• Latest

Протест и контрапротест за „Македонија“ во Атина

February 4, 2018
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протест и контрапротест за „Македонија“ во Атина

February 4, 2018 09:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Под силни безбедносни мерки, со затворени улици и метро станици на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент, јавува дописникот на МИА од Атина, ќе се одржи долго најавуваниот протест.

Сите погледи во Грција се вперени кон собирот. Грците, според најавите масовно „ќе го бранат името Македонија“.  Од сите краишта на земјата, организирани со автобуси, бесплатно или по цени со 50 отсто попуст, ќе пристигнат во „еднодневна екскурзија“ во грчката престолнина.

„Солун кажа, на ред е Атина да извика: Македонија е една и грчка“, порачаа организаторите на протестот во видео повикот, објавен на социјалните мрежи, а уште од завчера започнаа со подготовките на Синтагма.

Според изјавите на организаторите за грчките медиуми, процените се дека денеска на собирот ќе има најмалку 1 милион граѓани.

На присутните или лично или преку снимена порака со поздравен говор ќе им се обрати познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, а говорници ќе бидат и професор по уставно право, тројца митрополити од ГПЦ и претставници на организаторите.

Паралелно со протестот на плоштадот Синтагма, на оддалеченост од само 800 метри, анархистите подготвуваат контра протест, односно антифашистички собир. Официјалниот почеток е закажан за 12 часот, два часа порано од оној за „Македонија“.

Двата протеста, според медиумите кај јужниот сосед, го вклучија алармот во грчката полиција. Постои страв, загриженост, но и зголемена раздвиженост кај полицијата за да се избегнат евентуални инциденти.

Се чини дека Грците во изминатиот месец, заборавија и на кризата и на финансиските проблеми па единственото главно прашање за земјата во овој момент е Македонија. Факт е дека постои голема раздвиженост во македонско – грчките односи, позитивна клима, билатерални контакти и волја од двете страни за решение, нешто што го немаше во изминатите години, а сите говорат дека сега е шансата за договор.

Дали постои опасност од протест за „одбрана на името Македонија“, да се префрли во антивладин протест, дописникот на МИА од Атина,  на оваа тема разговараше со искусни грчки новинари кои веќе долги години го следат прашањето за името и одлично ги познаваат релациите Скопје – Атина. Речиси сите велат дека спорот меѓу Македонија и Грција може да биде само повод за Грците да излезат на протестот.

„Во Грција сѐ што е поврзано со чувството на Грците и има симболичен карактер го „влече“ народот. Во изминатите години и покрај толку многу финансиски проблеми, намалувања на плати и пензии, поскапувања, неподносливи оданочувања, никогаш не се одржа некој гигантски протест. Но, сега… работите се различи. По повод прашањето за името и употребата на грчкиот збор Македонија, гледате дека постои реакција. Во главно ќе биде антивладин протест, но по повод едно прашање што го допира чувството на грчкиот граѓанин“, вели Јоргос Влавианос, новинар во грчката телевизија „Стар“.

Неговата колешка Александра Вудури од радиото „Атина 984“, за МИА коментира дека протестот ќе биде политички настан и повикувајќи се на размислувања на аналитичари, вели дека е прво масовно раздвижување во „пост меморандумската ера“ во Грција.

„Може прашањето за името на соседната земја да е повод за протестот во Атина, но сигурно нема да биде собир само за „името“. И ова е тоа што во главно ја загрижува владата и ги дели сите партии, па дури и коалицискиот партнер на СИРИЗА, Независни Грци“, вели Вудури и додава дека Владата нема да ги земе предвид пораките од протестот во Атина, во однос на преговарачката тактика и стратегија.

Медијаторот Метју Нимиц во интервју за емисијата 360 степени на ТВ Алсат, оцени дека ова дефинитивно е историска шанса за решавање на спорот со името.

„Мислам дека луѓето веруваат оти времето е дојдено за решавање на ова прашање, да го оставиме зад нас, да одиме напред, и мислам дека се движиме во вистинската насока“, изјави Нимиц.

Во однос на тоа во која насока ќе продолжи процесот, вели дека не сите, и во Атина и во Скопје, се среќни со се што изнел во неговите идеи, но, нагласува, нивната цел е да бидат сугестии до двете страни кои би ги приближиле нивните позиции.
„Дадов некои сугестии и ги слушнав позициите на двете страни. Мислам дека сега ќе се обидам да „соберам“ нешто од понуденото. Но, исто така, двајцата министри за надворешни работи имаат дијалог, добро се познаваат и мислам дека тие се луѓето, на крајот зависи од двете влади дали ќе договорат решение“, истакнува Нимиц.
Во меѓувреме, шефот на грчката дипломатија Коѕијас во телефонскиот разговор на Нимиц, по враќањето од Скопје, му порачал дека „не е надлежен да говори која е политиката на Атина, ниту да ја опишува, и тоа, на погрешен начин“.

Преку соопштение испратено до медиумите завчера, јавува дописникот на МИА од Атина, Коѕијас во разговорот додал дека преговорите треба да се водат врз основа на она што било договорено во Давос, но и врз основа на ставовите што се поклопуваат.

„Врз основа на брифингот што го имав за разговорите што ги имаше господинот Нимиц во Скопје, разјаснив дека преговорите не можат да се водат поинаку освен во продолжение на договореното во Давос. Покрај тоа, секои добронамерни преговори се водат врз база на конвергенциите што веќе се постигнати“, пишува во соопштението од шефот на грчката дипломатија. 


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: АтинаГрцијаимеКоѕиасконтрапротестиМакедонијаНимицПротестиспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ