• Latest
Добро утро со Орданоски

До последната жолта пара

October 12, 2017

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

До последната жолта пара

October 12, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]енеска би сакал да ја искористам мојава дневна колумна за прашање кое има лична природа, но за кое, се надевам, има и одредени општествени димензии поголеми од мојот приватен интерес.

Имено, би сакал да го прашам надлежниот државен обвинител и надлежните истражни и други органи за прогон до каде се со истрагата за палењето на возило на 4 мај 2015 година, во 40 минути по полноќ, на паркингот на мојот приватен имот во с. Бардовци? Под возилото, откако злосторникот (а веројатно се работи за повеќе од еден извршител) ја прерипнал оградата висока речиси два метри, беше поставена некој вид на експлозивна направа којашто, по активирањето, со силен пожар во потполност го уништи возилото, покривната конструкција на паркингот и дел од оградата. Само благодарејќи на брзата интервенција на соседите (разбудени среде ноќ од силината на експлозијата) и на противпожарната бригада, не беше зафатена и мојата, а веројатно и куќата на соседите. За среќа, поминавме само со материјална штета во висина од околу 30 илјади евра.

Јас таа ноќ, пристигнат на имотот откако пожарот веќе беше изгаснат, ја дочекав и дежурната екипа на МВР и екипата од криминалистичката полиција и екипата форензичари кои до раните утрински часови правеа увид на местото на злосторот. Утврдено е дека се работи за подметнување на пожарот.

Од таа ноќ, до денес, две и пол години потоа, не сум повикан ниту еднаш од органите кои ја водат истрагата да дадам изјава или да ме информираат за што било во врска со истрагата. Не знам ни дали, воопшто, има истрага.

Се разбира дека имам прилично издржани сомневања за тоа кои се инспираторите и нарачателите (ако веќе не и за извршителите, иако и за тоа би можел да дадам одредени информации) на овој заканувачки „поздрав“. Во тие години на засилен терор, намерно, не ја информирав јавноста за целиот гнасен настан, бидејќи ги знаев и методите и намерите на таа екипа: не им беше работата само мене да ме заплашат, туку пресметан дел од таквите „операции“ им беше и да втераат страв во пошироката јавност, да се натераат и новинарите и сите други протагонисти во критичката македонска јавност да почнат да живеат во параноја од можноста за прогон од страна на „долгата рака“ на тоа злосторничко здружение. Тоа задоволство не сакав да им го пружам, особено што не бев единствениот кон кого применуваа вакви методи; а тоа не им беше ни прв, ни последен пат да прават гнасотии од таков вид. Напротив. Видовме и во жив телевизиски пренос на што сѐ беа подготвени.

На пример – само патем – претпоставувам дека Миленко (а тој не е единствениот) мисли дека ќе му заборавам што повикуваше врз мене (со име и презиме!) да се стави дебела бетонска плоча, откако ќе ме сместел во длабока дупка; што ја објавуваше адресата на моето живеалиште со отворена закана дека ќе ме посети со својот „казнен одред“; што закачуваше фотографии од моето семејство (да, со децата на нив) на штипките во својата срамна емисија… Е, да, лична е оваа работа, полична не може да биде.

Дополнително, сигурен сум дека, во тие години, договарањето на овие валкани постапки, кој и да стои зад нив, е забележено на системот за прислушување што го инсталира, го раководеше и го користеше тајната полиција на „од-кал-да-си-Сашо-да-си“ Мијалков. Не знам под кој приоритет се овие случаи во СЈО, но би сакал да ги потсетам дека и јас чекам во „редот“ за расветлување на тие злосторства, а и за надомест на штетата, морална и материјална, до последната жолта пара што ќе им ја истресам од џебовите.

Според тоа, се разбира дека очекувам одговор за тоа до каде е со истрагата за настанот што го опишав погоре?

И, сакам да кажам, убаво е и на овие локални избори сите да го направат тој неопходен напор, да излезат и да гласаат за своите политички преференции. Оти работата во Македонија не само што не е завршена, туку не е ни започната – кој како и да ја сфаќа таа задача! Еве шанса, уште еднаш да се преброиме.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: гласањезлосторничко здружениезлосторствоизбориистрагаМиленко НеделковскинападобвинителствопожарполицијарежимСашо МијалковСЈОтерор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ