• Latest

Ахмети на TV21 без конкретни одговори за новата влада, сите опции отворени

January 11, 2017
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ахмети на TV21 без конкретни одговори за новата влада, сите опции отворени

January 11, 2017 18:25
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашното интервју за ТВ21 на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ја интензивираше уште повеќе јавната дебата, која зема замав по објавувањето на Платформата на трите албански партии, во која се поставуваат условите што треба да ги реализира идната власт во земјава, доколку сака да ја добие поддршката нивната поддршка. Интервјуто на лидерот на ДУИ доаѓа два дена откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како лидер на партијата која освои најголем број на пратенички места на изборите на 11 декември, го доби мандатот од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да формира нова влада.

gruevski-dnevnik-1

Пред неколку дена, Груевски даде интервју за дневниот весник “Дневник”,  преку кое испрати неколку пораки до Ахмети и ДУИ. Меѓу другото, Груевски се закани дека во “ДУИ знаат како” тој ќе ја спречи оваа партија да направи влада со опозициската СДСМ. Во ова интервју, Груевски, исто така, истакна дека условите на платформата на 3 албански партии се за него неприфатливи, а ако ВМРО-ДПМНЕ, како победничка партија, биде изиграна од страна на ДУИ, тој порача дека ” ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата и тоа најмалку два мандата по ред. И ќе бидеме без каква било обврска при составувањето на владата“.

bdxd

Во интервјуто за ТВ 21, Ахмети не беше многу јасен ниту во одговорите кон пораките на неговиот долгогодишен партнер во Владата, ниту пак за идните активности на ДУИ во врска со формирањето на новата влада во Македонија. Тој претстави пет можни сценарија: ДУИ да направи влада со ВМРО ДПМНЕ, да направи влада со СДСМ, да стане дел од широка влада, да остане во опозиција или да се оди на нови парламентарни избори. За тоа која опција ќе биде избрана, Ахмети одговор очекува од анализите кои се прават во партијата, но исто така и од страна на гласачите на ДУИ, од кои Ахмети, кој, како што рече, “е на мака” да донесе решение, во овој правец ќе бара совети на средби што ќе следат деновиве. За време на интервјуто доминираше тезата дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се победници на изборите и дека ДУИ ќе го почитува принципот “победникот да прави влада со победникот”, на кој ДУИ секогаш инсистирал, иако Груевски не го почитуваше тој принцип по изборите во 2006 година, кога ја зема ДПА во владата. Но, влада без да се прифатат барањата на Платформата нема да има, истакна Ахмети.

24560_1399196267739_1635425_n
Сефер Тахири, универзитетски професор

Политичките аналитичари – Албанци од земјава, оценуваат дека Ахмети не кажал многу и ги одбегнал директните одговори, оставајќи ги сите опции отворени. “Лидерот на ДУИ Али Ахмети во вчерашното интервју не избега од неговиот познат стил во настапите пред јавноста, избегнувајќи директни одговори и избегнувајќи дебата со политичките аналитичари или пак новинари од повеќе медиуми, бидејќи претпочита класични интервјуа, што по мое мислење е непромислен чекор од аспект на ПР-от на една политичка партија “, оценува професорот Сефер Тахири.

Според него, Ахмети во интервјуто само ги претстави хипотезите кои јавноста веќе ги знае, но навести и дека новите избори се опција, секако откако македонските партии ќе ја одбијат Албанската национална платформа, ситуација која ќе ги отстрани граѓаните од граѓанскиот концепт и ќе ги врати во етничка димензија, или враќање на големите етнички теми. “Неисклучувањето  на коалиција со ВМРО-ДПМНЕ е политичка тенденција за да се покаже дека не постои подготвеност за коалиција ниту со СДСМ, и, на тој начин, Македонија да влезе во нова политичка криза, која би завршила со избори, на кои би дошла до израз етно – националистичката реторика од двете страни, а што повеќе им одговара на оние, кои го користат овој вид реторика”, истакна Тахири.

15202765_10153839737061895_2867363996345168683_n
Џелал Незири, новинар

 

Новинарот – истражувач, Џелал Незири, од друга страна, пак, смета дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се чини дека сака да се направи репозиционирање на страните во процесот на надминување на кризата, така што проблемот од политички сака да го премести на меѓуетнички план. “Сојузот на албанските партии околу една платформа беше првиот чекор кон остварување на оваа цел. Еден друг поттик даде и претседателот Ѓорге Иванов во своето годишно обраќање, кога повика на координација меѓу ВМРО и СДСМ. Ова изгледа како операција која има за цел да се подели електоратот по етнички линии, при што етничката припадност ќе биде главниот критериум во определувањето на гласачот во Македонија. Тоа е затоа што ДУИ изгуби речиси 40 илјади гласачи, за кои се проценува дека се отишле кај СДСМ, додека ВМРО не ја извојува планираната победа, бидејќи гласовите на етничките Албанци влијаеја за да има речиси нерешен резултат во бројот на пратениците “, вели тој.

Според Незири, ако се продлабочи етничкиот јаз, тогаш не може да се очекува од Албанците да гласаат на СДСМ. “Она што беше главната порака на Ахмети беше обединувањето на ВМРО и СДСМ, исто како што се обединија албанските партии. Значи, тоа е повик за редефинирање на политичките терени на двата народа, без право на мешање во теренот на другиот”, изјави Незири за ЦИВИЛ Медиа.

Во врска со формирањето на новата влада, според Незири, се чини дека Ахмети ќе продолжи да држи отворени три главни опции: коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, или пак да не прифати коалиција со никого, со цел земјата да оди на нови парламентарни избори. “Опцијата за широка влада не зависи од Ахмети, додека петтата опција – ДУИ да помине во опозиција – е помалку веројатна поради профилирањето на партијата како владејачка партија, која може да функционира само како дел од власта. Како најверојатна варијанта сметам дека е третата опција, ДУИ да одбијат коалиција и со ВМРО, и со СДСМ и земјата на тој начин да оди на нови избори. До овие избори, приоритет се чини дека ќе бидат тензиите во меѓуетничките односи и оневозможувањето на надетничкото или граѓанско гласање, како што се случи на изборите на 11 декември “, истакна тој.

Професорот Тахири, исто така, смета дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат, бидејќи е јасно дека оваа партија нема да ги прифати барањата или условите на албанската Платформа, додека новата коалициска влада ќе зависи од тоа дали и колку СДСМ и лидерот на оваа партија, Заев, ќе се охрабрат да ги прифатат политичките барања на Албанците кои веќе се препознаени како услови, како и, над сè, дали Заев ќе покаже подготвеност за компромис, или пак ќе биде жртва на ретроградни сили, кои го советуваат погрешно да не прифати ништо. “Ова, всушност, ќе значи зајакнување на биномот ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, затоа што неподготвеноста на СДСМ ќе значи дека ДУИ ќе поврати некои свои гласачи, а ќе биде потврда и на етно – националистичките тези на ВМРО-ДПМНЕ, а на овој терен, социјалдемократите, уште пред да започне играта, се сигурен губитник”, заклучува Тахири.

Крајниот рок за формирање на новата влада истекува на 29 јануари. До тогаш, новиот мандатар Груевски мора да се обезбеди поддршка од 61 пратеници во Собранието на Република Македонија, кое брои 120  парламентарци. За ова, теоретски, ќе биде доволен договор само со пратеничката група на ДУИ, која брои 10 пратеници, но тоа, според сите анализи, ќе биде влада со мала стабилност. Ако актуелниот мандатар не ги обезбеди потребните пратеници, можноста за формирање на влада треба да помине кај СДСМ, како партија која го освои вториот по големина број од пратениците на декемвриските избори.

Петрит Сарачини

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Али АхметивладаВМРО - ДПМНЕДУИЗоран Заевизбори 2016интервјуНикола ГруевскиплатформаСДСМТВ21
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ