• Latest

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА: Македонија ринг за политичките партии, полн со нерегуларности и притисоци!

November 28, 2016
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА: Македонија ринг за политичките партии, полн со нерегуларности и притисоци!

November 28, 2016 17:51
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 

Македонија, на 13 дена до предвремените парламентарни избори, кои што треба да стават крај на политичката криза, живее во загадена клима како последица на нискиот животен стандард, но уште поконтамиринa политичка реалност како резултат на ниското ниво на политичка култура и силни влијанија на центрите на моќ, олицетворени во актерите на владејачките партии. Па, предизборието го карактеризираат изборни нерегуларности, закани и притисоци врз електоратот.

 

 

slupzan
Демолиран штаб на ДУИ во с. Слупчане

Изборна кампања со нисок степен на политичка култура

Едно лице, учесник на митингот во Охрид загина во сообраќајна несреќа, неколку се мета на физичко и многу други на вербално насилство, во оваа изборна кампања. Со цел да се обезбеди масовно присуство на митинзите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се вршат силни притисоци врз државната администрација, врз волонтери кои чекаат да им се продолжат договорите за работа, или да склучат првични договори… ова се одликите на предизборите.

Невладината ЦИВИЛ само за една недела евидентираше над 70 случаи на изборни нерегуларности од набљудувачите на терен и околу 100 пријави од граѓанки и граѓани за предвремено започнување на изборната кампања, за злоупотреба на државните ресурси, на малолетници,евидентираше случаи на корупција …

 

15139385_10154400518048381_318568981_n

 

Државната изборна комисија нема механизми за бришење на „фантомите“

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница треба да го потпише Избирачкиот список и изборниот материјал да го предаде на општинските изборни комисии согласно со роковите од Изборниот законик.

Но, Избирачкиот список иако помина неколку филтри, во кои покрај граѓан(к)ите свои забелешки доставуваа и политичките партии, остана непрочистен. Според последните објави на ДИК, Избирачкиот список брои 1.784. 524 гласачи. Меѓутоа според пријавите на граѓани само во општина Ресен, од вкупно 17.011 гласачи, околу 1000 гласачи во ИС се „фантоми“.

ДИК не одговара ниту на барањата на ЦИВИЛ, ниту на претставките на граѓан(к)ите. Наместо транспарентност,овој државен орган се одликува со речиси херметичка затвореност, иако има витално значење за кредибилитетот на овие вонредни парламетарни избори, кои што треба да стават крај на долгогодишната политичка криза во државата.

Специјално за СЈО

Во ек на изборната кампања, интензивирана работата на СЈО

Одложено е судењето за случајот „Тврдина2“ во кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) обвини седуммина вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) за противзаконско уништување на документи, 2.047 службени списи од незаконското прислушување. Следното рочиште е закажано за 17-ти јануари, затоа што според одбраната и судијката,СЈО немало дозвола од УБК да ги употребува класифицираните докази во судска постапка.Според СЈО,со ова се доведуваат во прашање и останатите постапки на Судот, во кои класифицираните докази не биле декласифицирани. Првообвинет во случајот е поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујовски. Судењето го води судијката Лидија Петровска, за која СЈО бараше изземање поради нејзиното спомнување во таканаречените „бомби“, коишто минатата година ги објави Зоран Заев, лидерот на опозиционата СДСМ.

СЈО од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал побара предметот „Сопот“, да го преземе во своја надлежност.Претседателот на Советот на обвинители, Петар Аневски потврди дека добил обемно барање, што ќе го разгледа наредниот период, но посочи дека предметот што го бара СЈО се случил одамна.

СЈО достави ново барање до Кривичен суд за добивање судска наредба за претрес во телекомуникациски оператор, од кого недостасуваат податоци за истрагата во случајот „Таргет“.

press-freedom

 

Наместо балансирано, пристрасно медиумско известување

Медиумската сфера и натаму е одраз на политичкото влијание на владејачките партии. Провладините медиуми продолжуваат со досегашната практика на фаворизирање на активностите на власта и политички маркетинг на владејачката партија, а друтите медиуми коишто се обидуваат да задржат балансиран пристап во информирањето, се спречени зашто ВМРО-ДПМНЕ одбива да учествува во дебати.

Првата недела на предизборната кампања во медиумите, според прелиминарните наоди на ЦИВИЛ-Центар за слобода се тажен и брутален одраз на реалноста во која се наоѓа македонското општество, вклучувајќи го и начинот на којшто, тоа се обидува да ја разреши политичката и општествена криза низ овој изборен процес во Република Македонија, кој многумина и меѓу самите политички актери го сметаат, можеби за најважен во нејзината историја.

Во борбата за минимум услови за одржување кредибилни избори, наместо за вистински изборен натпревар во кој медиумите служат како платформа за соочување и анализирање на политичката понуда, медиумите, во ова поларизирано  општество по политички, етнички, верски и други основи, се далеку од тоа, да бидат на нивото на задачата, да останат чувари на демократијата и јавниот интерес.
Работата на Привремената комисија за следење на работата на медиумите за време на изборниот процес и АВМУ успеваат само  малку да ги ублажат ефектите на повеќегодишното поклопување на медиумскиот простор од страна на центрите на моќ, главно од оние блиски до владејачките партии. Забележливо е сепак, дека во програмите на радиодифузерите, за разлика од порано, има повеќе простор за опозицијата.

 

Европратениците ја скенираат предизборна Македонија

Тројцата европратеници Едуард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн минатата недела ја  скенираа состојбата во Македонија, во пресрет на предвремените парламентарни избори. Според нивните оценки, политичките партии се подготвени за фер и транспарентна трка, а изборите ќе можат да се одвиваат во атмосфера на доверба и транспарентност. Сметаат дека постои дух на соработка помеѓу двете главни партии и нивните лидери за избегнување инциденти за време на изборната кампања. Тие најавија повторно доаѓање во Македонија, по завршување на изборите, кога треба да се признаат резултатите, за да продолжат реформите дефинирани во пржинскиот Договор. Едновремено европратениците го акцентираа интересот и изразија поддршка за Специјалното јавно обвинителство.

Во посета на Македонија е и австрискиот дипломат, Себастијан Курц, којшто по средбата со македонскиот колега, Никола Попоски, изјави дека „спроведувањето на слободни и фер избори, заедно со имплементација на итните реформски приоритети, ќе овозможат  Македонија да се врати на патот, кој ќе ја води кон отворање на преговори за членство во ЕУ“.

Неговото присуство на синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, и беше оценето како отворено лобирање за владејачката партија во време на избори. Но, за Курц нема ништо спорно. Тој присуствувал на митингот, како член на Европската народна партија.

Моника Талеска

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕДИКзаканиизбориНеделна анализапритисоциСДСМСЈОЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ