• Latest
Photo by Eric Prouzet on Unsplash

ЦИВИЛ: Можност за пријавување кршење на човековите права достапна за граѓаните

December 1, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ: Можност за пријавување кршење на човековите права достапна за граѓаните

December 1, 2024 12:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Photo by Eric Prouzet on Unsplash

Photo by Eric Prouzet on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Скопје, 1 декември 2024

ЦИВИЛ ја подобри и реактивира онлајн платформата за пријавување кршење човекови права, која овозможува безбедно и доверливо пријавување случаи на дискриминација, полициска бруталност, закани, притисоци, уцени или насилство од страна на службени лица, политички партии или групи.

Платформата е дизајнирана на тој начин што овозможува анонимност и доверливост, како и секогаш порано, овозможувајќи на граѓаните да пријавуваат без страв од последици. Граѓаните се охрабруваат да ги споделат своите искуства, што ќе помогне во следењето, документирањето и справувањето со повредите на основните човекови права.

Како функционира

  1. Формуларот е на македонски и албански. Пријавата може да биде на било кој од тие јазици;
  2. Задолжителни полиња во формуларот се описот, локацијата и датумот на инцидентот / случајот што се пријавува;
  3. Доколку постојат, пожелно е да се прикачат докази, како фотографии или видеа.

Лични податоци не се бараат освен ако пријавувачот не избере да ги внесе за понатамошна комуникација со организацијата. Секој извештај се третира со највисоко ниво на доверливост, така што имињата на лицата што пријавуваат нема да бидат споделени со јавноста или со било која институција или медиумите.

Зошто пријавувањето е важно

Со пријавување на повредите, се помагаат напорите да се открие и разобличи неправдата и да се засили борбата за заштита на човековите права. Придонесот на секој поединец е клучен чекор за одговорност и правда.

Како да се пристапи до формуларот

Формуларот е достапен на овој ЛИНК. Повеќе информации за оваа иницијатива може да се најдат на медиумската платформа на ЦИВИЛ, ЦивилМедиа на македонски, Drejt на албански и CivilToday на англиски.

„Придружете ни се во борбата за правда и човековото достоинство. Заедно можеме да направиме разлика“, повикува организацијата која оваа акција ја обновува на волонтерска основа, без финансиска поддршка од било каков донатор.

ЦИВИЛ е организација за човекови права, демократија, еднаквост, правда и правичност, основана пред 25 години, во 1999 година, како изворна граѓанска иницијатива што потекнува од граѓанките и граѓаните. Во својата 25-годишна историја, ЦИВИЛ стана една од најпознатите организации во земјата подеднакво почитувана и поддржана од сите заедници во земјата, за што сведочат бројните изјави (линк) од видни личности во општеството и политиката.

ЦИВИЛ

 

Tags: дискриминацијазаканинасилствополициска бруталностпријавачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ