• Latest

Epoka е Re… „патриоти“! – ден четврти…

September 29, 2017

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Epoka е Re… „патриоти“! – ден четврти…

September 29, 2017 15:07
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Многу лицемерен од „најпатриотската“ партија која сето време ги плаши граѓан(к)ите со наводна двојазичност, со федерализација и кантонизација, додека дел од нејзините симпатизери и подржувачи ветуваа(т) дека ако треба „крв ќе дадат, ама јазикот, нацијата и името не го даваат“, е проѕирниот рекламен потег, наменет за етничките Албанци… Деновиве може да се видат и ТВ реклами на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на албански јазик, со превод на партискиот изборен слоган и бројот за гласање 13 – Gjithnjë punë, Gjithnjë Maqedoni“ („Секогаш работа, секогаш Македонија“)…

Иако партискиот портпарол Иво Котевски, изјави дека не ги делат гласачите на Албанци и Македонци, во духот на соживотот и единството без поделби, ќе ги преведеме на албански јазик и извикувањата на дел од партиските поддржувачи кои неуморно маршираа низ Скопје и во некои други градови во државата, сѐ до упадот во македонското Собрание на 27 април, кога покрај пратениците на СДСМ, раскрварен и претепан до бесознание беше пратеникот Зијадин Села од ДР-ДПА… Меѓу скандирањата за „соживот“ беа и „Maqedonia e pastër, e pastër, e pastër!“ („Чиста, чиста, чиста Македонија!“ ) или „Le të kuptojnë Shqiptarët e mallkuar!“ („Нека разберат клетите Шиптари!“).

Четири дена кандидатите за градоначалничка фотеља ширум Македонија, делат мегаломански ветувања од ракав и мавтаат со волшебното стапче.

Кандидатот за градоначалник Исуф Бислими од ДУИ, нагласи дека „со победата на 15 октомври, Арачиново ќе излезе од групата на сиромашни општини“. Прашањето е само: колку пари има основната организација на ДУИ во Арачиново, или парите ќе стигнат од централата во Мала Речица. За разлика од Бислими, неговата противкандидатка, Мелекие Халими, се расфрла со милиони евра, белки ветени од СДСМ, за изградба и подобрување на канализација и водовод во Арачиново. И тоа со конкретна бројка, 6 (шест) милиони евра!

Дека љубовта и соработката меѓу ДУИ и СДСМ расте, покажува тоа дека вчера Али Ахмети од партискиот митинг во Гази Баба ги повика поддржувачите на неговата партија да гласаат за Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник на Скопје на СДСМ. Додека Александар Кирацовски од СДСМ, за градоначалник на Дебар го поддржа кандидатот на ДУИ, Ружди Лата. Тој нагласи дека СДСМ во Дебар има одлична листа за советници предводена од Азем Фејзоски, која ветува многу проекти во оваа мултиетничка и мултиконфесионална општина.

Додека во општините каде што има претежно албанско население се води жестока изборна кампања, во Струга во духот на етничкото единство, кандидатот на ДПА, Менди Асани со повлече од трката за градоначалничкото столче „за да не се расцепкуваат гласовите на гласачите-Албанци во општината“.

Четврти ден од предизборната кампања, а од Беса сѐ уште ни глас за Нафие Селмани, нивниот предлог за градоначалник на Град Скопје, ама затоа, лидерот Биљал Касами, градоначалнички кандидат за Тетово и Зеќирија Ибрахими кандидат за Општина Чаир, „растураат“ со прес-конференции.

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски, најави дека ако по трет пат победи, ќе изгради дневен центар за деца со пречки во развојот. „Доколку ја добиеме довербата од граѓаните, дневниот центар ќе го изградиме в година, за што ќе обезбедиме три милиони денари од буџетот на Општината“, рече Коневски. Според досегашното искуство на „дромци“, поверојатно е дека ако победи, ќе изгради уште една црквичка и ќе ги доближува децата со попречености до Бога, а башка ќе си ја „испере“ и совеста што не се сети на нив во неговото осумгодишно владеење.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на заедничката прес-конференција со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и претседателот на словенечката СДП, Јанез Јанша, изјави: „Атмосферата во која се одвиваат овие избори е исклучително лоша и непријатна. Веќе сме четврти ден, а зад нас, има многубројни инциденти, нерегуларности, злоупотреби, за жал, од вчера и пукање и ранети луѓе и навистина, тоа е многу загрижувачко во однос на одржување фер и демократски избори“.

Неспособни овие од СДС (според ВМРО-ДПМНЕ – М), не знаат ни едни „скандинавски“ избори да организираат, како што партијата на Груевски во минатото успешно ги спроведуваше. Пример за успешно спроведени избори се „гласачите“ од Пустец и „влечењето на Циган по Циган за уши“…

Вчера во Струга, Груевски повика „со пенкало во рака и крената глава“ да се победи СДСМ. Сега се очекува СДСМ да му побара авторски права, оти не толку одамна, Заев повикуваше на победа со пенкало, а во СДСМ и пред Заев, пееја за „главата горе“!

Сепак, да не биде дека Македонија се спомнува само по лоши работи, ете, според CNN, Македонија е светска престолнина! На лажните вести…

Дехран Муратов

 

Tags: АхметиБесаВМРО-ДПМНЕДУИизбориНикола ГруевскиСДСМчетврти ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ