• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија 300 полицајци под истрага, 10 прашалници за досието „Мекгонигал“, Курти се справува со грешките на претходниците

January 30, 2023

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија 300 полицајци под истрага, 10 прашалници за досието „Мекгонигал“, Курти се справува со грешките на претходниците

January 30, 2023 11:14
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија во текот на изминатата година се уапсени 168 полицајци, а за 300 обвинителството отворило истраги, аферата Мекгонигал под лупата на аналитичарите, Курти со тешка задача – да ги исправи грешките од минатите влади… Ова се дел од темите на изборот на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

ТОП ЧАНЕЛ: 300 полицајци под истрага на обвинителството

„Во текот на изминатата година уапсени се 168 полицајци, а над 300 други се под истрага на обвинителството.

Најфлагрантен случај кој покажа инкриминација на дел од полицијата е апсењето на оперативниот службеник Јетон Лами, обвинет дека му помагал на толку бараниот Ервис Мартинај, чија судбина се уште останува мистерија.“, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

ЈАВА ЊУЗ: 10 прашалници за  досието „Мекгонигал и Албанија“

„Пред речиси една недела изби скандал од големи размери во кој е вмешан поранешниот шеф на контраразузнавањето на ФБИ, Чарлс Мекгонигал и неговите афери со неколку албански личности. По апсењето, тој официјално беше обвинет за перење пари, давање лажни изјави, кршење на санкциите против Русија, фаворизирање на олигархот Олег Дерипаска, кого имал задача да го истражи, добил 225.000 долари од поранешниот агент на ШИШ Агрон Неза и работел за интересите на оваа личност.

Во досието стои и името на албанскиот премиер Еди Рама кој бил пријател со Чарлс Мекгонигал.

Има најмалку 10 прашања кои бараат одговори за со факти да се разјасни позицијата на премиерот во целата оваа приказна.“, пишува меѓу другото во анализата „10 прашалници за  досието „Мекгонигал и Албанија“ од Роланд Ќафоку, објавена во албанскиот дневник Јава Њуз.

БОТА СОТ: Аналитичарите: Курти се обидува да ги исправи грешките на минатите влади

„Погледнете ја Босна денес, држава само на хартија, ова е целта на Србија и во Косово. Јас лично сум против какво било здружување, но тоа се случи со минатите поранешни владетели и Курти се труди максимално да ги избегне, иако е многу тешко да ги поништи. Како и да е, признанието треба да биде на прво место“, вели меѓу другото аналитичарот  Фатон Мехмети за „Бота сот“.

РЕПОРТЕРИ: Шоле и Ескобар: Време е за формирање на Здружението

„Во авторски текст на Дерек Шолет, советник на Стејт департментот на САД и Габриел Ескобар, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, тие повторно повикаа на формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.

Шоле и Ескобар, исто така, рекоа дека една од најважните цели на Америка на Западен Балкан е да помогне во создавањето услови „за здрави, мирни и стабилни односи меѓу Србија и Косово“, се вели во текстот што го пренесе медиумот Репортери.

ПАНОРАМА: Почит за Дебраните  кои ги штителе и засолниле Евреите

„Албанците немаат проблеми со историската свест, не само со Евреите, туку и со соседите, дури и со оние кои ги држеле под окупација. Албанската национална идеологија не докажува ниту еден случај дека е подигната на штета на другиот. Затоа Ш. Синани смета дека е потребно тука да го евоцира, а не да се фали, бидејќи ниту еден Албанец не се однесувал хумано со Евреите за да стекне чест, а тука спаѓаат и Ндреѓоните од  Дебар.“, извадок од анализата „Почит за Дебраните  кои ги штителе и засолниле Евреите“, од  Халил Рама објавена во дневникот Панорама.

Д. Тахири


Сите права се задржани. 

Tags: АлбанијаКосовоМедиумирегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ