• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивограба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
Tens of thousands join national strike in Belgium over welfare cuts
Source: Screenshot Euronews

Национален штрајк на големите синдикати во Белгија ги погоди јавниот превоз, аеродромите и бродовите

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
Фото: Скриншот Х на „Патриотско друштво“

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025 17:37
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Само четири дена пред изборите, политичката сцена е во завршна фаза на кампања. Партиите и кандидатите ги интензивираат активностите на теренот, објавуваат последни пораки до гласачите и ја подготвуваат својата стратегија за денот на гласањето. Во оваа „Изборна хроника“ ќе ги следиме најзначајните настани, изјави и реакции кои го одбележуваат денот.

Партиите од власта се фокусираа на презентација на постигнувањата и најави за идни проекти, додека опозицијата ги промовираше своите алтернативи и критики. Помалите коалиции и независните кандидати се концентрираа на директна комуникација со гласачите и локални активности. На терен се забележува интензивно движење на волонтери и активисти, а граѓаните активно ја следат кампањата.

КАНДИДАТИ И ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ 

ВМРО-ДПМНЕ: Јорданов нуди визија, план и проекти за Штип и штипјани

Иван Јорданов е вистинскиот избор за градоначалник на општина Штип и во следните 4 години. Јорданов со својата работа, посветено и одговорно работење докажа дека Штип може и мора да се развие во модерна, европска и урбана општина, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска јавно укажуваме на скандалозен судир на интереси, непотизам и директна злоупотреба на изборниот процес во Општина Зелениково, во режија на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението од прес – конференција на СДСМ, Александар Алексовски, Правна комисија

Во Општинската изборна комисија на Зелениково за претседателка е назначена Елена Маневска Јовановска, сестра на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ – Коста Маневски.

Герасимовски: Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Во разговорите со центарци, тој најави дека во новата програма надоместокот за новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари, се наведува во соопштението од СДСМ.

Ѓорѓиевски: Достоинствен живот на возрасните, лицата со попреченост, ранливите категории граѓани на Скопје

Грижата за луѓето не е популизам, таа е суштината на јавната служба. Кога се грижиме за старите, кога ги поддржуваме ранливите и содаваме услови секој да живее достининствено, тогаш градиме Скопје што не е поделено по класи или можности, туку обединето околу човечноста, порача Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за идниот развој на Скопје.

Шукова: Јавните претпријатија се заробени од партиски интереси

Скопје денес изгледа запуштено, нечисто и хаотично, затоа што јавните претпријатија се заробени од партиски интереси, долгови и неспособни раководства. Граѓаните плаќаат за услуги, а добиваат насобран смет, нефункционален јавен превоз и хаотична инфраструктура. Мој приоритет е вистинска реформа на јавните претпријатија да им служат на граѓаните, а не на партиите, изјави денеска кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ и коалицијата, Каја Шукова.

Бакиу: Стоиме пред одлука која ќе определи како ќе изгледа Скопје во следните четири години

Стоиме пред одлука која ќе определи како ќе изгледа Скопје во следните четири години. Со жалење мора да признаеме дека оваа власт што ја гледаме денес, воопшто не беше блиску до очекувањата на граѓаните. Денес не доаѓам да ветувам, туку да зборувам за морална обврска за одговорноста што сите ја имаме кон нашиот град. Скопје, нашиот заеднички главен град, со години живее во хаос, запоставеност и неодговорност. Институциите се изморени од политиката, јавните претпријатија се претворени во вистински хаос од лошо управување, а граѓаните се изморени од чекање, се вели во соопштението од ВЛЕН.

Лабудовиќ: Безбедноста на децата и условите за учење се обврска на секоја општина

Нема поголема инвестиција од онаа во децата. Тие се нашата иднина, нашата сила и најголемата причина да градиме подобар Центар,“ порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, се наведува во соопштението од ЗНАМ.

Шабан Салиу: Шуто Оризари повеќе нема да биде нечија приватна сцена, ќе биде ваша општина

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари од редовите на Демократските сили на Ромите(ДСР) д-р Шабан Салиу,  во видео порака до граѓаните повика на промена на политиката во оваа скопска општина и на избор на патека што носи конкретни резултати за граѓаните.

Движење ЗНАМ: Најголемата депонија во Центар е неспособната локална власт на СДСМ

СДСМ, како цела држава, така и во Центар е во тотален распад на идеи, резултати, но очигледно и на нерви. Наместо да одговорат зошто четири години ништо не сработија, зошто премолчуваат на дивоградби кои никнуваат пред нивните очи, тие повторно се вплеткуваат во лаги, спинови и соопштенија напишани во нивните мувлосани партиски канцеларии, далеку од реалноста, се наведува во соопштението од Движење ЗНАМ.

Меџити: Чаир е нашето срце и нашата душа, работиме секој ден за граѓаните

„Секојдневно градиме улици, канализација, водовод, осветлување. Градиме и развиваме, затоа што тоа го бараат граѓаните. Затоа што Чаир е нашето срце, затоа што Чаир е нашата душа!“, со оваа порака го започна денот кандидатот на владејачката коалиција ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, се вели во соопштението на ВЛЕН.

Бајрам Реџепи: Ќе обезбедиме пензионерите да имаат свој претставник во Општинскиот совет

Кандидатот за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи од Националната Алијанса за Интеграција денес одржа средба со пензионерите во нивното Здружение во Тетово.  Соопшти дека со претставниците на Здружението на пензионерите, разговарале за реалните предизвици и потреби на оваа генерација на луѓе од Тетово.

Левица: Обвинителство итно да постапи по кривичната пријава за кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски

Последниот случај со поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за непостапување по службена должност и толерирање дивоградби во Драчево, против градоначалникот на Кисела Вода, а сега кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓеоргиевски, објавено во „Слободен печат“, е уште една потврда за тесната поврзаност меѓу власта, бизнис интересите и урбанистичката мафија која со години го уништува Скопје, се наведува во соопштението од Левица.

Костовски: Ќе изградиме Дом на култура во Бутел
Плоштадот ќе се простира на 3000 метри квадратни. Домот на култура ќе се простира на 900 метри квадратни. За овој проект се потребни 100 милиони денари. Истите ќе бидат обезбедени од страна на буџетот на општина Бутел, најави кандидатот и актуелниот градоначалник на општина Бутел, Дарко Костовски.
ДИК: Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори
Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари. Државната изборна комисија (ДИК) врши достава недоверливиот изборен материјал до сите општински комисии, а в четврток и петок ќе се доставува и доверливиот изборен материјал. Тоа беше соопштено на денешната 144. седница на ДИК.
ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска информираше за поднесените извештаи од учесниците на изборите за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања за Локални избори 2025, коишто се поднесуваат на 11-от ден од изборната кампања. Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од вкупниот број на учесници во изборната кампања, посочуваат од ДКСК.

МОНИТОРИНГ И АНАЛИЗИ

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, во рамки на набљудувањето на локалните избори 2025, констатира повеќе случаи на злоупотреба на (сопствените) деца и малолетници за време на предизборната кампања од речиси сите кандидати во трката за градоначалник. Децата станаа реквизит во трката за градоначалник. Политички поени на грбот на најмладите, се наведува во анализата на мониторинг тимот на ЦИВИЛ – „Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!“. 

ЦИВИЛ повторно апелира до институциите, партиите, медиумите и родителите: веднаш да престане вовлекувањето на децата во политиката. Институциите мора да реагираат со решителни санкции против сите кои ќе се обидат да ги користат децата за свои политички цели.

Политичка злоупотреба на деца

„Политичката злоупотреба на деца е строго забранета со закон! Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата јасно утврдува: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.Заштитата на децата е законска обврска, а злоупотребата мора да престане – веднаш!

Говор на омраза 

Пред неколку дена фудбалската репрезентација на Албанија ја совлада Србија на стадионот „Дубочица“ во Лесковац. Овој историски триумф за Албанија предизвика голема прослава меѓу Албанците во Северна Македонија, но и во други делови од светот каде што живее албанско население. Веднаш по победата, улиците на Скопје, Куманово, Тетово и други градови беа преплавени со славенички колони.

Сепак, во Тетово беа забележани и инциденти. Дел од присутните, најверојатно припадници на навивачката група „Балисти“, извикуваа навредливи и шовинистички пароли, меѓу кои и со содржини против Македонците и Србите („македонско девојче – најголемо ку***че“, „каурски пи**и“, „умри Србија“, „УЧК“…). На социјалните мрежи се појавија видеа со вакви скандирања, меѓу кои и повици на етничка омраза.

Во Скопје, полицијата привремено го ограничи движењето во централното градско подрачје, со цел да спречи евентуални инциденти. Ваквата одлука предизвика политички реакции – симпатизери на ДУИ ги обвинија претставниците на ВЛЕН дека, откако се дел од власта, „се гази врз достоинството и слободата на Албанците“, во анализата од Дехран Муратов во соработка со ЦХТМ, „По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори“. 

Руска пропаганда

Пред локалните избори во Северна Македонија се забележува зголемена активност на руската пропаганда преку пренесување на про-руски наративи во дел од македонските медиуми, кои имаат за цел, иако се работи за локални избори, да го зголемат анти – ЕУ и анти-западното расположението кај таргетираниот дел од гласачкото тело.

Така, повеќе македонски медиуми, познати од претходно по зачестеното некритичко пренесување на наративите на руските функционери и пропагандисти, се наведува во анализата „Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми“, од Драган Мишев во соработка со ЦХТМ. 

Предизборни наративи – албански политички кампус 

„Во текот на изборната кампања, ДУИ го користи терминот „референдум“ како централна точка за својата стратегија, истакнувајќи го значењето на секој глас за иднината на државата. ВЛЕН, од своја страна, ја нагласува одговорноста на локалните власти и резултатите од нивното 20-годишно владеење, со фокус на конкретните локални потреби и критика на долгогодишните пропусти.

Гласачите се соочуваат со две паралелни рамки: една што ја поврзува волјата со национални и европски вредности, и друга што ја оценува локалната одговорност и резултатите во општините. Овие позиции ја покажуваат сложеноста на албанскиот политички кампус и предизвиците пред изборите на 19 октомври 2025, но и пост изборното расположение на граѓаните, откако ќе „спласне“ предизборната еуфорија и се премине на исполнување на ветеното.“, пишува Дијана Тахири во анализата „Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња“. 

Подготви: Д. Тахири
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ