• Latest
Добро утро со Орданоски

Секое (јазично) чудо за три дена?

March 15, 2018

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Секое (јазично) чудо за три дена?

March 15, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]С[/dropcap]ето она што е ДУИ денеска – и како политика и како кадри и како начин на функционирање – е директен резултат на „школата“ што се разви и усоврши во еднодецениската блиска соработка помеѓу Никола Груевски и Али Ахмети. Таа школа би можела да се опише како една совршена „симфонија“ на тајни кабинетски договарања, на рискантно дозиран национализам и на двете страни, со секогаш добро координирани меѓунационални провокации, следени со висок степен на братство-единство по прашањата на пљачките и „поделбата на пленот“ во заробената држава.

Затоа, кога ќе го видам перспективниот осуденик Груевски како прави аматерски политички театар во Собранието за да го спречи изгласувањето на истиот текст на Законот за јазици што, првично, тој и Ахмети заедно го договориле за да состават влада во декември 2016 година, ми доаѓа веднаш да се посомневам дека и тоа е дел од некаков нивен, макар и неизречен договор, што не може да заврши добро по македонската демократија.

Бидејќи, занимливо, по тој повод, во сите вчерашни хистерични реакции на клонираниот партиски и теледиригираниот државен претседател, бројни клетви се фрлија само врз „предавникот“ Заев и врз тврдоглавиот собраниски претседател Џафери. Ни збор за Ахмети.

Во јавноста, пак, долго се работеше врз создавањето на впечатокот дека од (не)усвојувањето на овој Закон зависи, групно, судбината на Македонија, односно на Македонците и Албанците, поединечно. Од таа исфабрикувана драма, само ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ имаат подолгорочна, националистичка корист. „Маста“ на тој проект допрва ќе му ја вадат: следуваат денови кои политичката класа ќе ги исполни со толкувања, оспорувања, расправии и негирања, со повишен националистички тон, кој ќе треба, по можност, да издржи до вонредните парламентарни избори.

А Законот е потребен и делумно проблематичен, донесен на лош начин, и веројатно го очекува „ремонтот“ на Венецијанската комисија, на Уставниот суд и на дополнителни мериторни собраниски толкувања. Да беа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ навистина заинтересирани да се добијат добри законски решенија, таа задача ќе можеше цивилизирано да се одработи. Впрочем, во тие партии седат „експертите“ за поднесување илјадници амандмани за блокирање на собраниската нормална работа.

Вака, со дискурсот што го наметнуваат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, го ставија СДСМ во временско и политичко „менгеме“ на двојни политички уцени за да можат од неговата политичка штета тие да извлечат некаква корист за себе. Слично како со Законот за територијална поделба, ако памтите…

На крајот, не заборавајте, судирот и за овој несовршен Закон не е (само) деловнички, процедурален или технички, туку е длабоко политички: каква Македонија сакаме, граѓанска или етничка? За тоа, кога нема договор и согласност – а, еве, таа дебата се одвива веќе триесетина години – ќе мора да решава мнозинството во државата и во Собранието. Сегашното мнозинство усвои ваков Закон за јазици.

Сепак, предвидувам дека и овој политички проект, во пошироката јавност, ќе ја доживее судбината на „секое чудо за три дена“. Додуша, деновите ќе бидат три (или тринаесет, сеедно), само што чудото се дуе сè поголемо и поголемо!

 

Tags: Али АхметиВМРО-ДПМНЕДУИзакон за јазициЗоран ЗаевНикола ГруевскиТалат Џафери
Share177TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ