• Latest

Во овој момент во ОБСЕ скоро и да нема дијалог со Русија но тој е единствениот пат до де-ескалација

January 15, 2023
Наводна слика од пожар во рафинеријата за нафта „Афипски“ во рускиот Краснодарски крај на 7 август 2025 година, за време на украински напад врз регионот. Фото: Телеграм канал Exilenova+

Нападната рафинерија за нафта во рускиот Краснодарскиот крај во масивен напад на украински дронови

August 7, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

ССНМ бара зголемување на минималната плата за зачувување на слободата на медиумите

August 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
MY TV MYANMAR

Вршителот на должноста претседател на Мјанмар почина по долго боледување

August 7, 2025
Пожарникарите го гаснат пожарот што избувна по рускиот напад врз украинската област Днипропетровск на 7 август 2025 година.Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Најмалку 6 цивили убиени, 35 повредени во руските напади врз Украина во текот на изминатиот ден

August 7, 2025
Снимки споделени со Би-Би-Си од операцијата за помош во Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Според ОН, на гладните Палестинци им останува само 1,5% од обработливото земјиште во Газа поради израелската војна

August 7, 2025
Фото: Скринчот од видео на Delfi

Литванските социјалдемократи ја избраа Инга Ругиниене за кандидат за премиер по оставката на Палукас

August 7, 2025
Фото: Принтскрин, Фејсбук на Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска

Државна функција – партиска задача: Министерката Димитриеска-Кочоска агитира за ВМРО-ДПМНЕ од својот кабинет среде работен ден

August 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на официјалниот канал на White House

Стапија на сила новите царински тарифи на Трамп за над 90 земји

August 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Тајланд и Камбоџа на состанокот во Малезија за постигнување траен прекин на огнот

August 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на WSJ

Трамп планира да се сретне со Путин и да одржи трилатерален состанок со Зеленски уште следната недела

August 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Во овој момент во ОБСЕ скоро и да нема дијалог со Русија но тој е единствениот пат до де-ескалација

January 15, 2023 12:35
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

Приоритет на претседателството е војната во Украина. Што може ОБСЕ да направи за да се најде мирно решение?

 

Ние постојано подвлекуваме дека во фокусот на нашето претседавање е ангажманот и можниот придонес на ОБСЕ во Украина. Тука, морам да подвлечам дека агресијата од страна на една земја учесничка на ОБСЕ врз друга е неприфатлива. Таа целосно ја до компликува и онака комплексната состојба во Организацијата и односите меѓу нејзините земји учеснички. Особено треба да се има предвид дека ваквите односи го нарушуваат процесот на консензуално носење на одлуки. ОБСЕ е заснована врз јасни вредности и принципи, како и правила на реализирање на предвидените активности на кои сите земји членки се обврзале и до нив треба да се придржуваат. Тие принципи и заложби не можат да бидат предмет на преговарање. Целта на дејствувањето на мултилатералните организации е во функција на воспоставување, зачувување и промоција на мирот. Со авторитетот и искуството на ОБСЕ, ќе се обидеме да помогнеме прво да се замолчи оружјето; да се спречи страдањето; да се вратат луѓето во своите домови и да продолжи нормалниот живот. Принципите и заложбите на ОБСЕ се јасни. Тие подразбираат непроменливост на границите и изнаоѓање решенија за враќање на безбедноста во регионот и продолжување на дијалогот и соработката во поддршка на процесите на градење доверба. Секој изгубен ден, е изгубена можност за поддршка на луѓето во подрачјата каде има судири, изгубена можност за поддршка и спасување животи. ОБСЕ е организација која има докажани алатки за олеснување на конфликтите и поддршка на граѓаните и тие алатки траба да  бидат во функција на луѓето кои страдаат и имаат потреба од нив.

 

Инсистирате на почитување на принципите кои Русија многу одамна не ги почитува како членка на ОБСЕ. Што би сменил вашиот апел во однос на тоа?

 

Нашата порака е јасна. И преку самото мотото кое го определивме и кое е водич на активностите кои ги преземаме: „За луѓето се работи“ и мораме да сториме се за да престанат нивните страдања во регионите кои се опфатени со војната. Со тоа што ни е доверена улогата на претседавач, наша обврска е да ги браниме и промовираме принципите и вредностите на ОБСЕ. Функционалноста на Организацијата е неопходна од било кога порано. Тоа е уште една порака која постојано ја повторуваме. За да се оствари тоа – секоја земја учесничка мора да ги почитува темелните документи на ОБСЕ, пред се Хелсиншкиот финален акт.  Во тој контекст, наша обврска е да се потпреме на разновидните алатки на Организацијата, да инсистираме на дипломатски решенија, како и да се обидеме да ја заживееме платформата за дијалог. ОБСЕ формиран за таа цел. Во овој момент скоро и да нема дијалог, но тој е единствениот пат до де-ескалација и следствено мир. Од него не смееме да се откажеме колку и да некогаш изгледа безнадежна состојбата. Ќе се обидеме чекор по чекор, пред се да ги овозможиме активностите на терен во Украина и конфликтите во другите региони. Би сакал да верувам дека ова го разбираат сите земји учеснички. Во интерес на мирот е ОБСЕ да биде функционална во извршувањето на своите активности.

 


Имавте ли или дали ќе имате средба со рускиот амбасадор? Каква беше неговата реакција на вашите заложби?

 

Со цел да продолжи непреченото функционирање на Организацијата неопходна е комуникација. Секако, комуникацијата ќе се одвива на соодветно дипломатско ниво, согласно нашата улога на претседавач и во рамки и во светло на принципите и вредностите на ОБСЕ. Дали оваа комуникација ќе прерасне во продуктивен дијалог ќе зависи од поставување во поглед на агресијата од Руската Федерација врз Украина. Од ова ќе зависи и нашиот ангажман во 2023г.. Доколку имплицирате на некаков посуштински дијалог, неопходно е РФ да ги прекине воените дејствија, целосно да се повлече од Украина и да се врати на основните на вредности на ОБСЕ, за што се обврзала. Од почетокот на агресијата, овие пораки континуирано се упатуваат од страна на сите меѓународни форуми и формати. Како што ви е познато, тоа е унисона и конзистентна позиција на која ние се придружуваме.

Мотото е “се работи за луѓето”. Што можете да направите за да им се помогне?

 

ОБСЕ може да помогне за полесно пребродување на тешкотиите, намалување на последиците од војната и иницирање на мерки за градење доверба, помирување и се она што подразбира враќање на нормалниот живот. Пред Постојаниот Совет на ОБСЕ упатив пораката, дека насекаде, ОБСЕ може да помогне во услови на војна, но секако и во услови на мир. Луѓето треба да бидат ослободени од стравот од војна. На луѓето треба да им се создаде чувство дека не се напуштени и оставени сами на себе. Мора да веруваме дека и во најтешките околности имаме обврска да дејствуваме со цел на олеснување на нивната положба. Не само што ќе апелираме, туку и ќе работиме да го разбудиме хуманото кај секој човек и политичар. На земјата сите сме на еден брод кој секој од нас треба да го чува од тонење. Со оваа агресија губат сите, а најмногу обичните луѓе. Се надевам дека свеста ќе проработи конечно и чекор по чекор ќе ги намалиме страдањата и вратиме безбедноста и мирот.

 

Мисијата на ОБСЕ во Скопје едвај преживеа поради заканата на Русија како членка да не одобри буџет. Може ли оваа мисија да стане предмет на уцена од страна на Русија во однос на СМ како претседавач?

 

Недозволиво е да имаме политика на закани и уцени. Во минатото за жал во рамките на ОБСЕ продолжувањето на мандатите зависеа од политички, а не од рационалноста за нивно постоење. Мислам дека тие констатации за преживување на теренските мисии во даден момент се пресилни. Како што е познато, Русија минатата година блокираше две клучни теренски операции во Украина.  Конкретно продолжувањето на мандатот на Мисијата во Скопје не беше доведено во прашање. Би сакал да верувам дека Руската Федерација сѐ уште ја сфаќа вредноста на теренските мисии и ќе продолжи да ја поддржува нивната исклучителна улога. Впрочем, ние во Северна Македонија сме сведоци во изминатите 30 години за бенефициите од работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На крајот за ова прашање сакам да бидам јасен дека нема да правиме компромиси на уцени. Ова не соодветствува со духот на работата на ОБСЕ и не придонесува кон градењето доверба.


Еден од принципите на ОБСЕ е и владеење на право и борба против корупција. Каков е кредибилитетот на претседателството односно на СМ која е изложена на остри критики за корупција? 

 

Владеењето на правото и борбата против корупцијата е предизвик во многу земји, вклучително и земји учеснички на ОБСЕ. Корупцијата во крајна инстанца претставува и безбедносен проблем. Јас секогаш сум велел дека мора да ги признаваме проблемите за да може успешно да ги решаваме. Но, факт е дека сите чекори кои нашата држава ги презема последните години се токму во насока на сузбивање на корупцијата и унапредување на владеење на правото.  Јас сум убеден дека на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ, како и помошта на САД и на меѓународните организации од ден во ден ќе придонесува кон искоренување овој проблем и зајакнување институциите. Тоа е постојан предизвик, но ние сме посветени на негово соодветно адресирање.

 

Што се однесува до претседавањето, никој не го доведува во прашање нашиот кредибилитет. Напротив, Северна Македонија покажа дека е способна успешно да се справува, надминувајќи големи долгогодишни проблеми, тлеечки конфликти и тензии. Земја која за кусо време успеа да се издигне во меѓународен пример за дипломатија и политички зрела демократија, која предизвиците ги претвора во можности. Напредуваме и не случајно сме на чело на ОБСЕ. Проблеми ќе има, но важна е насоката и желбата за нивно решавање, а јас верувам дека ние сме на вистинскиот пат.

 

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: НОВАТВ
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бујар ОсманиЕУинтервјуОБСЕРусијаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ