ВЕСТ НА ДЕНОТ
Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија
Република Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија. Оваа финансиска поддршка ќе им помогне на граѓаните да се справат со барањата кои се појавија како резултат на енергетската криза.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Костадиновска-Стојчевска: Од антифашистичка Битола порачуваме – холокаустот никогаш да не се повтори
Нивниот најголем грев бил тоа што се Евреи, и толку. За фашистичкиот проект за чиста раса тоа било доволна причина. Денеска ние го чуваме од заборав нивното злосторство за никогаш да не се повтори. Споменот за најголемото злосторство е најголемиот кошмар на злосторниците и нивните поколенија. Едно е да наведнете глава од почит, а сосема друго е да ја наведнете главата од срам. Иако, и за тоа треба да се има доблест. На 11 март битолчани секогаш ја наведнуваат главата од почит за своите 3351 жители, македонски Евреи, за никогаш да не се повтори, истакна Костадиновска-Стојчевска.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Руска пропаганда и дезинформации Видеото од пукањето во невооружен украински војник, објавено на 6 март, стана уште еден доказ за воените злосторства извршени од руските окупатори на територијата на Украина. Про-Кремљ блогерите, руските и други пропагандисти, како и обично, го презедоа „перењето“ на угледот на руските воени злосторници
Руско ракетирање околу АЕЦ Запорижја Нуклеарната централа Запорижја беше целосно исклучена од енергија како резултат на рускиот ракетен напад врз Украина.
Руски ракетни напади врз Украина Ноќта и утрото на 9 март, Русија изврши уште еден ракетен напад низ Украина, обидувајќи се повторно да ги заплаши Украинците со своите „патетични тактики“. Непријателот дефинитивно ќе одговара за се што е сторено, напиша претседателот Володимир Зеленски на Телеграма
ФЛЕШ ВЕСТИ
НАПРЕДОК НА МАКЕДОНИЈА ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ФРИДОМ ХАУС Северна Македонија во најновиот извештај на „Фридом хаус“ насловен „Слободата во светот 2023“, има годишен индекс на слободата од 68 од можни сто поени, што е напредок од еден индексен поен во споредба со лани.
ОБЕЗБЕДЕН ЛЕКОТ ЗА ПАЦИЕНТИ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА Обезбеден е лекот „Трикафта“ за осум пациенти со цистична фиброза, од кои двајца во тешка состојба, соопшти на 9 март министерот за здравство Фатмир Меџити. Лекот ќе го примаат седум возрасни пациенти и едно дете. Шест пациенти ќе го добиваат лекот на Клиниката за детски болести, а двајца на Клиниката за пулмологија
ЗАМРЗНАТА ЦЕНА НА ЛЕБОТ Идејата на давањето субвенции за компаниите не беше да овозможиме да се зголеми нивниот профит, тоа нема да биде дозволено. Замрзнувањето на цените не значи дека компаниите не генерираат профит, но тој е помал“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на конференцијата „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка
ИЗВЕШТАЈ НА ЕК ЗА НАПРЕДОКОТ НА ЗАМЈАТА Извештајот за напредокот на земјата во 2022 година е објективен приказ на државата и одржливост на реформите, а ги нотира и областите каде што треба повеќе да се работи, порача вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ од собраниската говорница за време расправата по документот во Собранието, што започна денеска откако претходно поминаа дебатите во парламентарните тела.
ПЕКАРНИЦИТЕ СО ПРОФИТ ВО КОВИД КРИЗАТА Пекарниците и големите производители на леб уште од летото бараа субвенционирана цена на електрична енергија со цел граѓаните да не плаќаат скап леб, сепак тие ја искористија помошта, но одбија да ги намалат цените на лебот и да овозможат граѓаните во време на криза да купуваат евтин леб.
(ИЗБОР) Албански медиуми:
Албанската Централна изборна Комисија одлучува која ДП ќе биде регистрирана, судењето на поранешниот министер за одбрана Медиу се откажа, корупцијата и организираниот криминал во Албанија главен проблем
РЕГИОН
КОСОВО Советот на министри на Европската унија денеска во прво читање ја одобри визната либерализација за Косово. Ова преку објава на Фејсбук го објави директорот на Косовскиот институт за европска политика (ЕПИК), Демуш Шаша.
СВЕТ
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ Родовата еднаквост сè уште е „300 години назад“: остро предупредување од Обединетите нации, бидејќи повторно се слави Меѓународниот ден на жената. Во понеделникот, за време на отворањето на седницата на Комисијата за статусот на жените, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така рече дека правата на жените се „злоупотребуваат, се загрозуваат и се прекршуваат низ целиот свет“
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Хорор од дезинформации, говор на омраза и руска пропаганда за убиството на „Жила“ и „Лаци“
На 6 март 2023 година, околу 20 часот, ладнокрвно беа убиени две лица Јетон Кривањева – Жила и Енес Исени – Лаци, а едно лице беше повредено со две прострелни рани. Напаѓачите влегле во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија, и кога ги нашле “таргетите” почнале да пукаат во нив и избегале. Засега, според непотврдени информации, напаѓачите наводно биле облечени во црна облека налик на униформа по што извикале дека станува збор за полициска рација. По нападот, убијците избегала со Ауди А6 кое е најдено запалено во патот кон Горно Оризари.
СЛОБОДНА ЗОНА
Војо Маневски: Пазар и пазарење
Како новинар само ќе поставувам прашања за дебата зошто мислам дека тоа е улогата на новинарството пред јавноста. Прашање до поддржувачите на пазарните законитости: има ли пазар во нашава држава како што го дефинираат учебниците и научните дела? Како народ изгледа сме склони кон површност и робување на поимите, без да ја разгледаме до крај нивната содржина. Затоа сметаме дека со некакви административни мерки ќе воспоставиме пазарна економија и со тоа завршува улогата на државата и општеството во целост.
АНАЛИЗИ
Со програмата за филмска дејност следната 2007 година преку министерството за култура за филмот „Сенки“ се обезбедени 4.600.000 денари, а за остатокот од 24.600.000 денари со Одлука на Владата овластен е тогашниот министер за култура Благој Стефановски да потпише менична изјава за да може Манчевски да земе кредит од 43.050.000 денари, согласно потпишани договори за цесија кој ќе го плаќа Министерството за култура, поточно граѓаните преку буџетот и тоа во време кога владееше економска криза.
ЕДИТОРИЈАЛ
Џабир Дерала: Сензационална вест
Потоа, да не заборавиме на големиот придонес кој доаѓа од граѓанските организации кои, заедно со интелектуалците и уметниците, посветено работат на остварување на своите благородни мисии за промоција на европските вредности, човековите права, родовата еднаквост и мултикултурата. Особено затоа што се свесни дека тие вредности се неделиви. Навистина, трошат огромни пари од европските и светските донатори, но секое евро и долар што ги добиваат се добро потрошени. Процветаа луѓето, а кај да е, се очекува и оваа година да процветаат липите.
.Д. Мишев