• Latest
Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа

Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од ЕУ, антифашистичка Битола порача холокаустот никогаш да не се повтори, земјава напредува во извештајот на Фридом Хаус

March 9, 2023

24 ЧАСА: Пред избори споменици никнуваат како печурки по дожд; Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината, повикува Камбери; Додик без мандат; Виткоф слета во Москва

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од ЕУ, антифашистичка Битола порача холокаустот никогаш да не се повтори, земјава напредува во извештајот на Фридом Хаус

March 9, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа

Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија

Република Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија. Оваа финансиска поддршка ќе им помогне на граѓаните да се справат со барањата кои се појавија како резултат на енергетската криза.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Костадиновска-Стојчевска: Од антифашистичка Битола порачуваме – холокаустот никогаш да не се повтори

Нивниот најголем грев бил тоа што се Евреи, и толку. За фашистичкиот проект за чиста раса тоа било доволна причина. Денеска ние го чуваме од заборав нивното злосторство за никогаш да не се повтори. Споменот за најголемото злосторство е најголемиот кошмар на злосторниците и нивните поколенија. Едно е да наведнете глава од почит, а сосема друго е да ја наведнете главата од срам. Иако, и за тоа треба да се има доблест. На 11 март битолчани секогаш ја наведнуваат главата од почит за своите 3351 жители, македонски Евреи, за никогаш да не се повтори, истакна Костадиновска-Стојчевска.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руска пропаганда и дезинформации Видеото од пукањето во невооружен украински војник, објавено на 6 март, стана уште еден доказ за воените злосторства извршени од руските окупатори на територијата на Украина. Про-Кремљ блогерите, руските и други пропагандисти, како и обично, го презедоа „перењето“ на угледот на руските воени злосторници

Руско ракетирање околу АЕЦ Запорижја Нуклеарната централа Запорижја беше целосно исклучена од енергија како резултат на рускиот ракетен напад врз Украина.

Руски ракетни напади врз Украина Ноќта и утрото на 9 март, Русија изврши уште еден ракетен напад низ Украина, обидувајќи се повторно да ги заплаши Украинците со своите „патетични тактики“. Непријателот дефинитивно ќе одговара за се што е сторено, напиша претседателот Володимир Зеленски на Телеграма

ФЛЕШ ВЕСТИ

НАПРЕДОК НА МАКЕДОНИЈА ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ФРИДОМ ХАУС Северна Македонија во најновиот извештај на „Фридом хаус“ насловен „Слободата во светот 2023“, има годишен индекс на слободата од 68 од можни сто поени, што е напредок од еден индексен поен во споредба со лани.

ОБЕЗБЕДЕН ЛЕКОТ ЗА ПАЦИЕНТИ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА Обезбеден е лекот „Трикафта“ за осум пациенти со цистична фиброза, од кои двајца во тешка состојба, соопшти на 9 март министерот за здравство Фатмир Меџити. Лекот ќе го примаат седум возрасни пациенти и едно дете. Шест пациенти ќе го добиваат лекот на Клиниката за детски болести, а двајца на Клиниката за пулмологија

ЗАМРЗНАТА ЦЕНА НА ЛЕБОТ Идејата на давањето субвенции за компаниите не беше да овозможиме да се зголеми нивниот профит, тоа нема да биде дозволено. Замрзнувањето на цените не значи дека компаниите не генерираат профит, но тој е помал“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на конференцијата „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка

ИЗВЕШТАЈ НА ЕК ЗА НАПРЕДОКОТ НА ЗАМЈАТА Извештајот за напредокот на земјата во 2022 година е објективен приказ на државата и одржливост на реформите, а ги нотира и областите каде што треба повеќе да се работи, порача вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ од собраниската говорница за време расправата по документот во Собранието, што започна денеска откако претходно поминаа дебатите во парламентарните тела.

ПЕКАРНИЦИТЕ СО ПРОФИТ ВО КОВИД КРИЗАТА Пекарниците и големите производители на леб уште од летото бараа субвенционирана цена на електрична енергија со цел граѓаните да не плаќаат скап леб, сепак тие ја искористија помошта, но одбија да ги намалат цените на лебот и да овозможат граѓаните во време на криза да купуваат евтин леб.

(ИЗБОР) Албански медиуми:

Албанската Централна изборна Комисија одлучува која ДП ќе биде регистрирана, судењето на поранешниот министер за одбрана Медиу се откажа, корупцијата и организираниот криминал во Албанија главен проблем

РЕГИОН

КОСОВО Советот на министри на Европската унија денеска во прво читање ја одобри визната либерализација за Косово. Ова преку објава на Фејсбук го објави директорот на Косовскиот институт за европска политика (ЕПИК), Демуш Шаша.

СВЕТ

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ Родовата еднаквост сè уште е „300 години назад“: остро предупредување од Обединетите нации, бидејќи повторно се слави Меѓународниот ден на жената. Во понеделникот, за време на отворањето на седницата на Комисијата за статусот на жените, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така рече дека правата на жените се „злоупотребуваат, се загрозуваат и се прекршуваат низ целиот свет“

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Хорор од дезинформации, говор на омраза и руска пропаганда за убиството на „Жила“ и „Лаци“

На 6 март 2023 година, околу 20 часот, ладнокрвно беа убиени две лица Јетон Кривањева – Жила и Енес Исени – Лаци, а едно лице беше повредено со две прострелни рани. Напаѓачите влегле во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија, и кога ги нашле “таргетите” почнале да пукаат во нив и избегале. Засега, според непотврдени информации, напаѓачите наводно биле облечени во црна облека налик на униформа по што извикале дека станува збор за полициска рација. По нападот, убијците избегала со Ауди А6 кое е најдено запалено во патот кон Горно Оризари.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Војо Маневски

Војо Маневски: Пазар и пазарење

Како новинар само ќе поставувам прашања за дебата зошто мислам дека тоа е улогата на новинарството пред јавноста. Прашање до поддржувачите на пазарните законитости: има ли пазар во нашава држава како што го дефинираат учебниците и научните дела? Како народ изгледа сме склони кон површност и робување на поимите, без да ја разгледаме до крај нивната содржина. Затоа сметаме дека со некакви административни мерки ќе воспоставиме пазарна економија и со тоа завршува улогата на државата и општеството во целост.

АНАЛИЗИ 

 

Соња Танеска: Владата на Груевски немала пари за „Сенки“ на Милчо Манчевски, па зела кредит од над 40 милиони денари

Со програмата за филмска дејност следната 2007 година преку министерството за култура за филмот „Сенки“ се обезбедени 4.600.000 денари, а за остатокот од 24.600.000 денари со Одлука на Владата овластен е тогашниот министер за култура Благој Стефановски да потпише менична изјава  за да може Манчевски да земе кредит од 43.050.000 денари, согласно потпишани договори за цесија кој ќе го плаќа Министерството за култура, поточно граѓаните преку буџетот и тоа во време кога владееше економска криза.

ЕДИТОРИЈАЛ

 

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала: Сензационална вест

Потоа, да не заборавиме на големиот придонес кој доаѓа од граѓанските организации кои, заедно со интелектуалците и уметниците, посветено работат на остварување на своите благородни мисии за промоција на европските вредности, човековите права, родовата еднаквост и мултикултурата. Особено затоа што се свесни дека тие вредности се неделиви. Навистина, трошат огромни пари од европските и светските донатори, но секое евро и долар што ги добиваат се добро потрошени. Процветаа луѓето, а кај да е, се очекува и оваа година да процветаат липите.

.Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестиизјавирегионСвет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ