• Latest

УНЕСКО ќе отвори канцеларија во Охрид, сите документи се доставени

February 10, 2023

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

УНЕСКО ќе отвори канцеларија во Охрид, сите документи се доставени

February 10, 2023 20:12
in ИЗЈАВИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

До УНЕСКО уредно и навремено е доставен, како заеднички документ со Република Албанија, ажурираниот Извештај за состојбата со заштитата на Природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство, со Стратегискиот план за рехабилитација на Природното и културното наследство на Охридскиот Регион (2023 –2030). Задоволна сум од соработката на сите засегнати страни во однос на зачувување на статусот што Охридскиот регион го има под УНЕСКО, изјави на денешната прес конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

 

-Ова воопшто не е лесен и едноставен процес, но секоја од засегнатите страни, министри, локални самоуправи и агенции кои се дел од овој процес од креирање на оваа легислатива која го регулира статусот на Охридскиот регион како заштитен под УНЕСКО се навистина максимално даваме се од себе за тоа да продолжи со истата динамика, рече таа.

Министерката одговарајќи на новинарско прашање информираше дека неодамнешната посета во Париз била со единствена цел – да се информираат релевантните страни за тоа како се одвива заштитата на Охридскиот регион во однос на зачувување на статусот под УНЕСКО.

-Овие документи се јавно и транспарентно се објавени и на веб страницата на Министерството за култура. Од Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо, добив силна поддршка и валоризирање на нашите напори за зачувување на Охридскиот
Регион на листата на УНЕСКО, рече Костадиновска Стојчевска.

Во Охрид ќе се отвори канцеларија на УНЕСКО со што ги потврдуваме нашите заложби за јакнење, управување и промоција во зачувувањето на статусот на Охридскиот Регион.

-Во годината кога одбележуваме 30 години од нашето членство во УНЕСКО, на средбата беа поздравени напорите меѓу владите и националните комисии на Република Северна Македонија и на Албанија во однос на имплементација на препораките на УНЕСКО кои се однесуваат на Охридскиот Регион, рече министерката.

Таа исто така додаде дека кон крајот на минатата година, имале неколку состаноци заедно со министри, градоначалници и директори на соодветните агенции како и Управата за заштита на културно наследство.

-Работиме на зачувување на Охридскиот регион со оној статус кој го има и со унапредување, бидејќи само така може да го потврдиме статусот доделен од УНЕСКО. Свесни за потребата од понатамошни континуирани напори во согласност со
препораките за справување со идентификуваните ранливости и закани, цврство верувам дека на 45. сесија на Комитетот за светско наследство, што ќе се одржи во септември во Ријад, Саудиска Арабија, ќе се усвои одлука со која Природното и културното наследство на Охридскиот Регион ќе остане на Листата на светско наследство, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Соња Танеска

 

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаКУЛТУРАОхридУНЕСКО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ