• Latest
Photo by Rob Walsh on Unsplash

Глобални перспективи: Можен ли е договор со Трамп, доколку победи, за поддршка на воените напори на Украина

July 31, 2024

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Глобални перспективи: Можен ли е договор со Трамп, доколку победи, за поддршка на воените напори на Украина

July 31, 2024 14:04
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Photo by Rob Walsh on Unsplash

Photo by Rob Walsh on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Откако преживеа обид за атентат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја обезбеди својата номинација за претседателски кандидат на Републиканската партија. Имајќи го Трамп во игра, Велика Британија и другите европски земји членки на НАТО се во одлучувачка, но и деликатна и загрижувачка позиција дали ќе ја задржат безрезервната поддршка кон Украина, коа што ветија или ќе треба да калкулираат колку еден мировен договор може да ја чини Украина. Ова е глобална тема за која пишува и Политико.

Анализата објавена од Политико во дел од македонските медиуми се пренесе делумно или само во контекст на мировните преговори со Украина, но манипулативно и во корист на руската пропагандна машинерија. Како и да е, анализата на почесниот оксфордски професор, Дерик Вајат во Политико го заслужи вниманието на Редакцијата, особено затоа што објективно ги оценува различните опции кои им претстојат на светот, а особено на Европа и Украина.

Во анализата, авторот се осврнува на тоа дека сојузниците на Трамп, како Елбриџ Колби, кој се смета за можен советник за национална безбедност на Трамп, доколку победи на изборите на 5 ноември, ја гледаат Кина како главна закана за безбедноста на САД – не Русија – и тие ја сметаат Украина како пренасочување на ресурсите потребни за да се спротивстави на Кина и да го брани Тајван.

Трамп претходно се пофали дека би можел да ја заврши војната во Украина за 24 часа – иако тоа го квалификуваше по неодамнешниот телефонски разговор со Зеленски, велејќи дека „двете страни ќе можат да се соберат и да преговараат за договор што ќе стави крај на насилството и ќе го отвори патот кон просперитет“.

Но голема загриженост предизвикува идејата на Трамп за мировно решение, бидејќи тоа може едноставно да значи Русија да ги задржи областите на Украина што ги окупира во моментов. Неодамна, тој го назначи сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс за свој потпретседател, човек кој изјави дека навистина не му е грижа што ќе се случи со Украина. Слично на тоа, Ричард Гренел – потенцијален државен секретар на Трамп – се залагаше за мировен договор за Украина што ќе ја зачува украинската територија, но ќе дозволи „автономни зони“. Термин кој може да биде код за Украина само да ги прифати своите загуби и да продолжи понатаму.

Со оглед на сето ова, доколку Трамп се врати во Белата куќа, Велика Британија и другите европски членки на НАТО би можеле да бидат соочени со тежок избор: или да прифатат принудно решение што ќе ја фаворизира Русија или да го поддржат Зеленски во отфрлањето на таков договор и да продолжи да се спротивставува на руската агресија. Во последното сценарио, Трамп може дури и да го обесхрабри несогласувањето со повлекување на американските одбранбени гаранции од сојузниците што тој ги сметаше за „ескалација“ на војната со снабдување оружје за Украина.

Кризата по овие линии би го поделила и ослабнала НАТО – до точка каде што некои сојузници би можеле да се повлечат од конфронтација со Путин и да ја повлечат поддршката од Украина.

Прашањето е дали Велика Британија би била една од тие земји или би се приклучила на коалицијата на европски сојузници во НАТО кои ја поддржуваат Украина?

За британскиот премиер Кир Стармер, пркосењето на Трамп веројатно ќе ги доведе „посебните односи“ меѓу Обединетото Кралство и САД до точка на прекин. На пример, дел од специјалниот однос е американското управување со заедничкиот U.S./U.K. базен од проектили D5 Trident, а Трамп лесно може да изврши притисок врз Стармер.

Постои можност ова да се избегне доколку европските членки на НАТО почнат да разговараат со потенцијалните советници на Трамп како Колби и Гренел за можен договор што ќе им овозможи да продолжат со снабдување со оружје за Украина.

Според Дерик Вајат, авторот на анализата објавена во Политико, вистината е, дури и ако демократ ја освои Белата куќа во ноември, заканата од Кина може да го намали дополнителното американско финансирање за Украина во секој случај. И во тој случај, Зеленски ќе мора да се потпре на европските сојузници, заедно со заемите од Г7 поддржани од приходите од замрзнатите руски средства, за да ги поддржи воените напори на Украина.

Меѓутоа, ако Трамп победи во ноември, неговите советници најверојатно ќе кажат дека војната во Украина едноставно треба да заврши за да ги спречи САД да бидат вовлечени, особено ако Русија реши да им се одмазди на членките на НАТО кои ја снабдуваат Украина. И додека Зеленски продолжува да ги притиска сојузниците за дозвола да го користи оружјето со долг дострел врз цели длабоко во Русија – нешто што Стармер го одби кога Зеленски неодамна го посети во Даунинг Стрит.

Колби, од своја страна, прифаќа дека САД имаат стратешки интерес Украина да се брани – но не ако тоа значи директна конфронтација со Русија.

Ова значи дека дел од цената на Трамп да прифати членки на европската алијанса да продолжат да ја снабдуваат Украина може да биде ветување дека нема да се дозволи употреба на тоа оружје на цели во Русија. Иако можеби, како сега, може да има исклучоци за цели во Русија блиску до границите на Украина. Тоа не ги вовлече САД во директен конфликт со Русија под претседателот Џо Бајден, така што не мора да го прави тоа ниту под Трамп.

Но, останува фактот дека, соочени со заканите од Путин вооружен со нуклеарно оружје, европските сојузници би се чувствувале безбедно да ја снабдуваат Украина само доколку Трамп ја задржи посветеноста на САД кон НАТО.

Така, со Трамп на власт, веродостојните ветувања за зголемени трошоци за одбрана ќе мора да бидат дел од секаков вид договор за да се продолжи со поддршката на Украина. И додека потенцијалните советници на Трамп би можеле да бидат приемчиви на таквите аргументи во принцип, прашање е дали членките на НАТО реално би можеле да го испорачаат она што неговите советници би очекувале да го видат.

Колби јасно стави до знаење дека мисли дека европските сојузници треба да трошат 3 до 4 отсто од БДП за одбрана. Сепак, постои мала можност некои од најважните украински добавувачи на воен хардвер – како Белгија, Франција, Германија, Холандија и Велика Британија – да потрошат 3 отсто од БДП за одбрана во догледна иднина.

Како што рече, трошоците за одбрана на европските членки на НАТО се зголемуваат, со дополнително зголемување на 2,5 отсто од БДП назначено од Обединетото Кралство и сè повеќе воено мускулна Полска на курс за 5 отсто во 2025 година. Значи, можно е сојузниците да дојдат до формула која би ги убедила советниците на Трамп дека не треба да ѝ наметнува мировен договор на Украина, и наместо тоа да ја остави воената поддршка на земјата на европските сојузници – со одредено таргетирање.

Ова не би му се допаднал на Зеленкси, но, во најмала рака, лошиот договор со Трамп може да го одложи полошиот договор со Путин.

Подготви: Б. Јордановска / ЦИВИЛ МЕДИА


извор: Политико (анализа на Дерик Вајат, почесен униферзитетски професор по право на Оксфорд)
Print Friendly, PDF & Email
Tags: КинаНАТОПутинруска агресијаТрампУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ