• Latest

Ќе најде ли време Хан и за Иванов?

March 21, 2017

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќе најде ли време Хан и за Иванов?

March 21, 2017 11:14
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарот за проширување и добрососедски односи Јоханес Хан, денеска е во Скопје. Агендата на Хан предвидува средби со лидерите на парламентарните политички партии.

Неговата работа посета започнува во 14 часот, за кога е закажана првата средба со претседателот на Беса, Билал Касами.  Потоа, еврокомесарот ќе се сретне со лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села. По едночасовните средби со Касами и Села, според агендата во 16.30 часот, Хан ќе се сретне со Али Ахмети, од ДУИ.

Средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев е закажана за 17.45 часот. Последен на официјалната агенда на Хан, е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Дали Јоханес Хан ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, сé уште е неизвесно. Иванов вчера беше во работна посета на Унгарија, и не се знае кога се враќа во земјава. Сепак, не е исклучена можноста за средба Хан-Иванов, доцна вечерва по последната средба со Груевски, која е предвидено да заврши во 21.15 часот.

На денешните средби се очекува Хан да го потврди својот став во однос на формирањето на нова влада. Toa го најави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич во петокот. Таа изјави дека Хан во Скопје ќе ја повтори цврстата порака на ЕУ да се почитуваат изборните резултати и да се овозможи демократските процеси да продолжат и брзо да се формира влада што ќе продолжи да го имплементира Договорот од Пржино.

„Прифаќање и почитување на изборните резултати и правото на лидерите да се обидат да формираат влада е знак на зрела демократија. За попречување и за поткопување на таквите напори, нема место во демократскиот процес. Оттука, очекуваме сите страни да ги почитуваат демократските принципи и стандарди, да се вклучат конструктивно за да се најде основа за заедничка работа и за соработка, наместо да се трага по можности за поткопување на едни со други. Таквите пристапи во минатото ја однесоа земјата во криза. Тие мора да се избегнуваат од сите страни, без разлика дали се во владата или се опозиција. И владата и опозицијата имаат улога и значење во функционирањето на демократија и ја формираат иднината на земјата“, изјави Хан, откако Иванов одлучи да не го додели мандатот.

Еврокомесарот за проширување во Македонија доаѓа заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Tags: Али АхметиБилал КасамиЕУЗијадин СелаЗоран ЗаевизбориЈоханес ХанНикола Груевскиполитичка криза
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ