• Latest
Џабир Дерала, ЦИВИЛ Прес центар, 3 мај 2023 (фото: ЦИВИЛ)

Стравот е нивното оружје. Нашиот арсенал е многу поголем и посилен.

March 22, 2024
Фото: Скриншот од кривичната пријава против Ана Брнабиќ / Бујановачке.рс

Тројца пратеници од српското Собрание поднесоа кривични пријави против Ана Брнабиќ за „поттикнување национална, верска и расна омраза“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

Цивилна одбрана во Газа: 20 лица загинаа при превртување на камион со хуманитарна помош

August 6, 2025

Казна за младите тиктокџии кои го ризикуваа животот за 1 минута слава

August 6, 2025
Пожар избувна во руската Ростовска област по пријавениот напад со украински беспилотни летала ноќеска на 6 август 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Украински дронови го таргетираа рускиот железнички центар во Ростовската област втора ноќ по ред

August 6, 2025

Новоизбраниот десничарски претседател на Полска, Карол Навроцки ја презема функцијата, можна конфронтација со проевропската влада

August 6, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

Висок претставник на ОН предупредува на „катастрофални последици“ од проширувањето на операциите на Израел во Газа 

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Хирошима одбележува 80 години од употребата на првата атомската бомба

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Global news

Виткоф слета во Москва на клучните разговори за избегнување на санкциите на Трамп

August 6, 2025

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Стравот е нивното оружје. Нашиот арсенал е многу поголем и посилен.

March 22, 2024 08:44
in ES-PRESS-O, ГОВОР НА ОМРАЗА, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала, ЦИВИЛ Прес центар, 3 мај 2023 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, ЦИВИЛ Прес центар, 3 мај 2023 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Откако видоа дека директната закана по мојот живот кон крајот на декември минатата година предизвика само краткотрајна врева, центрите за продукција на дезинформации и говор на омраза покренаа нов бран закани во втората половина на март годинава. Да не се стекне погрешен впечаток – валканата кампања за дискредитација и заканите се континуирани и траат веќе со децении. Овде пишувам само за неодамнешните пикови во кампањата, не дека ги нема во меѓувреме.

Јавноста треба да знае дека во валканата кампања со навреди, дискредитација, клевети, омраза и закани не учествуваат само анонимни тролови и трол армии, туку и луѓе со име и презиме, меѓу кои се познати пропагандисти (новинари, интелектуалци и други) и политички лидери или високи партиски функционери. Меѓу нив, се разбира, прикриени, се и припадници на безбедносните структури во земјата, но и од странство. Шарена дружина…

Повеќепати сум кажал дека јас не сум единствената мета на овие кампањи. Нападите и смртните закани врз мене и други поединци во јавниот, граѓанскиот, медиумскиот или политичкиот живот, имаат покомплексна намена освен да заплашат еден човек или група.

Прво и основно, се работи за напад на тоа што го работам и вредностите што ги застапувам, идеите и ставовите за кои пишувам и говорам. Тоа го подразбира и моето пошироко опкружување – организацијата ЦИВИЛ во која сум веќе 25 години, како и редакциите, односно новинарките и новинарите со кои работам, соработниците, експертите и колумнистите со кои соработувам.

Штетата што ја предизвикуваат ентитетите што се занимаваат со криминална контаминација на јавната комуникација и медиумите, не се ограничува само на интелектуалците, медиумите и граѓанското општество.

Нападите се насочени и кон пошироката јавност. Нивна цел е да ги замолкнат луѓето. Да ги заплашат и да им покажат што може да им се случи ако размислуваат со своја глава.

Трол армиите се тука за да го наметнат ставот на своите работодавци како единствено точен. Не како доминантен став, туку единствен. Ни трага од дебата и преиспитување, никој не смее да размислува различно! – тоа е нивната цел.

И за да ја остварат својата цел, радикалните и ултранационалистички, антидемократски и проруски политички и шпионско-субверзивни ентитети (кои се меѓусебно добро поврзани и координирани) се подготвени да одат докрај.

Денеска сакам да споделам неколку препораки до кои дојдов во консултација со литературата (онлајн и на моите полици), како и по разговор со ChatGPT. Значи, прашањето е: Што треба да направите кога се соочувате со говор на омраза и смртни закани? Во соработка со моите колешки и колеги во ЦИВИЛ, деновиве ќе предложиме и подетален документ со препораки што треба да направат оние што се соочуваат со напади и смртни закани.

Пред сѐ, поединците, организациите и редакциите што се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и смртни закани треба да знаат дека тие не смеат да се занемаруваат, особено не онака како што тоа го прават институциите во Северна Македонија.

Сфатете ги заканите сериозно! Иако на некој начин е установено непишаното правило „да не им се обрнува внимание“, заканите, дури и ако изгледа дека нема да се спроведат – мора да се сфатат сериозно. Тие имаат поширока цел, а тоа е да ги замолкнат и заплашат луѓето. Исто така, дури и ако постои најмала шанса тие закани да се остварат, тоа значи дека е сериозно нарушена безбедноста на луѓето што се под напад.

ЦИВИЛ со години ги документира и архивира овие напади. Тоа е важна компонента на одбраната од овие напади. Сите податоци за напаѓачите се собираат и се складираат во заштитени дигитални архиви кои се чуваат онлајн, а не во физички простор. Ова е особено важно, затоа што „екипата“ што го изврши нападот на седиштето на ЦИВИЛ, непосредно по 27 април 2017 година, си замина со „празни раце“, поточно само со компјутерска опрема и со мојата гитара. Но тоа се надополни, благодарение на солидарноста и помошта од донаторите. Архивите останаа нечепнати.

Без оглед на тоа колку се неефективни и ги игнорираат овие кампањи, треба да се контактира со институциите и да им се поднесуваат пријави за овие случаи.

Истото се однесува и на социјалните медиуми. Иако повеќето не реагираат соодветно, особено кога се работи за т.н. кодиран јазик со кој се служат пропагандистите и троловите, важно е да се одржуваат „во форма“ разните механизми за заштита од говор на омраза и навредливо однесување на социјалните мрежи.

Важно е да се остане доследен на принципите и вредностите. Гласноста е најголемиот наш сојузник. Притоа, треба да се остане пристоен и конструктивен. На дезинформациите и националистичките наративи треба да се одговори со факти и стории за напредокот и благосостојбата на општеството во кое почитувањето на човековите права и слободи е на прво место.

Не се плашете! Стравот е нивното оружје. Вашиот арсенал е многу поголем и посилен: пристојност, конструктивност, факти, почитување на различностите, почитување на човековите права и слободи.


Текстот е личен став на Авторот.

Прочитајте и: 

(24 ГОДИНИ ЦИВИЛ) Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ: По цена на својата лична безбедност, Цивилките и Цивилите ги бранат човековите права и слободи секогаш и секаде, без калкулации и без компромиси

Дерала: Нема да ме заплашат смртните закани, и нема да ме замолчат судските процеси од Мицкоски

Смртни закани против ЦИВИЛ, кампањата трае со години, институциите молчат

Директна закана по животот на Џабир Дерала: Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне

Пиштол и кама, со „Отечественная война“ на маичката: Мини портрет на „Александар Антиќ“ кој јавно се заканува со убиство на Џабир Дерала

ПОЛИТИЧКИ НЕПОДОБНИ: Под огнот на милитантната десничарска политика и пропаганда

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: говор на омразапропагандасмртни ззакани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ