• Latest
Video-kolumnë: d-r Saso Ordanoski

Орданоски: Груевски не може да биде премиер

June 16, 2016

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува освен посебен сообраќаен режим?

October 2, 2026
ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА | конфронтација, дисквалификација и исклучивост (илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА)

Политичка култура на исклучивост и конфронтација: Политики заробени во минатото, без одговори за сегашноста и иднината

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Орданоски: Груевски не може да биде премиер

June 16, 2016 17:04
in Uncategorized
Video-kolumnë: d-r Saso Ordanoski

Video-kolumnë: d-r Saso Ordanoski

Share on FacebookShare on Twitter

„Власта е во постојана трка да украде што повеќе време, бидејќи се надева дека ќе ја измори демократската иницијатива“, вели д-р Сашо Орданоски во својата видео-анализа.

„Стратегијата на власта во Република Македонија, на режимот на Груевски и сите негови, екстензии почнувајќи од претседателот Иванов па надолу, е да украде што повеќе време, бидејќи тие се во натпревар меѓу времето што го крадат од правната држава, особено од Специјалното Јавно обвинителство и некаква политичка стабилизација која сакаат тие да ја видат според нивните критериуми.

Така, секој загубен ден, секоја загубена недела за правната држава, за нив е добивка. Владејачката партија има големи проблеми внатре, бидејќи, реално, во првиот ешалон, деведесет отсто од луѓето се осомничени. Тие се и на приватно и на службено ниво прилично разнебитени, таму тешко се одржува консензусот, лидерот е во една политичка и психолошка, прилично нестабилна ситуација, како што слушаме, со разни падови и неконтролирани однесувања.

ВЛАСТА Е ВО ПОСТОЈАНА ТРКА СО ДЕМОКРАТСКАТА ДРЖАВА

Во принцип, тие се во постојана трка да украдат што повеќе време, бидејќи се надеваат дека ќе ја изморат демократската иницијатива која доаѓа од Македонија, но и како резултат на странски влијанија и дека, кога ќе ги фатат граѓаните на кондиција, полесно ќе може да преговараат за сопствениот опстанок и за извлекување од оваа тешка криза во која се наоѓаат.

Последните два месеца се извонреден пример како тоа го прават. Значи, вие имате еден претседател кој потполно незаконски прави аболиција, предизвикува шок кај сите, па дури и кај дел од поддржувачите на власта, а потоа, поминуваат два месеца во натегање, во анализирање, во толкување итн… Два месеца во кои претседателот продолжува да прави конфузии, бидејќи ни тој самиот не знае на што точно ги базира своите проценки и мерки, за по два месеца да ја повлече сопствената одлука и тоа да ја повлече во етапи коишто прават дополнителни шокови врз правниот систем, врз политичката стабилност, врз институциите и системот.

Откако ќе ја повлече аболицијата, остануваат правни празнини, па сега, никој жив не знае, ниту на ниво на преседан, ниту на ниво на домашна, ниту на меѓународна судска, правна практика, што треба да се случува. Реално, имате некакви правни последици од една бесправна одлука на претседателот за аболиција. Сега се доведени во прашање и истрагите што се започнати, судења кои се започнати или во еден случај, судења кои се завршени, па човекот е ослободен од затвор…. И сега, што понатаму?

Значи, тоа е еден тотален хаос и мислам дека има намера во тоа. Произведувањето хаос е произведување нестабилност која ја продолжува таа битка против правната држава во Македонија. Не заборавајте – како што знаеме, работата на СЈО е ограничена на 18 месеци за поведување на истрагите и тие многу успешно украдоа 6-7 месеци од тие 18 месеци.

МАЛИ СЕ ШАНСИТЕ ЗА ЛУЃЕТО ОД ВЛАСТА ДА ОСТАНАТ НА СЛОБОДА

Тоа не треба да се потценува бидејќи повеќето од тие луѓе се борат за сопствената, не само политичка иднина, туку и за сопствениот животен опстанок, во смисла на тоа што нивната слобода е доведена во прашање, бидејќи знаат дека ако отидат на фер-судење, на кое би судел суд со интегритет, нивните шанси да останат на слобода се – релативно мали, дури имајќи ја предвид и пресумпцијата на невиност за која што треба сите да се залагаме.

Овие два месеца што поминаа се месеци во кои граѓанската иницијатива преку Шарената револуција доби замав. Меѓутоа, кај такви движења, не можете да се обложите дека тоа ќе трае предолго. Тоа се движења во кои учествуваат многу луѓе, тоа се движења кои бараат многу енергија, организационен напор, бараат контрола врз настаните, за да не дојде до несакани последици, бидејќи гледате дека има провокатори, има луѓе кои се уфрлени… Тие од власта знаат дека што повеќе трае тоа, постојат шанси дека ќе дојде до замор, до недоразбирања, дека ќе дојде до распад, кавги внатре… И се обидуваат, преку своите пропаганди, преку други методи – тајната полиција е секако многу вклучена, како што знаеме и претходно, а особено сега – се обидуваат тоа движење да го разнебитат.

ДЕМОКРАТИЈАТА ПОБЕДУВА, НО ПРОЦЕСОТ Е БАВЕН

Тоа се тие два месеца зад нас. Кога би зборувал со еден спортски речник, мислам дека резултатот не е нерешен. Ова е, сепак, една победа на демократијата, но настаните одат многу бавно. Луѓето разбираат дека цената ќе биде висока, дека ќе биде тешко да се дојде до резултати. Со тоа се намалуваат очекувањата и сето тоа оди во прилог на овие луѓе кои се сè уште на власт во Македонија. Тие се вратија во еден капацитет да владеат со државата. Навистина, бившиот премиер Груевски повеќе нема да биде премиер и тој самиот тоа доволно добро го разбира, да не се наметнува на таа функција. Меѓутоа, не треба да бидеме изненадени доколку се повлечат сè уште неочекувани потези.

Како што гледаме, се одлага одлуката на Уставниот суд околу конститутивноста  на постоењето на СЈО и со тоа тие ќе ја малтретираат целата македонска јавност, сè додека не проценат дека на поинаков начин може да ги опструираат работата и истрагите на СЈО.

Кога ќе им стане јасно дека тоа е невозможно, мислам дека тогаш ќе изгласаат одлука со која ќе го укинат, па потоа повторно ќе упаднеме во една апорија. Секогаш е тука прашање на анализа, проценка на ресурсите, кој има повеќе ресурси. Меѓутоа, не мислам со ресурси само на пари, бидејќи кај нас, кога ќе спомнете ресурси – веднаш се мисли на финансии, туку, мислам на низа други ресурси – политичка поддршка, кадровска поддршка, времето е ресурс, меѓународната заедница е ресурс… Тоа е една тесна трка во која демократската држава се натпреварува со овие луѓе коишто на секој начин ја злоупотребија и ја руинираа правната, демократска држава – Република Македонија.

Но, мислам дека последните два месеца покажаа дека во Македонија има еден капацитет кој нема да прифати импровизација на тој начин, како што се обидува власта, особено преку претседателот Иванов. Сега е веќе јасно дека позицијата на Иванов е неодржлива и сега тој ќе влезе во пакетот што на крајот ќе биде испорачан, а ќе заврши со негова оставка“.

Д-р Сашо Орданоски

Tags: IvanovГруевскидемократијаизбориОрданоскиСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ