• Latest

ВМРО-ДПМНЕ секој ден ќе поднесува интерпелација за по еден министер!?

August 10, 2017

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ секој ден ќе поднесува интерпелација за по еден министер!?

August 10, 2017 15:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, речиси секој ден поднесува интерпелација за по некој министер од Владата, на чие чело е премиерот Зоран Заев. Опозицијата смета дека не треба да се чека 100 дена, бидејќи неспособноста на министрите била на штета на граѓаните. Од најавените седум интерпелации, досега ВМРО-ДПМНЕ поднесе четири: за министрот за земјоделство, Љупчо Николовски, за министерот за надворешна политика, Никола Димитров, за министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и денеска, за министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Министерот Љупчо Николовски се најде прв на листата за интерпелација, поради, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, непсособноста да се справи со пожарите и ненавремената реакција поради што пожарите екалирале.

Според ВМРО-ДПМНЕ, причините за интрепелацијата на Никола Димитров се Договорот со Бугарија и неименувањето на Александар Николовски (ВМРО-ДПМНЕ) за амбасадор во Брисел.

Како причина за интерпелација  за министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја наведуваат Стратегијата за мигранти и бегалци. Пратеникот Влатко Ѓорчев изјави дека Царовска не ги консултирала граѓаните и дека тие не се запознаени со стратегијата, а ниту се конслултирани општините, туку се ставени пред свршен чин. Тој наведе дека не треба да градат кампови за мигрантите и дека треба примарна да биде грижата за граѓаните на Македонија, а не за странците.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација и против министерот за финансии Драган Тевдовски, односно како што го нарекуваат – „министерот за кратење и задолжување“.

„Како клучни причини за поднесување на интерпелацијата за работата на Тевдовски, ги потенцираме целосно неразвојниот ребаланс на буџетот за 2017 година, значителното намалување на капиталните расходи, засиленото и неосновано задолжување на граѓаните на домашниот пазар, зголемувањето на износот предвиден за задолжување на меѓународните финансиски пазари, непочитувањето на народните претставници во Собранието на Република Македонија и манипулирањето со економските податоци, параметри и индикатори“,  истакна Лилјана Кузмановска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕДраган ТевдовскиЗоран ЗаевинтерпелацијаЉупчо НиколовскиМила ЦаровскаминистриНикола ГруевскиНикола Димитров
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ