• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Украина петиција за признавање на Косово, првите чекори за членство во ЕУ, реакција на Вучиќ по апликацијата на Косово за членство во ЕУ

December 14, 2022

Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фоторафирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

September 28, 2025

Белгија: Заемот од ЕУ за репарација за Украина „никогаш нема да се реализира“

September 27, 2025

Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска

September 27, 2025

Планот на Трамп за Појасот Газа содржи 21 точка

September 27, 2025
Фото: yenisafak.com/

Палестинската самоуправа ќе добие помош од 170 милиони долари

September 27, 2025
Фотографија: ВИ

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Надградбата на граничниот премин Евзони ќе ги намали гужвите, но воведувањето на ЕЕС системот може да го отежне функционирањето

September 27, 2025
Фото: НАТО

НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација

September 27, 2025
Фотографија: Unsplash

Обединети нации: Нови санкции за Иран поради неуспешните преговори за нуклеарната програма

September 27, 2025

ЦИВИЛ е дел од настан за демократија и човекови права во Рим

September 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Украина петиција за признавање на Косово, првите чекори за членство во ЕУ, реакција на Вучиќ по апликацијата на Косово за членство во ЕУ

December 14, 2022 13:42
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

КОХА: Во Украина е покрената петиција за признавање на Косово

Украинскиот пратеник, истовремено и член на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Олексеј Гончаренко, во средата објави дека покренал петиција Украина да ја признае независноста на Косово, пренесе КОХА.

Во петицијата се бара од украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја разгледа можноста за признавање на Косово. Се споменува дека Косово е признаено од моќни западни земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, и дека Меѓународниот суд на правдата одлучил дека прогласувањето на независноста на Косово не го прекршува меѓународното право.

„Русија не го признава Косово и тие земји ги смета за српски. Во исто време, пропагандистите на Кремљ велат дека е неопходно на Балканот да се преземе истата наредба како Путин на 24 февруари“, се наведува меѓу другото во петицијата.

РЕПОРТЕРИ.НЕТ: Членствo во ЕУ,  чекори кои Косово мора да ги преземе

Претседателката на Република Косово Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и Глаук Коњуфца денеска ја потпишаа апликацијата  за членство на Косово во Европската унија, објави косовскиот портал РЕПОРТЕРИ НЕТ.

По аплицирањето за членство, постојат три главни чекори. Кандидатурата или кандидатскиот статус значи формално прифаќање на апликацијата на една земја. Тоа подразбира и едногласна одлука на Европскиот совет за официјално прифаќање на апликацијата на земјата. А потоа Советот и земјата кандидат мора да се договорат за рамка за преговори за членство.

Земјите-кандидатки добиваат и финансиска и техничка помош во текот на процесот на пристапување. Буџетот на ЕУ за претпристапна помош за 2021-2027 година е 14,162 милијарди евра.

Преговорите за членство започнуваат откако земјата кандидат ќе ги прилагоди своите национални закони за да се усогласи со правилата на ЕУ, наречени acquis. И ова може да потрае неколку години.

Земјата отсега се смета за „пристапна земја“ до официјалниот датум на пристапување, кога ќе стане полноправна членка на ЕУ, се вели во новинскиот извештај.

ОПИНИОН: Реакција на Вучиќ по апликацијата на Косово за членство во ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на првиот чекор на Косово за приклучување кон европското семејство, пренесе ОПИНИОН.

„Договорот од Куманово, Повелбата на ОН, Резолуцијата 1244, Бриселскиот договор или Вашингтонскиот договор. Дојдовме до шестиот многу важен документ на ЕУ од 2003 година, познатиот Солунски документ, за проширување на ЕУ во Западен Балкан. А во светлината на поднесувањето на Косово за членство во ЕУ, моето прашање е дали ќе ги почитуваат документите што сами ги донесоа, па дури и историскиот од Солун, бидејќи во точка 5 од Солунскиот документ се вели дека целосно ја поддржува имплементацијата на Резолуцијата. 1244. Значи, моето прашање денес е кој од овие шест документи сакате да го почитувате и ние апсолутно ќе се согласиме“, порачува  Вучиќ.

Инаку, Вучиќ веројатно мисли на Солунската декларација која беше донесена на Самитот ЕУ – Западен Балкан, на 21 јуни 2003 година.

„Сите ние ги споделуваме вредностите на демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите и малцинските права, солидарноста и пазарната економија, целосно свесни дека тие ги сочинуваат самите темели на Европската унија. Почитувањето на меѓународното право, неповредливоста на меѓународните граници, мирното решавање на конфликтите и регионалната соработка се принципи од највисоко значење, на кои сите сме посветени. Ние енергично го осудуваме екстремизмот, тероризмот и насилството, било да е тоа етнички, политички или криминално мотивирано“, гласи првиот член од Декларацијата.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВучиќЕУКосовоКуртиОсманипетицијаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Војвотката од Јорк, Сара Фергусон отстранета од три добротворни организации поради е-пошта во која го нарекува Епштајн нејзин „врховен пријател“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ