• Latest

Средба Хан – Џафери: Иванов да извлече поука од насилствата!

May 5, 2017
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – има ли пилот во авионот?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Хан – Џафери: Иванов да извлече поука од насилствата!

May 5, 2017 12:55
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„По долга криза која кулминираше со насилство против пратеници од новото парламентарно мнозинство, на Македонија ѝ треба мир, помирување и договор за соработка при формулирањето на политиката што ќе ја однесе Македонија во ЕУ“ порача европратеникот Иво Вајгл, по средбата со новиот претседател на pарламентот, Талат Џафери.

Двајца членови на посредничката тројка од Европскиот парламент им оддадоа признание на партиите од новата коалиција што не поттикнале улични демонстрации кои можеа Македонија да ја претворат во сцена на масовни политички или етнички мотивирани судири, соопшти Вајгл.

Средбата на Џафери со Вајгл, се одржа во рамки на неговата прва официјална посета на Брисел, откако е избран за прв човек на македонскиот парламент.

Џафери се сретна и со високата претставничка на на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. Во соопштение од нејзиниот кабинет, објавено по средбата, се вели: „Таа го поздрави изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието од парламентарното мнозинство, нагласувајќи дека тоа е улога која треба да биде над партиските и меѓуетничките политики, и да работи во интерес на сите граѓани и заедници. Европската унија е подготвена да соработува со него, со Собранието и со сите други институции за спроведување на итните реформски приоритети, како и за имплементацијата на Договорот од Пржино“.

Могерини нагласи дека ЕУ очекува сите политички партии да се ангажираат конструктивно во политичкиот процес, вклучувајќи го и формирањето влада, како и во работата на новото Собрание

Џафери оствари средба и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„Шефот на државата  да извлече поука од насилствата, кога ќе ја носи одлуката за доделување на мандатот за состав на новата влада“, апелираше Џафери од Брисел, веднаш по средбата со Хан, кој пак повика парламентот да работи непречено, а сите пратеници, вклучувајќи ја и опозицијата, да бидат конструктивни.

Еврокомесарот Хан претходно, во своето обраќање на состанокот на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ- Македонија, кој беше свикан на иницијатива на словенечкиот европратеник Алојз Петерле, истакнал дека очигледно, на некои луѓе им е тешко да заминат од власт во опозиција.

„Она што го видовме минатата недела е нешто што јас, искрено, не го очекував. Ова е невозможно, но, очигледно, сè може да стане можно. Ова насилство во парламентот е апсолутно неприфатливо!“, изјави Хан.

Тој додал дека очекува целосна истрага на настаните со правни последици и напоменал дека институциите задолжени за спроведување на законите не ја вршат својата работа подолго време.

 

Tags: БриселвладаЕУЈоханес ХанпарламентТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ