• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Доколку Српска листа не учествува на изборите, повторно барикади; Западот да изврши притисок врз Србија за признавање на Косово

March 29, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Доколку Српска листа не учествува на изборите, повторно барикади; Западот да изврши притисок врз Србија за признавање на Косово

March 29, 2023 11:21
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Српската листа не се регистрираше за учество на локалните избори на северот на Косово, директорот на Форумот за односи меѓу заедниците во Белград, Душан Јањиќ предвидува дека повторно ќе бидат поставени барикади. Косовскиот премиер Албин Курти бара од меѓународната заедница да вложат повеќе напори за притисок врз официјален Белград за признавање на Косово.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од денешните содржини во албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Инсајдери: Јањиќ предвидува повторно барикади на северот доколку Српска листа  не учествува на изборите на 23 април

„Доколку изборите во четирите северни општини населени со српско мнозинство се одржат на 23 април без учество на Српската листа, „реално е да се очекува реконструкција на барикадите“, смета директорот на Форумот за односи меѓу заедниците во Белград, Душан Јањиќ,“,  пишува Инсајдери.

Газета Експрес – Признавањето на Косово од Србија, Курти: Неопходно е да се зголеми притисокот од Западот, тоа може да донесе резултати

„Премиерот Албин Курти вели дека дополнителен притисок од Запад може да донесе резултати во прашањето за признавање на Косово од Србија.

На прашањето дали Западот врши доволен притисок врз Белград да го признае Косово, Курти рече дека е неопходно да се вложат повеќе меѓународни напори во оваа насока, пишува Газета експрес.

РТК: Продолжува судскиот процес против Пјетер Шала

Во Специјализираниот суд  денеска трет ден по ред ќе продолжи судскиот процес против Пјетер Шала, познат како Командант „Ујку“ (Волк), со сослушување на сведоците на обвинителството.

Судскиот процес против Шала започна на 21 февруари 2023 година, каде што тој се изјасни за невин, додека Обвинителството и одбраната на жртвите ги дадоа воведните зборови.

Во својот исказ пред поротата, Пјетер Шала, обвинет за воени злосторства, изјави дека се борел против воено полициската машина на криминалниот режим на Слободан Милошевиќ, но никогаш против цивилите, пренесува РТК.

АЛБАНИЈА

Епока е ре – Поранешната обвинителка Имерај за нападот на Топ Чанел,  : Нападот беше добро организиран, не се размислувале за последиците

„Поранешната обвинителка Елисабета Имерај го нарече нападот на просториите на Топ Чанел акт на организиран криминал.

Имерај рече дека имајќи ги предвид околностите на настанот и многу други елементи, дејствијата биле добро организирани и дека сторителите воопшто не размислувале за последиците. „Судејќи според околностите во кои се случил настанот, начинот на организирање, користеното возило, рутата на движење, испуканите куршуми и инволвираните лица во него, ние сме во рамка на вистинска организација. Дејства што може да ги направи само организираниот криминал. Добро е организирано со детали.“, пренесе Епока е ре.

Визион плус: Скандалот со објавувањето на платите/ Судот ја одреди казната за 4-те службени лица под истрага

„Судот во Тирана ја донесе пресудата за четворицата функционери кои се под истрага поврзани со скандалот со објавувањето на платите на граѓаните, со што сите ги осуди на условна казна.

Судот го осуди Анди Агарај на 4 години условна казна. Тој беше под истрага за две обвиненија, за злоупотреба на службената положба и за корупција, извршена во соработка.

Во меѓувреме, другите 3 функционери, Ени Ќирјако, Клодијан Сота и Ендри Икономи беа осудени на условна казна од 32 месеци.“, пренесе Визион Плус.

КОЛУМНА

Бота сот: Русија во екот на клеветите против Албанците

„Православниот триаголник Белград-Атина-Москва отсекогаш бил центар на гравитација на непријателството против албанската нација. Белград и Атина отсекогаш комбинирале клевети со варварски злосторства од секаков вид врз Албанците. Во меѓувреме, Русија, како многу далечна земја, го користеше занаетот на клеветење, со ревност на болно мозочно суштество и продолжува да го користи до ден-денес.“, извадок од колумната „Русија во екот на клеветите против Албанците“, од авторот Ешреф Имери објавена во Бота Сот.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ