• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Одбиено барањето за помилување на Катица Јанева, во училиштe некои деца одат на настава со ножеви, кривична пријава против двајца полициски службеници за примање мито

May 15, 2023

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Одбиено барањето за помилување на Катица Јанева, во училиштe некои деца одат на настава со ножеви, кривична пријава против двајца полициски службеници за примање мито

May 15, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пендаровски го одби барањето за помилување на Катица Јанева, негативно мислење дала и Комисијата за помилување

Претседателот на државата го одбил барањето за помилување на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева. Од Кабинетот на претседателот на државата посочуваат дека негативно мислење дала и Комисијата за помилување.

– Претседателот го одби барањето за помилување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Исто така и Комисијата за помилување, која е советодавно работно тело во Кабинетот на претседателот, даде негативно мислење по барањето, наведуваат од Кабинетот на претседателот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Постојат информации дека во некои од основните и средните училишта некои деца, поединци, одат на настава, на часови со ножеви кои секако можат да предизвикаат опасности. Токму затоа е потребно сите заеднички да продолжиме да ги поттикнуваме младите да бидат повеќе посветени и повеќе внимателни во однос на употребата на било какви…, па дури и физичка сила или погрдни зборови. И булингот не треба да го заборавиме, тој е се повеќе присутен и навистина може да претставува голем проблем, изјави деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.за Цивил

ФЛЕШ ВЕСТИ

АНТИКОРУПЦИЈА Поднесена кривична пријава против двајца полициски службеници од ГП Ќафасан за „примање поткуп“ и „несовесно работење во службата“

ВЛАДА Вашингтон директно и порача на опозицијата да го поддржи европскиот пат на државата, да поддржи уставни измени и да не блокира закони од клучно значење за државата, брифираат владини извори, сумирајќи ја посетата на владината делегација на САД.

ИНТЕГРАЦИИ Како што најави на брифинг за медиумите, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски утре во Црна Гора ќе го потпише анексот на Договорот со ЕУ со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на главни коридори во регионот и во ЕУ, а тоа е и еден од аргументите на Владата за користењето европско знаменце за законските измени за проектот со „Бехтел и Енка“.

ЕКОНОМИЈА Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 процент.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Состојба Бахмут: Путин се соочува со „најлошото можно сценарио“, напредувањето на украинските сили е почеток на претстојната офанзива.

Напредувањето на украинските трупи во насока Бахмут е првиот успех на офанзивните операции во одбраната на градот; сепак, ова е само „делумен успех“, изјави командантот на украинските копнени сили, генерал-полковник Олександр Сирскиј. Според него, последните неколку дена покажале дека вооружените сили на Украина можат да се движат напред и да го елиминираат непријателот дури и во исклучително тешки услови.

АЛ-ПРЕС

Во Албанија вчера се одржаа локалните избори на кои учествуваа околу 37 отсто од граѓаните. Според последните информации, Социјалистичката партија на Еди Рама води пред коалицијата „Заедно победуваме“. Во Брисел денеска продолжува дијалогот помеѓу Косово и Србија за формирањето на Заедницата, со средби на кои фокусот ќе биде ќе биде имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите и неговиот Анекс.

Во продолжение се темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

МУЛТИКУЛТУРА

Големата конференција на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ ќе се одржи утре во 12 часот

Конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, ќе се одржи утре, 16 мај (вторник), во хотел Парк Резиденс, со почеток во 12 часот.

На Конференцијата ќе се опфатат општествено-политичките аспекти на односите меѓу заедниците, мултикултурализмот и европските вредности. Настанот се одржува и во контекст на Светскиот ден на различностите, 21 мај.

АНАЛИЗА

Плимата на војната во Украина се сврте против руските платеници од „злосторничкото здружение“ Вагнер во најжестоката битка од војната во Бахмут, а на нивниот воз, управуван од „машиновозачот“ Пригожин, кој е во константен недостиг од погонско гориво, му се заканува излетување од шините.

Тој отворено застана против највисоките руски воени лидери, „беснееше“ во видео кое, во стилот „ти кажувам ќерко, сети се снао“ беше прикриено упатено кон рускиот претседател. Пригожин упати шокантни закани дека ќе ги повлече своите трупи и ќе објави детали за неуспесите на руската војска доколку неговите сили не ја добијат потребната муниција, а сега протекоа документи дека Пригожин преговарал со Кијив да ги предаде руските позиции во Бахмут.

Некои Руси завршија мртви или во затвор за многу помалку, пишува Драган Мишев во анализата „Пригожин го кине синџирот на Путин“

 

Д. Мишев

Tags: АЛ-ПРЕСанализиВестиВојна во УкраинаизјавиМултикултура
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ