• Latest
Фото: REUTERS/Михаил Палинчак

Еден месец од почетокот на непосредната руска агресија врз Украина, херојскиот отпор на Украинците ги помати руските пресметки

March 26, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Еден месец од почетокот на непосредната руска агресија врз Украина, херојскиот отпор на Украинците ги помати руските пресметки

March 26, 2022 09:18
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: REUTERS/Михаил Палинчак

Фото: REUTERS/Михаил Палинчак

Share on FacebookShare on Twitter

Помина еден месец од почетокот на непосредната руска агресија врз Украина, или, како што ја нерекува Путин, „Специјална интервенција “. Според првичните руски проценки, овој „блиц криг“требаше да заврши во рок од 48 до 72 часа, при што руските трупи ќе ја „ослободат“ и „денацифицираат“ Украина.

Рускиот напад се случи во раните утрински часови на 24 февруари, 9 дена подоцна од датумот за напад кој го објави американскиот претседател Џо Бајден, за кој многумина се потсмеваа дека воопшто нема да се случи, но, очигледно, разузнавачките информации со кои располагал Бајден биле многу поверодостојни од информациите на фејсбук експертите, вклучително и на овдешните  русофили и теоретичари на заговор.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обраќа од центарот на Киев во ек на руското бомбардирање

Но, руските пресметките на терен не се остварија, Путиновита „мировници“ не беа дочекани со цвеќе од стана на украинците. Напротив. Предводени од нивниот претседател Володимир Зеленски, Украинците од самиот почеток на нападот пружаат жесток отпор на сите фронтови на, официјално, втората најсилна армија на светот. Инаку, самиот Зеленски има еврејско потекло, а неговото семејство било жртва на нацистите во Втората светска војна, со што еден од главните наративи за почетокот на руската интервенција во Украина, „денацификацијата“, паѓа во вода.

Пропорции: Давид и Голијат

Активниот состав во украинаските оружени сили брои 209.000 луѓе, додека Русија располага со 900.000 активни војници. Резеврниот воен состав на Украина брои 900.000 , а во Русија има дури 2.000.000. Украинците имаат 2.596 тенкови, за разлика од руските сили кои имаат 12.520. Украинските 34 борбени хеликоптери се спротивставуваат на 544 руски хелихоптери. Соодносот на борбени авиони помеѓу Украина и Русија е 98 наспроти 1.511. Вкупниот воен буџет на Украина изнесува 5,9 милијарди долари, наспроти руските 61,7 милијарди долари.

Извор: Al Jazeera

И со ваква поставеност на силите, за цел месец од почетокот на агресијата, руската војска не само што не успева да ги ствари поставените цели, туку трпи големи загуби во персонал и воена техника.

Од Алијансата деновиве излегоа со првична проценка дека во војната во Украина досега се убиени меѓу 7.000 и 15.000 руски војници,

Тамошните аналитичари тврдат дека Русија претрпеле помеѓу 30.000 и 40.000 загуби во персонал, бројка која вклучува сите жртви, исчезнати, повредени и заробени војници.

Ова е прва јавна оценка на НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина. Анонимен функционер на НАТО, кој ги презентира податоците, изјави дека проценката е комбинација на податоци од украинската Влада, индиции од Русија и информации од теренот.

Според украински извори, вкупните борбени загуби на Русија од 24 февруари до 23 март се: Скоро 15.800 воен персонал, 530 главни борбени тенкови, 1.597 оклопни борбени возила, 280 артилериски единици, 108 воени авиони, 124 хеликоптери, како и голем броја на  воени возила, ракетни системи, системи за воздушна одбрана и друга воена техника.

Уништен руски тенк во борбите во Украина

Од руска страна , единствени информации за руските жртви во војната во Украина објави провладиниот таблоид „Комсомолскаја правда“, кој на 21 март објави информација дека при инвазијата врз Украина се убиени 9.861 руски војник, а повредени се 16.153. Предходно, единствените официјални информации за руските загуби во Украина беа објавени на 2 март каде се тврди дека биле убиени 498 руски војници. Комсомолскаја правда подоцна ја тргна информацијата од сајтот, тврдејќи дека сајтот им бил хакиран.

Американските експерти сметаат дека опаднала борбената моќ на руските трупи во Украина, 90 отсто под нивото пред почетокот на инвазијата.

Неименуван високопозициониран официјален претставник на американската армија посочува на големи загуби во техника и растечки број жртви кај руската армија, која за инвазијата ангажирала повеќе од 150 илјади војници. За прв пат тие би можеле да бидат нешто помалку од 90 отсто.

Еден месец од почетокот на војната руските трупи не успеаја да заземат ниту еден поголем град, а украинските сили го запреа нивното напредување на речиси сите фронтови.

Зграда во пламен од руското гранатирање на Чернихив

Како резултат на херосјкиот отпор на Украинците, Москва се сврте исклучиво кон бомбардирање на градовите со артилерија и проектили, без директно соочување со одбраната на теренот.

Немајќи успех на бојното поле, руските сили продолжуваат да лансираат ракетни напади и бомбардирање од воздух за напад врз објекти на воена и цивилна инфраструктура во во украинските региони и градови, како Житомир, Киев, каде во руски воздушен напад трговскиот центар беше срамнет со земја, Чернихив каде 53 цивили загинаа во руското гранатирање, Харкив, Донецк.

Руското ракетирање го срамни со земја трговскиот центар во Киев

Во Мариупол, каде градот е речиси срамнет со земја, а руските окупатори гранатираа и породилште и театар каде засолниште најдоа цивили меѓу кои жени, деца и стари лица. На социјалните мрежи се појави видео од разурнатиот украински град Мариупол, снимено со дрон. Видео снимката ја објави Бахти Нишанов, кој работи за ОБСЕ.

Спасување бремена жена од урнатините на гранатираното породилиште во Мариупол

Во Северодонецк, регионот Луганск, руските агресори гранатираа детска болница и пукаа на цивилит кои чекаа ред пред самопослуга, убивајќи и повредувајќи луѓе. Во градот Кремина во Луганската област, руската војска со артилериски оган од тенк, стрелаше во дом за стари лица, при што уби 56 лица. Веднаш по нападот, биле киднапирани 15 цивили. Неретко, руските трупи отвараат оган и врз бегалските коридори за евакуација на неселението од бомбардираните и опколени градови, во кои поради воените дејствија се одвива хуманитарна катастрофа, каде со денови населението е оставено без седства за задоволување на основните животни потреби – нема лекови, храна, вода и енергенси.

Ова не е нешто ново кога се работи за воени дејствија кои ги презема Русија. Истата тактика, силите на Путин предходно ја користеа во Чеченија (Грозни), Сирија (Алепо) и на други фронтови, каде што го интензивираа бомбардирањето на цивилни цели, со цел да ја скршат волјата на народот за одбрана.

Како што поминува времето, соочени со неуспех да напредуваат на бојното поле, руските агресори делуваат сѐ поагресивно врз неселективни цели. Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков изјави дека руските сили почнале да користат и хиперсонични ракети „Кинжал“ во напад на големо складиште за гориво во регионот Николаев во Украина.

Од руско гранатирање уништено детско игралиште во Украина

Според информациите од украинскот јавно обвинтелство, руските окупатори убиле 128 деца и раниле повеќе од 172 во Украина од почетокот на војната до 23 март.

ОХЦХР  информира за загинати вкупно 902 цивили и повредени вкупно 1.459 цивилни лица од почеток на агресијатаз . Како што е наведено, најголем дел од регистрираните цивилни жртви биле предизвикани од употреба на експлозивно оружје со широка област на удар, вклучувајќи гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи со повеќекратно лансирање, како и ракетни и воздушни напади.

ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки бидејќи е отежнат приемот на информации од некои локации каде што се водат интензивни борбени дејствија.

Фото: Украински деца бегалци од војната на Главната железничка станица во Лавов (Kostyantyn Chernichkin)

Според УНХЦР, од почетокот на војната, бројот на Украинците кои избегаа во странство достигна 3.528.346. Од оваа бројка, повеќе од два милиони Украинци ја минале границата со Полска, информираат од Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека до сега се извршени 64 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на војната. „Сè уште сме во процес на проверка на натамошни напади“ – изјавија од СЗО.

Истражителите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) веќе почнаа да ги истражуваат можните воени злосторства во Украина, додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска и официјално ја изнесе позицијата на САД дека руските сили во Украина извршуваат воени злосторства и дека е потребно формирање на суд што ќе ја утврди одговорноста и ќе ги процесира овие злосторства.

Украина бара од меѓународните партнери да преземат четири чекори за да ги спасат украинските граѓани: да го затворат небото над Украина, да обезбедат модерни системи за воздушна одбрана, крстосувачки ракети или муниција за повеќе ракетни фрлачи, да воведат ембарго за нафта и целосно затворање на пристаништата за руските бродови, објави на Твитер Михаило Подолијак, советник на шефот на кабинетот на претседателот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес треба да има виртуелно обраќање на Самитот на НАТО во Брисел, каде денес допатува и американскиот претседател Џо Бајден на разговори со европските лидери за руската инвазија врз Украина, носејќи со себе планови за воведување дополнителни санкции кон Москва, и за да му испрати порака на Путин дека западниот сојуз е обединет.

Во меѓувреме, продолжуваат украинско-руските преговори, иако без позначаен успех. Како нови посредници во преговорите помеѓу Украина и Русија се нудат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и израелскиот премиер Нафтали Бенет.

Според информации од свиркачи од Москва, како резултат на воведените санкции кон руските институции и поединци кои се вклучени во поддршката на Путин за војната, расте незадоволството меѓу граѓаните, но и меѓу високи руски функционери, а расте и ризикот од државен удар против владеењето на Путин во Москва.

Драган Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ