• Latest

Манипулации, сеење страв и омраза пред локалните избори

September 2, 2017

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

May 8, 2025

Зголемени затворските казни за дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

May 8, 2025

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

May 8, 2025

(РЕПРИНТ) 9 мај, еден Ден по победата во Европа над фашизмот

May 8, 2025
Војо Маневски

Помина една година, реформи нема, а ние чекаме

May 8, 2025

ЕП го усвои извештајот за Србија: Замерки за владеењето на правото, политичкиот дијалог, борбата против корупција, (не)усогласување со надворешните политики на ЕУ

May 8, 2025

На парламентарните избори во Албанија на 11 мај се натпреваруваат 2046 кандидати, за прв пат гласа и дијаспората

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Манипулации, сеење страв и омраза пред локалните избори

September 2, 2017 10:03
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, осуден на двомесечна затворска казна поради изборен поткуп, престојот в затвор го замени со подготовки за локални избори, но и за референдум против бегалците.

Александар Панов

Советот на Општина Кавадарци донесе одлука за распишување референдум против мигранти. Според одлуката на Советот, на референдумот на локално ниво, граѓаните на општина Кавадарци ќе одговорат на прашањето: „Дали сте за населување и интеграција на мигранти на територијата на општина Кавадарци?“.

Според координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која ја покрена иницијативата за референдум, Зоран Јованчев, одлуката за распишување на референдумот е од големо значење за општината. Јованчев истакна дека поклопувањето на денот на референдумот со денот на локалните избори би било добро за излезноста на рефередумот. Ваквиот став го делат и градоначалникот Панов и претседателката на Советот на општината, Горица Пеливанова-Вилхелм, кои велат дека законските рокови се тие кои ќе одлучат дали референдумот и локалните избори ќе се одржат на ист ден.

Според законот, референдумот треба да се одржи најдоцна во рок од 40 дена од денот на објавување на одлуката за распишување на референдумот во службеното гласило на Општина Кавадарци, што пак остава простор за совпаѓање со датумот за локалните избори кои се закажани за 15 октомври.

проф. д-р Светомир Шкариќ

Професорот Светомир Шкариќ во изјава за ЦИВИЛ Медиа вели дека не постои директна пречка или законски предвидена забрана за одржување на референдум во ист ден со локалните избори, бидејќи ваквата практика до сега не се случила. Тој истакна дека може да се јави проблем во врска со спроведување на референдумот од страна на Општинската изборна комисија.

„Општинската изборна комисија е овластена со Изборниот законик да спроведува локални избори. Државната изборна комисија ја поставува Општинската изборна комисија, која поставува избирачки тела, што значи дека органите за спроведување на референдумот ќе бидат под ингеренција на ДИК, со што се поставува прашањето дали е дозволиво една општинска комисија која ја формира ДИК за локални избори, истовремено да добива и дополнителни задачи“, вели професорот Шкариќ.

проф. д-р Мирјана Најчевска

Различен став, пак, има професорката Мирјана Најчевска, која вели дека одржувањето на локалните избори и референдумите во Кавадарци и Штип не смеат да бидат во ист ден.

Според член 65 од Законот за референдум, средства за спроведување на референдум на локално ниво се обезбедуваат од буџетот на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје. Овој член се коси со членот 8-а, став 1, алинеја 1: Од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори до завршување на изборите (претседателски, парламентарни или локални), не може да се располага со буџетски средства на Република Македонија, средстваа на буџетите на општините и градот Скопје, од јавни фондови и средства на јавни претпријатија и јавни установи или правни лица кои располагаат со државен капитал. Што во превод значи дека општината не смее да одржи/плати референдум до завршувањето на изборите.

Советот на Oпштина Штип, исто така, изгласа започнување на постапка за распишување референдум, на кој што граѓаните ќе се изјаснат за „Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година“. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласале „за“, а советниците од СДСМ пред гласањето ја напуштиле салата. Граѓанската иницијатива „Будење“ од Штип до Советот на Општината приложила 356 потписи од граѓани кои ја поддржуваат иницијативата за референдум.

Собирање потписи во општина Аеродром

Наводната граѓанска иницијатива „Будење“, во која се и општински службенци од ВМРО-ДПМНЕ, собира потписи во повеќе општини во земјава, против, како што велат, изградбата на станови за бегалци, кои државата планира да ги прими на своја територија.

ЦИВИЛ Медиа неодамна направи и анкета меѓу граѓанките и граѓаните на Скопје на темата бегалци. Ниту еден од анкетираните граѓанки и граѓани на Скопје, кои пред камерата на ЦИВИЛ Медиа зборуваа за бегалците, не одговори дека чувствува некаква опасност од мигрантите кои ја користат Македонија како транзитна земја за да стигнат до Европа.

Мерсиха Смаиловиќ од здружението Легис вели дека стравот и паранојата се поттикнати од чисто политички причини, а со тие политички поени кои сакаат да ги добијат кај своето гасачко тело сејат ксенофобија, исламофобија и омраза.

Мерсиха Смаиловиќ

Според Смаиловиќ, референдумот дефинитивно не смее да се одржи на ист ден со локалните избори затоа што голем дел од граѓаните кои се јасни во своите ставови ќе бидат исплашени да излезат на гласачките места и да гласаат на локалните избори, што е, исто така, нивно уставно загарантирано право.

„Граѓаните имаат право сами да ги кројат политиките на општината во која припаѓааат и дали тоа ќе биде преку референдум или, пак, локални избори, тоа право на граѓаните никој не може да го негира. Ние како Легис поддржуваме било какво референдумско изјаснување за било какво прашање. Во однос на бегалските кампови, мислам дека на сите ни е јасно, освен можеби на организаторите на кампањата, дека тоа е класичен спин, бидејќи јасна е одлуката на Владата дека во Македонија нема да се градат бегалски кампови“, изјави Смаиловиќ.

„Единствената цел на овие референдуми е, преку ксенофобичната хистерија против бегалците, да се внесат меѓуетнички и меѓуверски тензии во пресрет на локалните избори, да се наметнат национални теми, на сметка на локалните, како што тоа беше случај и на претходните локални избори во 2013. Не постои друг мотив. Ова е уште еден обид за спас од одговорноста, кревање на влогот, односно цената на кожата на оние за кои се водат истраги и судски процеси за сериозен криминал, корупција и изборни кражби.“ – изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Џабир Дерала со тимот на ЦИВИЛ, на презентација на прелиминарниот извештај на ЦИВИЛ за парламентарните избори, 11 декември 2016 година

Како и во изминатите девет години, ЦИВИЛ продолжува со долгорочното набљудување на спроведувањето на изборите, како и на општествено-политичкиите процеси во целост, со особен акцент на состојбите на човековите права и слободи. На 45 дена пред одржувањето на локалните избори, организацијата испрати своевиден #Аларм до јавноста и институциите.

Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар ПановбегалциГруевскиДИКисламофобијаКавадарциксенофобијалокални изборинационализамОИКреферендуми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ