• Latest

24 ЧАСА: ЈО отвори истрага за случајот Онкологија; од 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење, ниту една процесуирана, велат од ДКСК; што е дезинформација-едукативно видео на ЦИВИЛ

January 31, 2024

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ЈО отвори истрага за случајот Онкологија; од 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење, ниту една процесуирана, велат од ДКСК; што е дезинформација-едукативно видео на ЦИВИЛ

January 31, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Јавното обвинителство отвори истрага за случајот со Онкологија и побара мерки за претпазливост за поранешниот директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, кој се сомничи за седум кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за „измама во службата“, како и за организацискиот директор, Нехат Нухи, кој се сомничи за „измама во службата“. Во случајот се осомничени и тројца лекари кои се товарат за помагање во „измама во службата“.

Васев, освен забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа и забрана за издавање на нова, му е изречено и оддалечување од работното место. Додека, за Нухи е побарано само забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа. По ова барање треба да одлучи Основниот Кривичен суд Скопје.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Државната комисија за спречување на корупцијата за време на петгодишниот мандат оформила вкупно 2872 предмети од кои 2788 биле по пријави од областа на спречување на корупцијата, а 84 предмети се оформени по сопствена иницијатива. При тоа решени се 2451 предмети, а биле поднесени 59 иницијативи за утврдување одговорност на раководни и службени лица и 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење. Ниту една иницијатива за кривично гонење не била процесуирана. Од нашите иницијативи за кривично гонење доставени до јавните обвинителства досега нема ниту една јавно обвинителска одлука што стасала до суд, не само од овој состав туку од постоењето на оваа институција од 2002 година навака со исклучок на „Бачило“, изјави  претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на брифинг со новинарите по повод завршување на мандатот.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Специјалистите на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана (ХУР) го нападнаа и го урнаа специјалниот комуникациски сервер на руското Министерство за одбрана, соопшти прес-службата на разузнавачката агенција во соопштение на својата веб-страница,

*

Руските пропагандисти продолжуваат да го „бустираат“ наративот за наводниот конфликт меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СРЕДБА Премиерот Талат Џафери, денеска се сретнал со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Фатос Река. На средбата, соопштија од владината прес-служба, биле пренесени честитки од премиерот на Албанија, Еди Рама, за изборот на премиерот Џафери и на на новата Влада.

БЛОКАДИ Советниците на Мицкоски продолжуваат со блокадата на проектите кои се од интерес на граѓаните во Советот на Град Скопје. Денес советниците на Христијан Мицкоски во Советот на Град Скопје гласаа против одлуката за набавка на модерни и нови еколошки автобуси, соопштија од Град Скопје.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Русинка обвинетa за „екстремизам“ поради објавување слика на виножито на Инстаграм, хомофобијата стана официјална политика на Кремљ

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: ЕУ ги повика Србија и Косово да постигнат договор пред изборите во САД и ЕУ; економијата во Албанија изградена врз загадување на животната средина; Динарот како следен предизвик за нормалноста

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

 ДОЗНАЈТЕ ШТО Е ДЕЗИНФОРМАЦИЈА ВО ПОМАЛКУ ОД ЕДНА МИНУТА

„Трол армијата“ на ВМРО-ДПМНЕ пред избори пуштена на најјако, односно во видеото во коешто говори претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ во Општина Центар, измонтираа лажно видео парче во кое насобраните граѓани наместо да извикуваат дека се Македонци, извикуваа дека се Бугари, соти во извештајот на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ „Троловите на ВМРО-ДПМНЕ шират лажно видео во кое симпатизерите на СДСМ „викаат“ дека се Бугари“

Чупеска за ЦИВИЛ МЕДИА: Борбата против дезинформациите треба да биде со секојдневно бомбардирање со факти

СЛОБОДНА ЗОНА

Во претстојниве месеци ќе имаме музика која политичарите ќе ја свират за слухот на публиката како суштина на атмосферата, избегнувајќи да одредат што тоа конкретно ќе прават за да се решат насобраните проблеми и која песна тогаш ќе ја пеат“,пишува Војо Маневски во „Да си кажеме на време!“.

Подготви: Б. Јордановска

 

Tags: дезинформацииДКСКДневникЈавно обвинителствоонкологија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ