• Latest

Албански медиуми: Во Тирана конференција „Албанија 15 години во НАТО-безбедносни закани на Балканот“; по барање на социјалистите ќе се „чешлаат“ албанските медиуми за руско влијание; 25 години од убиството на 86 цивили во Кралан

April 2, 2024
Фото: Скриншот од видео на Суспилне новине

(ВИДЕО) Кијив се збогува со новинарката Викторија Рошчина, која почина во руско заробеништво: Се збогуваме со Вика, но не и со нејзиниот случај

August 8, 2025

24 ЧАСА: Владата и ДИК без одговор, ДКСК со осуда за предизборната кампања на министерката за финансии; за Меџити, дивоградбите во Чаир не се предизборна тема; Германија запре со продажба на оружје на Израел

August 8, 2025

ДКСК за ЦИВИЛ: Забранета злоупотреба на функцијата за партиски цели

August 8, 2025
Фото: Принтскрин, Фејсбук на Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска

Тишината на институциите – гласна предизборна партиска промоција

August 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Германија ја запре продажбата на оружје на Израел, како одговор на планот на Нетанјаху за преземање на градот Газа

August 8, 2025

Нови директори на клиниките за неврологија и кардиологија

August 8, 2025
Фото: Микола Кулеба/Х

„Не е поразлично од каталог за робови, ова е трговија со деца“ – руските окупатори лансираат „каталог“ на украински деца за посвојување, сортирани по боја на очи и коса

August 8, 2025

Меџити очекува дивоградбите во Чаир дека нема да биле „голема“ предизборна тема, ќе има мораториум

August 8, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Гласањето за претседател на косовското собрание да биде јавно, еден кандидат може да се гласа три пати- одлучи уставниот суд; Синдикатот на РТК ќе поднесе тужба доколку до 14 август не добијат плата

August 8, 2025

Одбележување 24 години од загинувањето на 10 војници кај Карпалак во 2001

August 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Во Тирана конференција „Албанија 15 години во НАТО-безбедносни закани на Балканот“; по барање на социјалистите ќе се „чешлаат“ албанските медиуми за руско влијание; 25 години од убиството на 86 цивили во Кралан

April 2, 2024 11:16
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана, во рамките на 15-годишнината од членството на Албанија во НАТО, ќе се одржи конференцијата „Албанија 15 години во НАТО – безбедносни закани на Балканот“.

Формирање на Специјална комисија на Собранието на Албанија за координација и надзор на сите институционални активности за борба против дезинформациите и другите форми на странско мешање во демократските процеси во земјата, побара пратеничката група на социјалистите во Албанија.

Ова се само дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Денеска се одржува конференцијата „Албанија 15 години во НАТО-безбедносни закани на Балканот“

Во рамките на 15-годишнината од членството на Албанија во НАТО, ќе се одржи конференцијата „Албанија 15 години во НАТО – безбедносни закани на Балканот“.

Конференцијата ја организираат Албанскиот политички центар, Атлантскиот совет во Албанија и Центарот за безбедност на Југоисточна Европа, а на едно место се вклучени политичари, војска, професионалци, аналитичари од падот на Железната завеса во Албанија и регионот, пренесе Балкан Веб.

Панорама: Идентификување на странските интервенции во демократските процеси, барањето на ПС за формирање Комисија за дезинформации- војна против  руското влијание

Пратеничката група на СП се обрати до Собранието со барање за формирање на Посебна комисија за дезинформации.

Во барањето од социјалистите, меѓу другото, се наведува:

„Формирање на Специјална комисија на Собранието на Албанија за координација и надзор на сите институционални активности за борба против дезинформациите и другите форми на странско мешање во демократските процеси во земјата.

Специјалната комисија, преку сеопфатен и долгорочен пристап, треба да промовира идентификација на странско мешање во демократските процеси преку низа форми, вклучително и кампањи за дезинформација преку традиционалните и социјалните медиуми за обликување на јавното мислење, директна финансиска поддршка и индиректно, како и злонамерното економско влијание на јавните актери и поткопувањето на активноста на граѓанското општество.“, пренесува Панорама.

Топ Чанел: Одложена седницата во ЃККО за Бериша, поранешниот премиер бара укинување на мерката за безбедност

Се одложува судската седница за поранешниот премиер Бериша на која тој би барал укинување на мерката за безбедност „куќен притвор“.

На ЃККО присуствуваа адвокатите на Бериша, Сокол Менѓеси и Генц Ѓокутај.

Следната седница ќе се одржи на 8 април, во 13:00 часот. Причина за одложувањето е немањето обвинители, пренесе Топ Чанел.

КОСОВО

Перископи: За разлика од Лајчак, од ВВ велат дека во Брисел не се разговара ниту за регулативата на ЦБК ниту за динарот

Во новиот обид за изнаоѓање решение за динарот, Европската унија на 4 април ја започнува новата средба меѓу Косово и Србија. Претставникот на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, сметајќи дека прелиминарните средби биле корисни, напиша дека очекува да се најде решение за прашањето за Регулативата на Централната банка на Косово.

Во меѓувреме, во Косово, Движењето Ветевендосје одговори на критиките на опозицијата дека Владата разговара за внатрешни прашања.

Членот на Комисијата за евроинтеграции од ВВ Агон Батуша рече дека во Брисел не се разговара ниту за регулативата на ЦБК ниту за динарот.

„Регулативата не се дискутира во Брисел бидејќи регулативата е регулирана со уставот на Косово и е право на Косово. Се разговара како локалните Срби на Косово имаат пристап до нивните пензии што ги добиваат од Србија“, изјави Батуша, пренесува Перископи.

Бота Сот: 25 години од убиството на 86 цивили во Кралан во Ѓаковица

На 2 април 1999 година, во Кралан во Ѓаковица, српските воени и полициски сили одвоија неколку стотици момчиња и мажи од групата од 1500 Албанци кои ги напуштија своите домови за да избегаат од српските злосторства што го зафатија цело Косово. Останатите – жени, деца и старци – добија наредба да одат во Албанија.

Два дена подоцна, на 4 април, од групата момчиња и мажи кои цело време биле чувани на ливадата, опкружени со цистерни, без вода и без храна, голем број од нив биле ослободени. Приведени се 86 од нив, меѓу кои 11 малолетни.

Од тој ден, од тој момент, никој од нив не е виден жив.

Во 2013 година, Фондот за човекови права (ФДХ) поднесе кривична пријава против неколку претпоставени на Југословенската армија за воени злосторства во Кралан. Во оваа прилика беше соопштено дека телата на 18 приведени момчиња и мажи се пронајдени на масовни гробишта кај езерото Перуча, во Бајина Башта, Србија, пренесува Бота Сот.

КОЛУМНА

Коха: Што по Лајчак?

„Четири години од мандатот на Мирослав Лајчак како специјален пратеник за дијалогот меѓу Косово и Србија не го донесоа предвиденото решение. Но, не е само тој виновен.

Но сега односите меѓу Косово и Србија не се воопшто понормални од пред четири години. А сега во ЕУ има и такви кои прашуваат дали вреди да се има специјален пратеник за дијалог, да се троши толку за неговиот тим, а да нема додадена вредност. Затоа, пред да се одлучи за наследникот на Лајчак, ЕУ треба да одлучи што сака да прави со дијалогот.“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Што по Лајчак“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ