• Latest

„Децата се важни“!

June 15, 2017

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Децата се важни“!

June 15, 2017 13:46
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 16 до 18 јуни во просториите на Македонската опера и балет и Детскиот театарски центар, ќе се оддржи четвртото издание на меѓународниот фестивал за детски театар „Фенер“, во организација на „Буден Театар“. Со мотото „Децата се важни“, фестивалот „Фенер“ го повикува македонското општество да го насочи фокусот кон децата и кон нивните потреби, не запоставувајќи ја важноста на културата во нивниот развој.

Фестивалот ќе биде отворен во петок од 18.30 во Детскиот театарски центар, со претставата „Црвенкапа“ од Бугарија, која нуди нов наратив на познатата бајка, акцентирајќи го односот меѓу децата и возрасните. Претставата „Топче“, на Театарот „Гриф“ од Унгарија, која ќе биде прикажана во сабота и недела од  11.00 часот во МОБ, е првата претстава наменета за „бебешка публика“ изведена во Македонија. „Пипи Долгиот чорап“ со која ќе се затвори фестивалот во 18.30 во МОБ, во изведба на „Градскиот куклен театар“ од Риека, Хрватска, ќе не потсети дека е важно да се биде свој и да се живее според сопствените критериуми.

„Буден Театар“, во сабота, од 18.30 на малaта сцена на МОБ премиерно ќе ја изведе „Меѓу нас“, авторската претстава на Милиана Ленак, инспирирана од делата на Ване Костуранов, а наменета за тинејџери и возрасни. Претставата жонглира со концептот за „сега“ и „некогаш“, преку односот на двајца луѓе кои некогаш биле блиски, и преку паралелата меѓу некогашното и денешното Скопје.

Дискусијата „Големи, мали, помали, најмили“ на која ќе зборуваат гостите поканети на фестивалот, се однесува на темата за диференцирање на детската публика според возраста.

Во соработка со УНХЦР ќе биде одбележан и Светскиот ден на бегалците, со претставата „Писмо некому“.

Насочен и кон поттикнување на професионална надоградба за возрасните, „Фенер“, ја најавува работилницата за дизајн во куклениот театар со Грета Клоу од Исланд. Куклите создадени од учесниците во работилницата ќе бидат изложени во фоајето на МОБ во текот на последниот фестивалски ден. Дизајнерското дуо АЛМА (Маја Ѓуреска и Александра Јовановска) во вид на изложба ќе ја претстави најновата колекција за деца, инспирирана од природата, која во рамките на Фестивалот ќе биде подарена на децата од Домот за деца без родители.

Овогодишното издание на фестивалот се реализира во состав на проектот  „Децата во Центар (на вниманието)“, преку кој „Буден Театар“ во изминатите пет месеци реализираше серија културни активности за децата на територијата на Општина Центар. Овој проект е поддржан од ЕУ во состав на проектот „Граѓанско учество за локална демократија” на ФОСМ. Претставата „Писмо некому”, креативната работилница „ИнспириГра“ и читачкото катче „Итам да читам“, се дел од активностите кои беа реализирани во рамките на овој проект, и кои ќе бидат прикажани и на „Фенер“.

 

Tags: БугаријаБуден ТеатардискусијаДТЦизложбакуклен театарМОБУнгаријаФенерХрватска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ