• Latest

Грчки медиуми: Северна Македонија со македонски јазик и македонски идентитет

June 12, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчки медиуми: Северна Македонија со македонски јазик и македонски идентитет

June 12, 2018 14:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија ерга омнес, со македонски јазик и идентитет е она што го содржи договорот што треба да го потпишат Македонија и Грција, според информациите на грчкото радио „247“ и новинарите кои открија детали од решението.

Конкретно, грчките новинари објавија дека во договорот:

– Се отстрануваат наводите во Уставот за „заштита на македонското малцинство“ вон границите и се спроведува соодветниот член што постои во грчкиот Устав за дијаспората.

– Се одредуваат преодни периоди за промена на внатрешните документи и овој сложен процес се поврзува со отворањето поглавјата во пристапните преговори.

– Се формира комисија која ќе ја разгледа употребата на трговските ознаки во двете земји

– Се признава македонски јазик (macedonian language) со забелешка дека Северна Македонија во рамките на договорот признава дека овој јазик е со словенско потекло (како што е заведено во рамките на ОН)

– Во однос на националноста важи терминот Macedonian/citizen of the Republic oф North Macedonia со јасно споменување дека народот на оваа земја не е поврзан со античката грчка цивилизација.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на фазите за имплементација на договорот, голем дел од информациите што ги објавува грчкото радио, веќе беа објавени во изминатиот период во медиумите во Грција, а ги пренесе и МИА, но се слични и со она што вчера го објасни шефот на грчката дипломатија во интервјуто за телевизијата „Контра“, а денеска го спомена и коалициониот партнер во владата Панос Каменос.

Договорот најпрво ќе се ратификува во македонското Собрание, грчката Влада ќе испрати допис до ЕУ и НАТО дека, според радиото, „го поттикнува почетокот на преговори за интеграција на Северна Македонија со ЕУ и интеграција во НАТО, под услов дека ќе се направи уставна ревизија“.

Во врска со состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 25 и 26 јуни во Брисел и НАТО самитот во јули, радиото го објави она што вчера го кажа Коѕијас, дека во ЕУ ќе се испрати позитивна порака за почеток на пристапни преговори, а за Северноатлантската алијанса, Македонија, односно „Северна Македонија ќе добие покана под услов да се направи уставна ревизија“.

Во продолжение, според грчките новинари, премиерот Заев ќе испрати допис до земјите што ја имаат признато Република Македонија под уставното име за да ги извести дека во сила е името Северна Македонија за билатералните односи и меѓународните форуми.

– Во периодот од јули до декември 2018, Владата на Заев ќе треба да одржи референдум и ако исходот е позитивен ќе направи уставна ревизија. Доколку е негативен, како план Б постои веројатноста распишување парламентарни избори со референдумски карактер за скопското прашање, објави радиото „247“.

Кога сите обврски од македонска страна ќе бидат завршени, тогаш договорот ќе дојде на гласање во грчкиот Парламент, а во исто веме ќе се ратификува и членството во НАТО.

Засега нема официјална потврда ниту од грчката, ниту од македонската Влада за тврдењата на грчките медиуми за содржината на договорот.

Деталите од договорот, кој наводно го постигнале премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се објавени во пресрет на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, кој се очекува да се случи попладнево и на кој тие треба да го потврдат договореното.

(МИА)

Tags: Влада на Република МакедонијаГрцијагрчки медиумиДоговорЗоран ЗаевимеМакедонијареферендумрешениеспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ