• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Република Косово слави 15 години независност, споменикот “Newborn” во Приштина со нова порака, кандидатот за претседател на Србија на почести во Преказ

February 17, 2023

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Република Косово слави 15 години независност, споменикот “Newborn” во Приштина со нова порака, кандидатот за претседател на Србија на почести во Преказ

February 17, 2023 12:12
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Република Косово денеска се слави 15 годишнината од формирањето на независноста, познатиот споменик „Newborn“ во Приштина годинава со нова порака – против распарчување на Републиката, кандидатот за претседател на Србија, Никола Сандуловиќ денеска е на почести во Преказ, родното место на косовскиот херој Адем Јашари. Ова  се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од изборот од албанските медиуми во регионот.

КОСОВА ПРЕС: Република Косово слави 15 години независност

„Декларацијата за независност на Косово беше донесена на 17 февруари 2008 година во 15:39 часот во Собранието на Република Косово во Приштина. На вонредна седница на која присуствуваа 109 од вкупно 120 пратеници, Собранието на Косово едногласно го прогласи Косово за независна, суверена и демократска држава.“, пренесе косовскиот дневник Косова Прес.

КОХА ДИТОРЕ: “NEWBORN” со протест против распарчувањето на Републиката

„Светот има многу споменици кои ја означуваат независноста на една држава. Но, оние што се трансформираат на секоја годишнина, носејќи посебна порака, можат да се најдат само на Косово. Овогодинешното трансформирање на “NEWBORN”  има за цел да го заштити она за што е создаден: Републиката. Претворен е во NO NEW BR. А, кога со буквите БР пишува „СКРШЕНА РЕПУБЛИКА“, се пополнува пораката: НЕМА НОВА СКРШЕНА РЕПУБЛИКА.“, пренесе косовскиот дневник Коха Диторе.

РЕПОРТЕРИ: Кандидатот за претседател на Србија  во Преказ на почести

„Кандидатот за претседател на Србија, Никола Сандуловиќ, кој е во официјална посета на Косово, денеска замина во Преказ да му оддаде почит во Меморијалниот комплекс „Адем Јашари“.

Сандуловиќ се изјасни дека е политичар кој ја поддржува независноста на Косово и кој дошол да  понуди историско решение, како пример за другите решенија во Европа.“, пренесува косовскиот дневник Репортери.

ВИЗИОН ПЛУС: Повторно пропадна  кругот за избор на претседател на Уставниот суд

„По втор пат пропадна кругот за избор на претседател на албанскиот  Уставен суд. Секој од кандидатите доби по 3 гласа.

Седницата на судиите на Уставниот суд одлучи третиот круг на гласање да се одржи на 20 февруари 2023 година во 10:00 часот.“, пренесе албанскиот медиум Визион Плус.

ТОП ЧАНЕЛ: „Музеј Беса“ за историјата, традицијата, културата и уметноста на Евреите

„Музејот „Беса“ ќе биде еден од современите градби кои во иднина ќе бидат додадени на архитектурата на главниот град, што го отвора патот за создавање на дестинација на славната историја на спасението на Евреите за време на Втората светска војна. како и историјата, еврејската традиција, културата и уметноста.“, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

ГАЗЕТА БЛИЦ: Католиците на Косово за долго скриената вера: дење бевме муслимани, ноќе христијани

„Во црква сместена на една живописна долина во централно Косово, Исмет Сопи раскажува како неговото семејство ја криело својата католичка вера со векови по прифаќањето на исламот, за време на отоманската окупација на Балканот.

Неговите предци со генерации  ги чувале своите верувања во тајност, до денот кога  кога Сопи и неговото семејство отворено го прифатиле католицизмот и заедно се покрстиле.“, извадок од расказот објавен во косовскиот медиум Газета Блиц.

Д. Тахири


Сите права се задржани.

Tags: 15 години независностNewbornАЛ-ПРЕСАлбанијаалбански медиумиизборКосовоПреказрегионУставен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ