• Latest
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

Реалноста за вистинската супремација на партијата ВМРО-ДПМНЕ што се негува во медиумското опкружување, а што постои три децении наназад во земјава – се покажува ранлива. Преку гласањето во општината Брвеница викендот што е зад нас, се покажа дека оваа партија нема никаков реален коалиционен капацитет и секогаш ќе има ситуации кога брутално ќе се покаже дека не може пријателството да се купува со замижувања или делење привилегии на државна сметка. Треба некогаш да се има и реална визија за иднината, која треба да се чувствува во секое катче на државата, особено кога реалноста е трагична.

November 2, 2026 12:03
in ИЗБОРИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски

Иако покрена интензивна кампања за да ја добие власта во Брвеница, во што посебна задача добија медиумите со кои тој буквално располага во изобилство, Мицкоски, сепак, не успеа со операцијата наречена Денот „Д“ за самодовербата  на партијата. Пред една недела предвидов дека Мицкоски ќе ги изгуби овие избори, бидејќи не располага со коалиционен капацитет – ДУИ и ВЛЕН ќе си го најдат заедничкиот интерес капарисан во вакви и слични ситуации, Левица е во аут со реалните дострели кај гласачите, а за СДСМ во Палатата Татарчев остана место само во излогот на исмејувањето…

Па ако во ВМРО продолжат со реториката дека во СДСМ се наоѓаат луѓе од дното и споменуваат подруми, па животни карактеристични за таквите простории и не и го изговараат вистинското име на партијата од која бараат (место да молат) помош – вие просто правите некаква конструкција која никако не може да профункционира. Апарат што треба да се движи со струја ама нема кабел со реалноста.

И поразот си дојде – беше јасно дека излезноста на гласачите не е битно зголемена, освен што ниту еден поединец од бројните ТВ екипи тоа не смееше да го изговори и се известуваше само за „зголемен интерес“, иако тоа низ ниту еден кадар во ТВ програмата не можеше да се потврди. Ги прашуваат репортерите луѓето кои се враќаат од местата за гласање, што постојано ги нема доволно за да постои слика за пристојна анкета – „што очекувате од овие избори“, а тие ви велат „па пристојни плати!“.

Си кажаа луѓето, ама ги слушна ли некој?

Кампањата на илузионистите во црно-црвени дресови собрани во Брвеница важеше и за студијата каде водителите говореа за специјални емисии по завршување на гласањето, како да се работи за парламентарни избори.

Всушност, ниту некогаш имало помало село, а ниту поголема инвазија на партиски оптимизам.

Па и првиот човек на партијата и Владата беше присутен таму и со ниту еден половичен знак не покажа дека може да излезе од сопствениот интерес. Затоа, пак, со катадневно валкање на својот политички опонент едноставно и не си остави простор каде би се нашол со партијата на Филипче.

Да не говориме за истовремениот обид да си најми дежурни партнери во редовите на т.н. Платформа и во терањето на своите ботови да свират на жиците на потребата од националното единство. Онака, малку под жито.

Оние што во медиумите си ги купуваат вистинските лозови, ботовите де, нѐ преплавија со потребата „сега да се биде Македонец“. Еднаш ќе ги исмејуваш 706-те гласови на социјалдемократите, а на крајот ќе изгубиш за 200 гласови, обидувајќи се цел ден да го продолжиш времето на гласање за партиските загари да  пробаат со уште некоја обиколка на гласачите од врата до врата. Па во партијата, актуелен губитник, треба да сфатат – нема ентузијазам во рајата во онаа мерка со која си ги китат анкетите!

И Мицкоски на денот „Д“ замина во Северна Рајна-Вестфалија со најверната дружина, да не мора да одговара на директни прашања за изборниот пораз. Му се собра на премиерот. Најпрвин пред половина година го изгуби верниот другар Орбан. Потоа пред една недела и поблискиот ортак Вучиќ, па видел во именикот на мобилниот дека просто нема кому да му телефонира во светот за некаков пријателски муабет, совет, поткрепа или – утеха. Еве, му остана, како и секогаш кога купува билет за авион, само да ја тормози онаа наша кутра социјална емиграција на чие рамо мисли дека може да се потпре.

Но тоа е сега и помал проблем – ќе се обвини СДСМ за поразот како и за сѐ друго што оди лошо во државата, ама главоболките се множат. На пример, не можеш студентите во земјава да ги натераш да ги примат понудените 175 денари по оброк на ден, а некако сон не те фаќа кога ќе се сетиш за тоа – навистина за настани на други места – како младите луѓе со индекс во рацете се навистина борбени, па и издржливи, па заради нив и влади паѓаат.

Па згора дојде и тој проблем со несолвентната Алта банка Битола. Навистина, таквите ситуации се решаваат според основните учебници за банкарство ама Мицкоски си сакаше да направи една „скаламуција“ која без двоумење ќе ја поддржи неговиот економски професор за општа употреба а сега гувернер на НБМ, Славевски. И беше потврдена таа шема ама сега истата идеја за „буразерско“ копирање на банка од Србија која прима пари на шалтерот, ама нема да ги даде кога клиентите во малку поголем број ќе си го побараат влогот, што замирисува многу лошо.

А во модерната историја ги има тие ситуации како примери. И по правило, тие навалици кон вратите на една банка не завршувале добро, бидејќи имале домино ефект врз сите сфери на животот. За власта да не говориме. Можеби таа смета дека е на крајот на ланецот на допрените од кризата што ја прави оваа банка, ама енергијата на незадоволството се кумулира.

Уф, тоа се многу неповолни работи на куп. За толкав број на несоници во аптека нема соодветен опијат.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА


НАПОМЕНА НА РЕДАКЦИЈАТА: Овој текст е авторски став. Изнесените мислења, оценки и заклучоци се лични ставови на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите на редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА или официјалните позиции на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Авторските ставови се објавуваат во согласност со принципите на слободата на изразување и редакциските стандарди за професионално и одговорно новинарство.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

Tags: Брвеницаизборикоалициски капацитетМицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ