• Latest

Богојески: Преговорите со Бугарија се обид за побрза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО!

July 26, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Богојески: Преговорите со Бугарија се обид за побрза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО!

July 26, 2017 12:27
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако успееме да ги затвориме прашањата со соседите и успееме да станеме нормална држава, првин балканска, пример за сите соседи – демократска земја, и сите заедно да се избориме за обединета Македонија во рамките на обединета Европа, јас би бил најсреќен Македонец“, рече Петар Богојески, еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ, осврнувајќи се на актуелните преговори на новата Влада со властите во Бугарија, и воопшто, на надворешната политика и на билатералните односи со соседните земја, на минатонеделната  трибина „Без табу теми“, што се одржа на иницијатива на ЦИВИЛ.

„Бегањето од јавни разговори…, мене ми е сомнителна потребата од тајни разговори, јас сакам јавни разговори. Инсистирам, Договорот со Бугарија, да биде ставен пред очите на јавноста, да биде ставен на јавна дебата, а прочитав некаде дека Договорот бил финализиран. Бев студент таму, и лично сум заинтересиран кои формулации се најдени како решение. Ние се обидуваме од 1999, да најдеме формулации на тие решенија и сметам дека во 2000, имавме пронајдено солидно решение… Мислам дека ако успееме да ги затвориме прашањата со соседите и успееме да станеме нормална, првин балканска држава, пример за сите соседи- демократска земја, и сите заедно да се избориме за обединета Македонија во рамките на обединета Европа, јас би бил најсреќен Македонец! Од тој аспект, делењето на предавници и патриоти, па сега, кој плука на разговорот е патриот, а тој што се интересира за Договорот е предавник, за мене, тоа е тотално вокабулар од минатото, за коешто се бориме да се стави крај“, акцентираше Богојески.

„Во врска со надворешната политика на Република Македонија и актуелните случувања, ние овие напори коишто сега се случуваат во преговорите со Република Бугарија, ги гледаме како обид да се забрза процесот на интеграција на Република Македонија во евроатланските структури. Свесни сме дека НАТО клубот, европскиот клуб, намерно ги користам тие термини, се ексклузивитет на нивните членови. Aко ние сериозно се занимаваме со политика, тогаш знаеме дека членовите во тие клубови имаат ексклузивни права, кон оние што доаѓаат во нивните клубови. Од тој аспект гледано, јас на разговорите со која било земја, не гледам како на уцена или напад врз македонската државност, туку напротив, како простор за да ја прошириме соработката со нашите соседи“, рече Богојески.

„Ако Србија е расположена да разговараме и конечно се затвори непотребното прашање со Црквата, тогаш да разговараме веднаш. Ако разговорите со Бугарија ни го отвораат патот за НАТО, тогаш да ги затвориме веднаш. Ако разговорите со Грција, ни го отвораат патот за ЕУ, тогаш треба веднаш да разговараме и да ги затвориме прашањата. Ако разговорите со Албанија помогнат за да добиеме дополнителна кохезивна енергија во македонското општество, тогаш треба да разговараме веднаш“, порача Богојески на трибината.

 

Моника Талеска

Камера: Дехран Муратов

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Албанијабилатерални односиБогојескиБугаријаВМРО-ДПМНЕГрцијаЗоран Заевнадворешна политикареформаториСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result