, а не политичарите, господине Иванов.

Немате легитимитет за аболицирање на „институцијата“ политичар, затоа што и самата има делегирана власт и е одговорна пред истите тие гласачи кои и на Вас Ви ја делегиралe власта.

Не сум правник, но толку знам – тие на кои им простувате не се потенцијални политички затвореници, нема никаква идеолошка хајка против оние, за кои е наменета оваа аболиција, тоа се луѓе за кои постои основано сомнение дека се само криминалци кои ја користат политиката како средство за лично збогатување. (Амнестирајќи ги, Вие ги потврдувате сомнежите!)

Има разлика меѓу тие на кои Вие им простувате (на криминалци и злоупотребувачи на позицијата) и политичките затвореници од минатите времиња, на кои сигурно, многумина Ваши приврзаници ќе се повикаат многу скоро. Вие, со овој чин признавате дека е политичарот над граѓанинот, а не негов слуга.

Вашата оставка ќе задоволи многу македонски гладни срца за правда, но отповикување на оваа ваша одлука, ќе го задоволи моето срце, желно да го види добродушното во Вас, па дури и тоа да значи – дека сте ужасен политичар. Не гледам ништо поправилно и пофер за Македонија од тоа – Вие да излезете на една прес-конференција, да застанете исправено, да се извините за непромисленоста, да признаете дека згрешивте и да понудите сопствена одговорност за овој чин.

Тоа никогаш досега не сме го виделе од тврдокорни и расипани криминалци. Со тоа, барем за почеток, ќе се извлечете од „друштвото“ во кое самиот се сместивте.

Со жалење,

Јосипа Ризанкоска

 

(Ако не се сеќавате, Вашата студентка, на која и Вашите препораки и помогнале да добие стипендии и признанија, докторанд на компаративна политика во Италија, учесничка на Школата за лидери, сé уште член на Асоцијацијата на алумни на Школата за лидери…, граѓанка на Македонија која длабоко се срами од својот претседател...)

Tags: IvanovаболицијаамнестијакриминалципрофесорстуденткаШкола за лидери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ