• Latest

Зборуваме за изборите во САД – политичкиот стратег Ким Девлин: Дезинформации, руско влијание и безбедност

November 5, 2024

24 ЧАСА: Една изборна единица влезе во Собрание; Мицкоски тврди дека сме во топ 5 економии во Европа; Коридорите спречени од неефикасноста; Русија во шок по украинскиот напад

June 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

„Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

June 2, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците ќе ги добијат платите кога ќе се донесе Законот

June 2, 2025
Фото: Скриншот

Стармер: Британија преминува во воена подготвеност – зајакнување на НАТО и забрзан развој на воена технологија

June 2, 2025

ЕК за укрaинско-руските преговори во Истанбул: Украина одлучува за условите за мировните преговори

June 2, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Договорот помеѓу Албанија и Грција за Јонското море повторно на маса; Пензискиот договор со Италија ги гарантира правата на околу 500 илјади албански граѓани; Не успеа ниту 25-от обид з конституирање на косовското собрание

June 2, 2025
Фото: УНИЦЕФ

УНИЦЕФ: Децата и младите против врсничкото насилство и говорот на омраза на интернет

June 2, 2025
Фото: миа.мк

Нова рунда преговори Белград-Приштина во Брисел

June 2, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

Реформска агенда: „Жежок“ јуни за Македонија, ја чека многу работа за да ги добие парите од ЕУ

June 2, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Час поскоро преговори за членство во ЕУ, расчистување на криминалот, вработувања за невработени со факултет- и порачаа граѓаните на власта

June 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Зборуваме за изборите во САД – политичкиот стратег Ким Девлин: Дезинформации, руско влијание и безбедност

November 5, 2024 19:36
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗБОРИ ВО САД, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Добредојдовте во Currents: Global Perspectives Unplugged. На само еден ден од денот на изборите, ни се придружува политичкиот стратег Ким Девлин за да разговараме за итните прашања кои влијаат на гласањето во САД. Од раздорна реторика и бранови на дезинформации до руско влијание и безбедност на изборите, ги истражуваме итните предизвици со кои се соочуваат гласачите и демократијата.

На само малку повеќе од еден ден пред клучниот политички настан во Соединетите Држави и глобално, изборите во Соединетите Држави, го гледаме овој политички процес како еден од најважните, ако не и најпредизвикувачкиот процес во светот и веројатно во поновата историја на Соединетите Држави, ако не и во целата историја на Соединетите Држави кога зборуваме за избори.

Со исклучиелно разединувачка реторика, барем од републиканскиот кандидат, г-дин Трамп, со лавини, ако не и урагани на дезинформации и лажни наративи, како што се тие ги јадат кучињата, тие ги јадат мачките и миленичињата, или други лажни наративи што сме слушнале, вклучително веќе и подготвување на делот на републиканците, или поточно, следбениците на МАГА, за тоа дека изборите ќе бидат украдени, како и засилените безбедносни мерки низ САД, имајќи предвид дека тензиите се доста високи, а изборната трка меѓу кандидатите – потпретседателката Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп, трката е изедначена, многу тензична и пропратена со многу упади од странски, глобални странски центри на моќ, главно од Москва, постојат докази за руско влијание веќе во минатото како и во овој изборен процес.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со сето тоа кажано и со сé што допрва треба да се открие, зборувам со Ким Девлин, политички стратег од Соединетите Американски Држави. Во Њурок е 13.00 часот и 19.00 часот во Скопје, Северна Македонија и би сакал да кажам здраво Ким, како сте?

ДЕВЛИН: Добро сум, вознемирена сум, но добро.

ЦИВИЛ МЕДИА: Можам да замислам. Па, мислам дека не можам да замислам колку сте зафатени, но тоа значи дека треба да продолжам директно со прашањата кои се најгорливи во моментот, така што ќе преминам на прашањата. Каква е состојбата на изборното поле сега во САД, на само ден и пол, да речеме, пред изборите?

ДЕВЛИН: Па, знаете се чини дека е мртва трка, никој не може да каже. Единствените двајца во цел САД на кои се чини им е јасно кој ќе победи се двајцата кандидати, Камала Харис и Доналд Трамп и нивните соодветни табори. Но, знаете анкетите се чини дека се изедначени, особено во државите на бојното поле. И знаете, морам да ви кажам дека веќе не сум сигурна колку навистина им верувам на анкетите. Мислам, секако, се потпирам на нив во моите кампањи на кои работам. Тоа е како, знаете, за мене, ако не ги искористиш своето анкетирање за да помогнеш да се вклучиш во твојата стратегија, тогаш некако леташ на слепо и тоа никогаш не сакам да го правам.

Знаете, како дури и јас да станав цинична, што навистина е тажно, затоа што никогаш, никогаш не сум била цинична. Но, потоа мислам, добро, колку тие ја играат оваа „мртва трка“ за медиумите, па луѓето остануваат во тек? Мислам, да бидам искрена, тоа секако им помага на двете кампањи да бидат во мртва трка, затоа што тогаш вашите подржувачи мислат дека треба сé повеќе и повеќе да работат, што е одлично, знаете, што е добро. Морам да ги замислам и двете кампањи на тој начин, но, не знам. Мислам ќе ги знаеме резултатите кога ќе ги знаеме. Но, има работи, знаете, некои луѓе велат, па, акетите, не ги опфаќаат сите гласови. Знаете, Трамп секогаш има слаби резултати на анкетите. Но, тоа го кажаа во 2020 година, а тој многу солидно изгуби во 2020 година. Па знаете, еден интересн факт што јас цело време го зборувам тука во САД а тоа е како Трамп, повторно мое мислење, го изгуби гласањето на народот во 2016 година. Тој навистина го освои Изборниот колеџ, што го направи претседател. Не сум сигурна колку руското влијание влијаеше на тоа. Мислам доста. Но, фактите се дека тој го загуби народниот глас, го освои Изборниот колеџ.

Тоа беше во 2016 година, што не беа федерални избори, но, имаше многу општински избори низ земјата, а републиканците поминаа страшно. Демократите, всушност поминаа навистина солидно. А во 2018 година, се извинувам, да, имаше федерални избори. Демократите и луѓето од конгресот поминаа многу подобро отколку што се очекуваше на тие избори. Потоа ги имате изборите од 2020 година, на кои Трамп јасно ги загуби и народното гласање и Изборниот колеџ, на кои Претседателот Бајден стана претседател. А потоа ги имавте изборите од 2021 година, кои повтрно беа општински избори ширум земјата. Демократите поминаа одлично, републиканците ужасно. Ги имавте и во 2022 година. Јас сум во Њујорк во моментов, всушност на Лонг Ајленд, ние всушност не поминвме добро на конгресните избори на Лонг Ајленд, но тоа немаше никаква врска со претседателските. Тоа беа целосно локални прашања тука. Но, во останатиот дел од земјата, демократите поминаа одлично. Републиканците поминаа ужасно. Значи, факт е дека Трамп не е толку успешен на денот на изборите. Знаете, ќе видиме што ќе се случи во вторник. Но, тој, тој изгуби многу повеќе отколку што освои, што е чудно бидејќи тој беше претседател четири години, а уште почудно е кога ќе размислите за неговото влијание врз републиканската партија и барем веројатно половина од земјата.

ЦИВИЛ МЕДИА: Да, точно. Но, знаете, се чини, барем од другата страна на океанот, дека наративите кои се промовираат од страна на кампањата на г-дин Трамп се сосема видливи. А сега знаеме дека руските и неколку други глобални пропагандни центри му помагаат во ширењето на дезинформациите и лажните наративи, како што е мачките и кучињата, јадење мачки и кучиња. Кои се главните наративе сега на МАГА следбениците на г-дин Трамп и МАГА следбениците кои всушност го привлекуваат вниманието на гласачите на Соединете Држави, но и глобалното внимание?

ДЕВЛИН: Значи, од самата кампања, тоа се лажни вести, но не доаѓаат од надвор, од лоши актери, тоа се всушност кампањата на Трамп и неговите следбеници, особено следбениците на МАГА. Мислам, ако ги слушате, знаете, го имаме нивниот збор „илегалци“, ви ја водат државата, ви ја превземаат нашата држава, и дека само поради Џо Бајден и Камала Харис, знаете, нашата економија, ако ја изберете Камала Харис, ќе немаме работа, ќе немаме трговија. Доналд Трамп всушност вчера рече дека ако Камала Харис победи, дека Соединетите Држави ќе влезат во длабока депресија, во стилот на Хувер, во рок од три дена. Значи, тие навистина ја засилуваат реториката. Мислам дека тоа доаѓа од очајот и малку, знаете, од неговата стратегија, која се чини дека фрла сé на таванот за да види што ќе се залепи. А тажниот дел е што нешто ќе се залепи. Добрата вест е што се лепи само на луѓето кои веќе го поддржуваат него. Значи, тоа е она што самата кампања, самата МАГА сила го разглласува. Го спомнавте влијанието од надвор, знаете од нациите. Да, дефинитивно Русија, мислам и Иран, Кина, и тие се многу пософистицирани од тоа што беа во 2016 година, па дури и во 2020 година. Тие се многу посифистицирани, всушност многу потешко можат да се следат, што е страшно. Тие целосно ја користат вештачката интелегенција, со тоа што знаете ако е Чет ГПС или што и да е затоа што всушност ФБИ неодамна испрати известување дека има две видеа кои се доста широко споделувани, а кои се целосно лажни видеа и се следени назад до Русија, дека се создадени во Русија, иако не знаат точно кој тоа го направил, но тие се во Русија, тие се во Москва. Значи, еден од нив е, знаете, го спомнавте јадењето мачки и кучиња, а тоа беа Хаиќаните и мислам дека беше Спрингфилд, Охајо, не можам да се сетам сега. Тотално смешно, тотално лажно, тотално измислено. Но, сега имаат видео кое се чини дека се врти на интернетот како Хаиќаните, „илегалците“, гласаат на нашите избори, како влегуваат предвреме да гласаат.

ЦИВИЛ МЕДИА:  Со неколку различни лични карти. Тоа беше дезинформацијата. Всушност, целата дезинформација.

ДЕВЛИН: Тоа е целосно лажно. И знам дека вие знаете, вие веројатно сте на чело на организација, знаете дека мора да бидете малку дипломатски, потенцијално за тоа како зборувате. Едновремено работев за „Media Matters for America“, која беше група од типот на набљудувачка група овде во САД, медиумски набљудувач, и нам не ни беше дозволено да го користиме зборот лага или лажна, тоа беше дезинформација мислам.

Подготви: Д. Мишев

Транскрипт и превод: Н. Цветковска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дезинформацииизбори САДруско влијание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

    Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Рамбл, инвестицијата на Крис Павловски во Македонија, дел од пропагандната мрежа на Кремљ

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ