• Latest

Заев: Можни се решенија за проблемот со Грција и за интеграцијата во НАТО и ЕУ

December 13, 2017
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Можни се решенија за проблемот со Грција и за интеграцијата во НАТО и ЕУ

December 13, 2017 13:38
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Македонија создава услови за градење национален консензус со сите клучни и одлучувачки политички субјекти: со претседателот на државата и со опозицијата, за забрзување на нашата интеграција во НАТО, истакна денеска премиерот Зоран Заев, кој се обрати на настан во организација на Евро-атланскиот совет на Македонија.

„Воедно, посветени сме на наоѓање начин да се надмине проблемот што го има Република Грција со името на нашата држава. Веруваме дека тоа е можно преку инклузивен пристап дома и со градење на позитивна атмосфера на добрососедство и соработка со Република Грција“, рече Заев.

Оттаму, потенцира македонскиот премиер, со право очекуваме Република Македонија да биде следната земја-членка на алијансата, а во текот на првата половина на идната година да добиеме и покана за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Граѓаните на Македонија, како што посочи, се убедени дека Република Македонија ги заслужува евроатлантантските перспективи.

„Над 75 проценти од сите наши граѓани посакуваат членство во ЕУ и НАТО. Владата, со поддршка од граѓаните и од нашите меѓународни партнери го трасира патот на нашата држава кон НАТО“, рече Заев.

Република Македонија, додаде тој, секогаш ќе дава позитивен придонес во секој вид на иницијативи кои ќе донесат поширока и подобра соработка во регионот.

Заев зборуваше на завршна конференција за проектот „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на Евро-Атланските интеграции“ во организација на  Евро-атланскиот совет на Македонија, со поддршка на Цивика Мобилитас.

„Близу 60 отсто од младите опфатени со истражувањето, сметаат дека можностите за нив ќе се зголемат со остварување на оваа цел. Истовремено, другите показатели од ова истражување укажуваат на фактот дека младите, не се доволно вклучени во процесите поврзани со евро-атланските интеграции“, рече премиерот потенцирајќи дека сега е време тоа да се промени.

Џафери Евроатланстки совет

Претседателот на Собранието Талат Џафери посочи дека Македонија има спор поради кој не влезе во НАТО во 2088 година и оти политичарите мора да го решат, со што се обврзани од волјата и определбата на граѓаните.

„Убеден сум дека актуелната Влада и ова парламентарно мнозинство, многу сериозно, и јас би рекол политички решително, го започна процесот со кој се враќаме повторно на колосекот на Евро-атланските интеграции“, рече Џафери.

Посочи на состанокот за членство во НАТО и на средбата на преговарачките тимови за спорот со името оваа недела во Бриел.

„Зад овие позитивни трендови, стои само една алатка а тоа е дијалогот. Дијалог на внатрешен план, меѓу политичките субјекти, дијалог со експертската јавност, со невладиниот сектор, дијалог и отвореност со медиумите“, кажа Џафери. Додаде дека во исто време се отворени процеси со на дијалог со соседите, а започнат е и, како што рече, искрен и отворен дијалог со Брисел и Вашингтон, нашите стратешки партнери.

Евроатланстки совет

Евро-атланскиот совет на Македонија, кој годинава одбележува 20 години од основањето, како што кажа нејзиниот претседател Исмет Рамадани е невладина организација, но ако е Владата про-НАТО тие се и провладина организација. – Не сме поставени како опозициска организација, но во исто време поддржуваме и критикуваме, кажа Рамадани.

Шансата која сега ни се отвора по 10 години од Самитот на НАТО во Букурешт, според Рамадани, треба да се искористи. Посочи дека новата Владата на овој пат има поддршка, но и дека Македонија треба да има „нула“ проблеми во меѓуетничките односи, „нула“ проблеми со нашите соседи и „нула“ толеранција за корупција и криминал.

На настанот на Евро-атланскиот совет на Македонија денеска присуствуваа и повеќе амбасадори, членови на оваа организација, како и претставници на организацијата од Србија, Косово и Бугарија и студенти.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаЕУЗаевимеНАТОспорЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ