• Latest

24 ЧАСА: Самит на Берлинскиот процес-Западен Балкан во ЕУ во 2030; Украина останува приоритет на ОБСЕ, порача Османи; хаос во Газа Газа

October 16, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Самит на Берлинскиот процес-Западен Балкан во ЕУ во 2030; Украина останува приоритет на ОБСЕ, порача Османи; хаос во Газа Газа

October 16, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Лидерите на Европската Унија и Западен Балкан, денеска беа примени од албанскиот премиер Еди Рама во просториите на премиерскиот кабинет, за продолжување на Самитот на Берлинскиот процес. Албанскиот премиер Еди Рама на влезот на Самитот ги истакна разликите меѓу земјите членки и земјите кои не се членки на Европската унија. Според него, економските ветувања од Берлинскиот процес не се реализирани.

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокотот на Самиот на лидерите на Берлинскиот процес денеска во Тирана порача дека очекува конструктивни дебати за зголемување на регионалната соработка.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Како Претседавач со ОБСЕ, продолжив да ја повикувам Русија да ја прекине оваа војна, да ги повлече своите трупи од Украина, повторно да се посвети на принципите и вредностите на ОБСЕ.  Продолжувањето на оваа војна не само што ги уништува животите, домовите и надежите на луѓето од Украина, туку создава и состојба на нестабилност и неизвесност низ поширокиот регион на ОБСЕ. Украина останува централен приоритет за Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција со украинскиот МНР, Дмитро Кулеба.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Поранешната украинска амбасадорка во Северна Македонија, Наталија Задорожњук во објава на Фејсбук искажа задоволство од средба со Џабир Дерала во Украина.

*

Во руско гранатирање во Доњецк повредени 4 цивили, гранатирани 23 населби во Запорижја, тројца цивили повредени во Полтава.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БЕЗБЕДНОСТ Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска со свое обраќање учествуваше на настан посветен на Обуката за ангажирање и зајакнување на младите во борбата против радикакализација и насилен екстремизам.

*

ГАЗА Израелските сили продолжија со бомбардирањето на Газа во понеделникот, откако дипломатските напори да се договори прекин на огнот за да им се овозможи на странските сопственици на пасоши да ја напуштат и да се донесе помош во опколената палестинска енклава.

*

ОДБРАНА По повод 17 октомври – Денот на Командата за операции, министерката за одбрана изјави дека Припадниците на Армијата кои со своето учество во мултинационалните сили во НАТО, Латвија, Романија и Бугарија даваат суштински придонес кон колективната безбедност на НАТО, во најголем дел доаѓаат токму од Командата за операции.

АЛ -ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми:    Започна Самитот на Берлински процес во Тирана; Инвестициите на ЕУ за Балканот зависат од реформите; Почина Марти Ахтисари

ИНТЕРВЈУ

(ЕКСКЛУЗИВНО ОД КИЈИВ) Османи: Украина останува во фокусот на вниманието

АНАЛИЗИ

„За ширење на руската пропаганда и дезинформации во земјава, на Русија не и се потребни ни РТ, ни Тасс, ниту РИА новости, Спутник, има „плејада“ про-руски настроени медиуми, меѓу кои се чини дека предничи порталот А1он. Безпредметна станува забраната за емитување на овие руски пропагандни канали во македонскиот етер кога А1он го презема ширењето на „путиновата реч“ со истиот, несмален жар.Не е прв пат А1он тенденциозно да споделува непроверени (дез)информации пред македонската интернет публика, без потоа да објави демант, а не пак извинување откако истите ќе бидат разоткриени“, пишува Драган Мишев во „Што му е на Путин мило, на А1он му се сонило“.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Дел од македонските медиуми ширеа паника меѓу граѓаните објавувајќи лажни и непотврдени информации за наводно загинати македонски граѓани во израелско-палестинскиот конфликт. Во медиумите ММС.мк, Вести.мк, Булевар.мк, Инфомакс.мк, Читај.мк… беа објавени наслови „Загинале тројца македонски државјани во Газа? Имајќи предвид дека поголемиот дел од граѓаните читаат само наслови, оваа „вест“ ги доведе во заблуда и ги испаничи граѓаните, особено родителите и роднините кои имаа свои блиски во Израел или Газа“, повеќе во извептајот на ЦМТ „Не загинале македонски државјани во израелско-палестинскиот конфликт“

Подготви: Б. Јордановска

Tags: Берлински процесБујар ОсманиГазаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ