• Latest
Illustration: Anthony Russo for Education Week

СЕГРЕГАЦИЈА: „Посебните училишта“ се дел од мрачното минато – и таму треба да останат!

September 10, 2024

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

СЕГРЕГАЦИЈА: „Посебните училишта“ се дел од мрачното минато – и таму треба да останат!

September 10, 2024 14:46
in КОМПАС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Illustration: Anthony Russo for Education Week

Illustration: Anthony Russo for Education Week

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Вниманието на еден текст за инклузивното образование, објавен на Нетпрес, ми го сврте еден жесток коментар на колумнистката и универзитетска професорка Емилија Целакоска. Текстот го пишува извесен виш просветен инспектор во пензија. На крајот од текстот преполн со фрапантни конзервативни ставови, авторот дава препорака да се вратат „посебните училишта“ за лицата со попреченост или, како што тој ги нарекува „попречени лица“ (не е смешно). Воедно, низ текстот и во „препораките“ тој (крајно паушално) ги дисквалификува УНИЦЕФ и поранешната влада кои ги укинаа посебните училишта и ги интегрираа во редовното образование. Непотребно е да се нагласи дека се работи за веќе вообичаена пракса во земјите во кои веќе одамна владеат принципите на недискриминација и инклузивност. Тоа треба да е познато од општа култура.

„Препораките“ за враќање на „посебните училишта“ не би го заслужил вниманието на авторот на овие редови да не беше споменатиот текст напишан на начин што побудува сомнеж дека е увертира во менување на законот, односно враќање на антихуманата сегрегација во образованието. Тој заклучок може да се извлече и од неодамнешните потези на владата на Мицкоски со кои не беа обезбедени образовни асистенти, за потоа да се најдат разни изговори, меѓу кои и оној смешниот – дека не може однапред да се знае бројот на ученици што имаат потреба од асистенција.

Што се однесува до „препораката“ за враќање на сегрегацијата, знам добро за што зборувам. Пред 24 години, во 2000-та, токму ЦИВИЛ, во соработка со неколку активисти и Фондацијата Благовестие, но и со поддршка на владата на ВМРО-ДПМНЕ што во тоа време ја водеше Љубчо Георгиевски, ја промовира идејата за деинституционализација.

Дури две децении подоцна, владата на Зоран Заев, со Мила Царовска, како поранешна министерка за труд и социјална работа, а подоцна и за образование, конечно го почнаа и спроведоа процесот на деинституционализација. Царовска го најави овој процес во говорот на конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2019“. Таа тогаш на говорницата, а потоа и во ФБ објава кажа: Со процесот на деинституционализација покажавме дека заштитата на човековите права е наш приоритет. Реформата за социјалната заштита чека во парламентот и се надевам дека пратениците ќе ја изгласаат со консензус затоа што со неа ја намалуваме сиромаштијата, но и детската сиромаштија.

Токму така, се работи за заштита на човековите права!  

И сега, некој таму заговара враќање на институциите на ужасот за една категорија наши најмлади сограѓанки и сограѓани. Институции на ужасот ги нарекувам затоа што самиот знам како изгледаа „посебните“ или „специјалните“ институции. Прво, како новинар на политичкиот магазин „Форум“ во 1999, а потоа и како активист на ЦИВИЛ во 2000 година.

Текстот што го споменав на почетокот, а уште повеќе можноста, макар и најмала, за враќање на „посебните училишта“ ми предизвика гадење и револт. Немам посоодветни изрази од оние во ФБ објавата на проф. Целакоска за идејата за повторна сегрегација: Смрдите до небо фашисти! На децата им беше добро со инклузија сѐ додека не ја извадивте главата од под земја и тргнавте во зомби поход со неостварената желба за нивна сегрегација! Тие деца ли ви пречат најмногу од сѐ? Ама ако ви се собереме, лесно ќе најдеме што вистински ви пречи!

Неприфатливо е ваквото резонирање, дури и да е само бладање на некој си пензионер, бидејќи се работи за некој што го поминал работниот век како просветен инспектор. Тоа покренува и други, навистина тревожни прашања.


Teкстот е личен став на Авторот. Извор: ЦивилМедиа

Фото: ЦИВИЛ

РАФАЛ е рубрика што се отвори на крајот на април 2017 година. Точно 110 колумни објавени во таа рубрика се дел од истоимената книга од Џабир Дерала во издание на ЦИВИЛ, објавена во мај 2018 година.

Tags: дискриминацијаинклузивностобразованиеобразовни асистентисегрегацијачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ